Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Веројатно си е нормално тоа, и мене истото ми се случува, немај гајле. Мене обично десната нога ми се кочи, кај бедрото, а кога нагло станувам од кревет да не ти кажувам, ко стара баба од половината шо си страда :) Јас пијам магнезиум таблети на Натурал Хелт, ги фалат најдобри биле ама ете ништо не може против мајката природа. Уживај, тие се слатки болки, знак дека бебето добива на тежина и нормално е да станува потешко.
     
    На Rabbit и Agrona им се допаѓа ова.
  2. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    46.214
    Пол:
    Женски
    Фала многу Jeny и јас мислев дека не е нешто многу страшно ама пак да си прашам, кога ќе одам крај на месецов кај матичниот и него ќе го прашам :)
     
  3. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    здраво срцки еве сум 36 недела и почна нагло да ми се качува притисокот 150/90 па 140/90 па 150/100 се чув со гинокологот и ми рече да идам кај општиот доктор да ми препише апчиња некој methyldopa,некој слично искуство д сподели?
     
  4. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Јупииииии конечно :lol: Ајде женска со лесно нека ти е (можеби веќе и се гушкате со бебушка но...)
    Ова од скриената тајна ќе да е или...? :D Се шегувам.Ајде те чекаме во породилни приказни :* :* :*
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Јас пиев Мethyldopa во првата бременост(одамна беше), кога влегов во 9-ти многу ми варираше притисокот, претежно беше висок. Многу сум задоволна од терапијата, за кратко време го изрегулираа притисокот и се беше во ред, потребни се само редовни контроли. Ти препорачувам да го послушаш лекарот и што поскоро да почнеш да ги пиеш, сигурна сум дека и тебе ке ти помогнат. :*
     
  6. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    фала ти идам сеа на лекар да ми ги преписат и мн се исплаасив да ти казам
     
  7. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Со притисокот нема играчки посебно во бременост, среќа што постојат овие таблети, навистина помагаат, нема за што да се секираш ако редовно ги пиеш. Поздрав!
     
  8. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    ништо не ми бесе док не влегов во 36 нед и тоа вечера на контрола кога бев ми измериа и висок ,вечерта дома пак висок сабајле станувам пак,викам чекај да се јавам кај докторката да видам сто е работава,вика не се пласи нрмално е кај некој да се качува земи ги апцинјава и ке биде во ред,никогас не сум имала вакво нечто а и ничто не чуствувам за да имам висок притисок
     
  9. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Соо лесно ајде, олесни сее и гушкај си го бебенецетоо :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  10. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Добро утро ние цела ноќ не спиеме еве веќе два дена имам мали болки во стомакот и половината па и бебчето моје не престана да мрда и денес сум катастрофа :drunk: вчера бев на доктор па тој ми рече дека немам доволно плодова вода па денес треба да одам на болница да видам се надевам дека се во ред ке биди и што побрзо ке си се олеснам залосна се надевам дека веќе се гушкаш со твоето бебе :*
     
  11. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Здраво труднички ;)
    Имам дилема па се надевам некоја ќе ми омогне во решавањето. Јас имам матичен гинеколог на кој и не можам баш да се потпрам, но што е тука е, па затоа имам и гинеколог во приватната болница во која планирам да се породам. Прашањето ми е тие брисевите или контролата во 12-та недела што се прави можам да ги направам на двете места (кај двајцата доктори) или на матичниот треба да му кажам дека ќе ги правам приватно?
    Фала однапред :$
     
  12. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Чупе некои ординации располагаат со тоа ехо некои не. Кај мојот матичен не се правеа скрининзи па ме препраќаше во државна, за брисеви ми земаше ама на Микробиологија ги носев. Приватниве клиники сигурно располагаат со тие машини ама да си имаш во предвид дека е многу поскапо на приватно. Пример првиот скрининг во 12 недела за Даун синдром јас во државна го платив некаде 150 денари додека на приватно слушнав дека коштало по 1500 денари. Твое е да си решиш.
     
