Надоместокот за породилно нема врска со минималната плата, освен ако на некој начин твојата плата е врзана со минималната. Износот што ќе го добиваш е просекот од последните 6 месеци на твојата основна плата (онаа на која се лепат сите други надоместоци и одбитоци за да се добие нето платата која ја земаш).
Мајка немој да се секираш, истото и мене ми се случуваше тие недели, некогаш ќе ги осеќав некогаш не... еве и сеуште е така, сега сум 27+, денес баш од сабајле абе никаде ги немаше исто и за енергијата и леснотијата, некои денови ми е полесно, некои претешко.... така да за тоа ич не му ја мисли, недај боже ако не е нешто во ред други симптоми ќе има....знам како ти е, потполно те разборам, сум ги имала истите мисли но благодарение на форумов и на мами што ми пишувале верувај многу полесно сум го пребродувала тоа... и едно да знаеш, бременосто со еден и бременост со повеќе плодови не е исто, штета што не има многу малку на темава бремени со близнаци, повеќето мами со кои што пишував веќе си ги гушкаат бебенцата
Ваљда ако имаш 6 од нив просек ти вадат. Инаку да си бил пријавен 6 месеци само, а вадат просек од 12 ќе испадне пола плата да земаш, тоа ми нема логика
Се дели со 12. Доколку нема промена на плата си ја зема цела нормално нели пример собираш 12 месеци по 12.000 ден плата е 144.000 ден делиш со 12 е 12.000ден Но доколку 6 месеци си земал 12.000ден па се покачила пример на 35.000ден просекот е 23.500 ден.
Јас тоа сфаќам, ама пример нели има пријавени што се само на 6 месеци, па и да е исклучиво за породилно. Земале ете 12000, вкупно 72000. Тоа ако се подели како што викате со 12 испаѓа да земаат само по 6000.. Не знам како е точно, јас имам цела година стаж, секако мене со 12 ќе ми делат.
Па ке земаат половина,тоа е исто како ти да си ја покачиш платата следните 6 месеци и да очекуваш да ти го исплатат износот на повисоката плата. Затоа постои тој просек што се дели со 12. И затоа на тие што немаат измени во плата без разлика плус минус земаат 100% од платата додека се на породилно.
Сега јас сум осигурана на 14 000. Со стимулации стигам до 18 000, 16 000, 20 000ден. Зависи колку има работа месецот. Ова значи дека и стимулацијата влегува во пресметката? Јас мислев само на колку што сме осигурани. И доколку отворам паталошка ќе земам 70 проценти од платата т.е од тие 14 000 ден или како?
Независно од патолошката, се пресметува на основицата. Пример, земаш 10.000 одиш на патолошка земаш 7000. Породилно ќе земаш пак 10.000. @Happyinlove со 12 се дели кај тие со стаж од 12+ месеци.