Од општ лекар не можеш да земеш 2 недели боледување.. тогаш се оди со специјалист .. додека пак од матичен гинеколог добиваш 2 недели без потреба да одиш на специјалист и комисија.. тоа ти е обично боледување кое може да ти го даде гинекологот..
Веќе не можам од гинеколог да земам боледување, 35 недела ќе бидам и по некое нивно правило не даваат боледување. Бидејќи е време да се отвори породилно. И од таа причина не даваат боледување.
Е сега нешто ми текна ќе ја прашам матичната дали може една недела да земам боледување, па да направам еден ден пауза па уште една недела. Ова за обичната матична да прашам. Може така ќе искористам уште една недела.
@Sexybaby86 @lejlla знам дека не треба, ама посилно е од мене. И јас имам анксиозност, имам преголем страв од претходни неколку случки. Имам и книга за читање и серии да гледам, ама паметот не ми е тука. Ама ете станав, малку поработив. И да, не е добро и на работа, ама и седењето дома убива. Посебно што цела бременост со некои нервози, па 3 месеци строго мирување..... Ама ете, ќе помине. Мене овој дел ми беше и е психички тежок. И некако бременоста дојде изненадувачки и не бев психички спремна. Ама едвај чекам да се "запознаам" со ова мало душиче што го носам во мене. Се надевам, ќе биде подобро.
Ќе биде подобро цветче, јас одам на два три месеци на разговор со психијатар. Битно е да не се обвинуваш сама за таа ситуација, никој не сака да се осеќа така, но некогаш е посилно од нас. Има подобри и полоши денови. Битно е да ја прифатиш ситуацијата и да пронајдеш некоја активност што ќе ти е stress relief.
Фала ти милаЕ јас овие неколку месеци доста често се обвинував и самата себе, прво што сум таков карактер, а после мислејќи дека за дел од ова сум јас крива. Па и грижата на совест што заради моите стравови, нервози го вознемирувам бебето.. И се така во круг. Искрено, не бев во состојба да појдам на психијатар/психолог што од финансиски аспект, што од немање време. Тоа ми е најголемата грешка. Само се надевам дека малку од малку ќе научам да се справувам со стравовите
Ако може некој совет и мислење, нема да биде на одмет, зашто веќе паника ме фаќа 17+6 сум. Пред отприлика 3 недели почнав да ги осеќам бебињата во стомак, оние нежни движења, како чешкање одвнатре Траеше неколку дена така поинтензивно, последниве две недели многу ретко ги осеќам. Баш во тој период многу ме болеше кичмата, дури ни 15 минути не можев да седам, одма осеќав дека го стискам стомакот. Сега можам со саати без проблем да седам Патот од станица до дома ми е по една угорница, до пред некој ден душа ми излегуваше кога се враќав од работа, денес не се ни задишав, како да не сум бремена дури Некако лесно се движам, можам да се наведнам без да ме боли (инаку не можев дека ме болеше). Од пред некое време почна да ми се врти по малку некоја безвезе мисла во глава, ама вчера беше капакот на се. Доживеав страшен стрес на работа и се утепав од плаöење цел ден. Ситуацијата нема да се разреши брзо, ќе потрае некоја недела или месец, и познавајќи се, ќе се јадам одвнатре, знам дека ќе си имам стрес, обично во такви ситуации не можам да се опуштам и да оставам така. Знам дека не смеам сега, ама посилно е од мене. Скрининг имам закажано за во понеделник, ама не знам како ќе издржам до тогаш Има ли некој простор за грижа? Најмногу ми е заради тоа што некако многу полесни ми се движењата и многу помалку напор ми треба, а нели обично како поминува времето се потешко станува. И движењава ме загрижуваат, близнаци се, нели во принцип помалку место имаат, не треба повеќе да ги осеќам? Нели требаше веќе повеќе да ги осеќам до сега? Инаку стомакот расте Се извинувам на долгиот пост
Жал ми е што не можам да ви проследам едно видео од инстаграм да видите како се движат бебињата. За да ги осеќаме подрастично треба да клоцнат или да се истегнат, а обичните движења им се понежни, а и рачунајте дека се во вода и имаат повеќе отпор при движење и не секогаш можат да се почувствуваат, па дури и кога се две во стомак. Тоа не значи дека не се движат. За енергијата при пешачење или друга активност и јас го имав и се' уште го имам истиот феномен, дури и сега на десет дена пред термин. Некогаш како да немам стомак, некогаш како да сум голтнала планина. Затоа уживај во деновите со енергија, само без претерување, секако.