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Фала ти многу Jeny, ке прашам прво кај матичниот ;)
    Поздрав
     
  14. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас во 12 недела кога правев Приска 1 (Даунов синдром) т.е прв скрининг правев кај матичната моја во ординација приватно и тогаш ми зеде и брисеви во еден ден кога бев реков ајде и брисеви и приска ќе правиме и платив само 500 денари. Ми рече дека брисевите можам да ги однесам негде на приватно да ми ги испитаат за побрзо за ден-два, но дека ќе ме чини поскапо и рече дека можам и за приската крв да ми земат на друго место каде што има таква апаратура за Даун. што проверуваат и пак поскапо ќе платам. Во државна (микробиологија) ги однесов брисевите и за некое 5-6 дена резултатите ми беа готови и платив само 250 денари така нешто мислам дека беше, исто така, и крв ми зедоа за Даун. во државна и платив само 250 денари со сини картони и фино поминав. Почекав пола саат за крв да ми земат, но убаво поминав со 250 денари. Ако појдев негде на приватно ќе ме опељушеа ич малце 2.000 денари. Се надевам ќе си размислиш убаво, овој преглед мораш да го направиш како и тој во 21 до 24 недела втор скрининг за аномалии. Еве јас денес ќе одам кај мојата матична за вториот скрининг (мислам 4Д ќе да е). Ај ќе видиме па ќе ви пишам како сум поминала. Поздрав ! :hai: :*
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ете ја и Агрона, и она убаво си кажува, државно си е далеку поефтино. Мое мислење е дека за скрининзи не треба да се фрлаат многу пари оти ако не дај боже ти откријат нешто секако те препраќаат на државна. Сум за тоа да се плати на приватно ако сметаш дека животот ти е загрозен и имаш лекар кој ќе ти гарантира за здравјето а се додека е се во ред со нашите бебушки во стомакот нема потреба од претерувања. Кога веќе спомна Агрона за приската, таа се прави заедно со првиот скрининг, обично земање на крв од вена е па и спрема ехото се прават некои испитувања, мерења. Е сега Чупче јас не ти ја спомнав бидејќи не знам колку години имаш, обично ја претпочитаат за задолжителна ако трудницата е над 30 години, ако си млада мамичка ти сама си одлучуваш дали да ја правиш. Таман и јас платив 250 денари, 100 за ехо и 150 за приската беше. Се надевам ти помогнавме ;)
     
    На Agrona и Chupe им се допаѓа ова.
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Девојчиња убави и мамички :D ние денес бевме на втора контрола во ординација Др.Коруноски Мвр кај Доктор Сузе Костоска,доста сум задоволна од докторката се убаво ми објасни се е во ред нормално се развива бебушко растеме веќе сме 9та недела,и крвна слика и мокрача правев сабајле и тоа е се во ред,уште малце одиме во 3 месец немам никаков проблем само ме зачуди што ми кажа дека овој период бил најнежен,и да немам односи да не се напнувам да не кревам тешко итн,ми падна чудно зошто пред 3 недели бев кај Надица Ѓероска и она најнормално ми кажа имај си односи си имаш здрава бременост се е ок,а денес Др Сузе друго што мислите сега ме збунија малце ви благодарам убав ден на сите :D
     
  17. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Добар ден женски како сте ми?
    Ние денес бевме на контрола и на цтг.Бебушка е во ред,плодова вода има и докторката рече дека веќе можам да очекувам секој момент да ме фатат болки.
    После тоа бевме со мм на цтг но по моја желба докторката ме прегледа и вагинално (инсистирав бидејќи имав бело прање па почна да ми станува страв да не е некоја инфекција што можам да ја пренесам на бебето) Значи ме прегледа докторката прво вагинално рече дека се работи за кандида,бидејќи имав и чешање.Ми кажа дека сум отворена 1 прст :rock: и после тоа ми направија и цтг,Тоа покажа дека имам по некоја болка.Сега останува да видиме кога ќе не фатат болките или евентуално да пукне водењакот. :o: :o: :o:
     
    На ddevojce, Agrona, gluvarche и 3 други им се допаѓа ова.
  18. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Тсс ние сме со неколку дена разлика ако не се лажам со три ти беше 24 а јас 21 и јас денес бев на контрола и се беше во ред плодови вода беше доволна бебчето си напредува добро и сега си имам секој ден болки па секој ден очекувам да ме фатат вистинските одвај чекам да си ја видам принцезата ама некако не и се излегува :lol: убо и е кај мама до сега е 3500 а пред една недела и пол беше 3260 брзо си зема килажа поради шеќерот Али нека ми е здрава и жива мојата буцка не е важно инаку кај е Girl miri ни ја нема да пиши иначе секој ден пишуваше :?:
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    Zdravo mamicki! :)
    Denes celo vreme mi tece krv od nos, od sto moze da e?
    Inaku cestitki do site koi se porodile!
     
  20. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Денес ние бевме да го слушнеме срценцето, чукаше како лудо душичка :inlove:
    20мм сме долги и стари 8 недели :)
    Епа сега ми беше пто под бременоста, под плодот гинекологот забележа крв, некое крварење, ми кажа нема потреба да се грижиш, и ми ги продолжи вагиналетките што ми ги препиша и претходниот пат.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.