Здраво мешковци... Јас и цуца денес 24+5 Со синко кога бев бремена нон стоп бев окапана на феминава, а сега се поретко и поретко... Добри сме, утре сме на контролен преглед Имав тежок период, сеуште не можам да се соземам, ама каде е Господ никој не е само тој да не чува. Кога сме кај кафето и јас пијам по едно на ден. Кога помислувам на што ме чека околу породувањето почнува страв и паника да ме фаќа. Имав лошо искуство првиот пат и сега ми се стега срцето Ве поздравувам лејдис, галете мешковци ќе ви фалат ама пак рацете ќе ви бидат полни
Леле мешиња, јас колку се плашам тоа е чудо едно. Значи, денес па посебно, дури паника ме фаќа. Не можам ни да се фокусирам на ништо, немам моментално што да работам, не можам да шетам.... Буквално ми се плаче... Со еден збор полудувамРацете ми се тресат. Не знам зошто ваков страв, кога не поминав толку страшно на првиот пораѓај. И си плачам од страв. На темава освен најпанична трудница ќе ме прогласите и за најлуда
Ама па не паничи толку, и мене ме фаќа паника, и кога вака читам дека е страшно и јас се плашам. Опушти се. Веќе си поминала низ тоа.. Знаеш како е. Јас што се не прочитав тука и добро и лошо, и страшно и не толку страшно.. Сепак сме си подршка едни на други. И Дедо Боже е тука со нас. Ќе ни даде сила на сите. Ако првиот пат си поминала пострашно, не значи дека сега ќе биде исто, може најлесно ќе поминеш. Ајде опушти се
Леле @flower30 да ми беше поблиску ке те тепав Ништо не ти е,оди излези купи си нешто бебешко,пушти музика и напиј се убаво капучино со нозете качени на маса,кажи и на малечката да му пее на мешето и да го гали.... Кога сме кај меше,колку често осеќавте движења,вчера ме растури,5-6 пати во еден ден,денес е мирна.Колку е толеранција за паник левел,не знам шо да очекувам?20 Г.Н иначе.
@Starlič извини, не ми беше намерата да ве исплашам. Погрешно си ме прочитала, напротив поминав добро и брзо на првиот пораѓај. И јас читав и слушав колку тешко поминале некои жени, фала му на Господ, во споредба, добро поминав. Не знам зошто, и јас се чудам зошто толкав страв имам. @dunika ако помогне, слободно мавај Сама сум, моментално не можам никаде да одам, немам што да работамСо еден збор - безделничамА па и времево е така тмурно и депресивно, да полуди човек. За мрдањево, нели јас како експерт, мислам дека сега не е страшно, дека и рано е за броење удари. Во прва бременост некои жени дури и покасно ги осеќаат. И стварно има денови кога мрда помалку. Пробај ако ти е на мисла, напиј се кока кола и благо лапни. Тоа и докторите го препорачуваат за да почне да мрда. Или ко мене, ни донесоа чварки и јас сум си стрвна, лапнав една - бебе се размрда
Епа што паничиш толку. Не ми се извинувај. Не се лутам. Само така кажав. Опушти се. Ајде повелете на кафе. Јас во 13 ќе одам за брисеви да ми земат. Инаку бебе е свртено надоле хаха се спрема да излегува За мрдањето мене е доволно некој да ме погали по меше и да прозбори нешто малечково одма почнува да мрда. Насабајле татко и ќе ме фати за меше вика добро утро ќерко, ќе ме баци и ете ја она одма на рапорт се јавува.
Ако ти е мисла оти не мрда буцни со го стомакот неколку пати и ќе се јави бебчо. Какви броења на движење какви бакрачи
Јас те разбирам потполно, една недела не одев на работа поради настинка, полудев *Едноставно не сум навикната да сум по цел ден дома плус сама. Нетфликс ме спаси се изнагледав серии плус анксиозна сум веќе 10 години скоро, па црни мисли, па дали ќе бидам добра мајка.. Ехееее филмови. Сакам да ти кажам дека е нормално и на сите ни се случува
@Starlič дека пиша покасно си за брисеви, кај ги носиш брисевите? Јас само на Клиника, ама ми спомнаа и во Пролече можело, таму никогаш не сум носела. @Dikinzi абе арно вика Дуника, за ќотек сум јасЗдравје, после ќе "квичам "(што би рекла ќерка ми) за да поседам сама и на раат. А тоа пулсирањето во стомак е уствари икање на бебето, така ли?! Во првата бременост никогаш не осетив такво нешто. Сега последниве 2 месеци често осеќам и интересно ми е @Scorpio87
Да, кај мене стално икаше малата, па и од кога се роди. А еве и второво почнувам више да го сеќавам по неколку пати.
Женско @flower30 за ќотек си жено Јас плачам да можам дома да си седам и да си читам за бебуш, да безделничам и да не мислам на дете, ручеци, чистење и се’ друго. Пушти некоја серија, земи си добра книга, читај си за бебуш, потсетувај си се што и како кога се мали... Ех, камо да можев и јас. Едвај чекам 30-та недела, од тогаш одам на боледување, па одмор и после породилно А тек да одеше на работа, да видиш тогаш како ќе кукаше Смири се и опушти се, уште малку остана
Јас во 20 недела не го ни осеќав асално, а не па да бројам удари.. Инаку тоа броење во трет триместар го практикуваат како што сум читала, ма да не знам зошто, кога само паника плус ствара.
По закон е минимум 45, максимум 28 пред термин. Мада не знам кој го почитува правилово во однос на максималната дата. Јас планирам 10 дена пред термин да го отворам.
И моиве денес некако се поспани, битно ги осетив некој пат и не се замарам, нека си спијат, еве и јас пак ќе си прилегнам А ти @flower30 стварно за ќотек плачеш , па седи бе жено рает, уживај, се си е во ред.... јас еве скоро два месеци сум на боледување и по цел ден сум сама дома, сопругот во пет доаѓа од работа, значи буквално правам што сакам, си спремам некои здрави оброци, гледам филмови, читам, се туширам секој ден по 2/3 пати , меше си мачкам по неколку пати на ден со масло, па си читам тука на форумов, па инстаграм.... абе уживанции, верувај ни работа ни ништо не ми фали, само бебиве да ми приседат во мешко, бар до Нова Година инаку не дека немам стравови и мисли и јас, ама се трудам максимално да ги игнорирам
Јас лани дека и патолошка бев и мислам точно е или 45 или 15,за еден ден ми згреши и тоа комисијата и се породив пари од боледување и породилно неможев да земам .После 3 месеци откако се породив некакосе среди работата од тоа што се ажурни и брзи.
Ах не,не мислев за броење,таман работа уште сега да бројам,ке се мрднам.Мислев само дали е Ок да има денови кога ете не го осеќам,знам иначе дека во принцип нон стоп спијат внатре.