Има денови кога не се осеќа толку убаво, а пред спиење кога ќе се смириш не осеќаш дека преткаат? Па иди си на гонеколог ако толку ти е мисла, мош нема да те гледаат на ехо туку само со едно како звучниче на стомак ќе ги слушнат срцињата. Јас не сум во мкд, ама претставувам дека имаат такви уреди. Ми изгледа на нешто од постара мода.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=828196427613843&id=140960756337417 Еве, еден смешен текст за мајка со поизразени хормони, ко менеМу го праќам на мм кога ќе не изнервира
Не сум ни јас во Мкд, и овде со тие старовремските кај бабиците се мерат отчукувања на срцето И да пробам да закажам на приватно, нема шанса за неделава да добијам термин. А мојата матична не можам директно да ја добијам, преку апликација само, и одговараат во рок од 3 работни дена Како и да го завртиш, сѐ испаѓа за другата недела. Пред спиење...... уште пред да се смирам заспивам, паѓам во кома. Ќе дочекам некако понеделник Ќе го гњавам мм до тогаш со моите сценарија ко од хорор филмови и ќе гуглам секакви глупости
Денеска бевме на преглед го видовме бебушот наместен е баш како што треба, а беше карлично свртено.. Денеска сме 30+5, но одговара за 33+1 недела.. 2кг и 20гр тежиме.. напредни сме малку главчето било поголемо ама докторот ми рече дека е нормално и дека е во ред сето тоа и со тоа што е напредно.. Ме фака страв со тоа што е напредно, но мислам дека не сум единствена тука да е бебушот понапреден.. вода имаме доволно, плацента и цервикс супер..
@green.eyes нормално е некои денови да осеќаш тешкотии, некои не. Мене ми беше многу потешко во прво тромесечие, како камен да ми тежеше во матката и секое движење ми беше тешко и мачно. Од 15-та недела наваму мислам дека летам Пешачам многу, скали еден куп искачувам дома и на работа по стопати и ништо не ме боли, ни па ми е тешко, освен возењето во кола (делумно и заради појасот, ме нервира ). За мрдањето, уште се малечки, ако се две. Уште немаш сигурно удари, туку голицкање. Си мрдаат тие и си пливкаат внатре, ама не се осеќа многу пошто се малечки. Стомакот расте, значи и тие растат - тоа е најбитно. Легни на грб, касни благо и напиј се кока кола, ќе претнат Не се оптеретувај со движењата, рано е уште да се активни, сега претежно спијат уште по цел ден (и ноќ). За стресот на работа, би ти рекла не се нервирај, ама тоа е совет кој ни сама не би го применила, зошто знам како влијаат стресовите на работа И јас ги имам секојдневно, доаѓам и до солзи некогаш, ама ќе си поплачам во моментот и штом излезам од канцеларија, ги оставам проблемите зад мене (така си викам самата на себе). Ќерка ми ми е лек, кога ќе дојдам дома и ќе ја видам како ме чека желна за играње и гушкање, и’ се посветувам на неа максимално и немам време да мислам на проблемите на работа. Најмногу ме јадат кога ќе си легнам и ми влијаат на сонот, ама тоа е. Се исклучувам колку можам, се трудам. Ако те чека ептен стресен период, размисли да земеш боледување некоја недела, не знам како оди кај што живееш, ама сигурно постои таква опција
Првото тромесечие, поради хормоните не се познавав самата. Само плачев и се расправав за ситници. Најнормално е, не е препорачано, но ете се случува. Не можам да ти кажам не се нервирај и не плачи, зошто јас бев иста без да сакам. Не се грижи и дај си сама „кураж“ дека се ќе биде во ред. Тоа мене ми помогна најмногу, самодовербата и не откажувањето.(и тоа што го прекинав утрогестанот, мислам тоа беше причината за испадите, не јас, јас сум цветче! ) На почетокот и јас го осеќав буци ептен ко мува да ме полази кај папокот и тоа на 2-3 дена. Како што расте движењата се поизразени. Кај мене дури од 30+ наваму се поинтензивни. (не е мој буци ама вака ќе биде )
Не ме сфаќајте погрешно ве молам ама многу ми олесна дека не сум единствена со црни мисли, нервози за 'ништо' и хистерии. Дечко ми ме вика хипо коцка (некоја коцка што се палела одма )., Црни мисли во смисла каква мајка ќе бидам, дали ќе го израснам како што треба, дали сега се грижам доволно за исхрана и бла бла... Доста сум посмирена од првите недели, иначе нонстоп се карав, па почнувам да плачам, па после плачам зашто го стресирам сонцето во мене итн итн. Па ќе си кажам ајде бре како порано на нива работеле, таму ѓи раѓале и чувале, па си викам чекај во различно време живееме... Фууууу И така, ќе дојде вечер и ќе се видам со другарка, сестра и заборавам на се Од наредно сабајле all over again. Мислам дека е се од досада ама и карактер. Оди сестра ми изнервирај ја за нешто, до 100 ќе живее.
Здраво женски. Колку ќе изнедува порпдилното од јануари натаму ако го имаш отоворено, и со новото покачување на минималната плата. Дали сте информирани и дали за сите е исто без разлика за која фирма работиш?