Тотално разочарана од КидсшопМк, нарачав огради, со перница и чаршав, оградите се со потемна боја накај плаво маваат, а перницата и чаршавот со бела како што сакав. Им пишав, и слика им пратив, па и наудрени се прават. Им реков да ми дадат адреса да си ѓи поправат.
Не бе мила дека не смее. Се можеш да јадеш ама умерено. Во врска со млеко и јогурт. Една чаша млеко или јогурт или кисело млеко содржи 12 гр. јаглени хидрати. Тоа е исто што и 1 лебна единица. Кога си на диета по лебни едници треба да си ги распоредиш оброците за да земаш умерена доза јаглени хидрати, масти, протеини и влакна со секој оброк, за да немаш скокање во шеќерот после оброк. е сега според еднокринологија се препорачува 20-40 гр јаглени хидрати за главен оброк 15 гр за ужинки Општо кажано можеш јогурт или млеко но да го ограничиш до 1 чаша на оброк. Пак ќе кажам ова е ако те диагностицираат со скриен шеќер и со консултација со ендокринолог. И јас си пијам јогурт, но ако имам јогурт во оброкот намалувам на друг јаглен хидрат и зголемувам на протеин (месо, кашкавал, сирење и сл.) И тоа го делам јогуртот на пример за доручек 1/2 чашка јогурт растварам со вода за да стигнам до 1 цела чаша. Остатокот го пијам со ручек исто со вода. И пак ќе кажам ова е индивидуално и функционира за мојот организам, може твојот организам толерира млеко и јогурт и ти создава доволно инсулин после исхрана да се бори со шеќерот. Кај мене не е така па внимавам. И пак ќе кажам може се да се јаде, само во умерени количини*.
Фала ви на сите за поддршката Проблемот не е воопшто минорен за да го игнорирам или да не ми влијае. Тие таквите ги имам секојдневно и ме нервираат во моментот ама ќе се испцујам така сочно на македонски па ми поминува. Посебно дома кога ќе стигнам кога ќе ги видам тие очиња најмили кај син ми заборавам дека воопшто и сум била на работа, тие рачиња што гушкаат најсилно и најубаво на цел свет ми го даваат целиот мир и смиреност. Арно ама сега ми се врши страшна неправда, се осмелија да ме отпуштат заради укинување на работното место, а уствари ме прават будала во здрав мозок. Веќе имаат направено 3 кардинални грешки од старт (т.е. прекршувања на закон и колективен договор), ако не постапат по барањата на синдикатот дебело ќе го јадат. Извинете за негативата, ама ова е најлошото нешто што ми се случило во животот досега на професионален план, уште не можам да си дојдам при себе. Толку беше од енергичноста за вчера, денес пак душа ќе ми излезеше на угорницата
Оф леле Законот сигурно те заштитува и таму, сигурна сум дека ќе истераш правда на крај. Поентата е што додека се случи тоа, ќе бидат стресови и нервози, јасно ми е. Не знам што да те советувам, освен да препуштиш се’ во Божји раце, и да бидеш со ставот дека правдата секогаш победува на крај. Во земја како твојата, сигурна сум дека не може да си играат и да постапуваат противзаконски. Ти посакувам што побрза, полесна и во твоја полза завршница на случајов. Во меѓувреме, држи се за двете срценца и труди се да бидеш што посмирена. Те гушкам
Здраво бременки, има ли некоја која ја боли колк во бременост и дали е тоа нормално? И уште нешто да прашам, дали смееме да пиеме соино млеко? Благодарам
Мене Лев ! И со првата бременост и со втората, болката се јавува кога седам не правилно и подолго време во таа позиција , или пак кога лежам на земја, и кога треба да станам е најболно.
и јас планирав да нарачам од оваа страна ама некако ме разочара, е сега се мислам и за страната Машнички за деца https://www.facebook.com/masnicki.zadeca/photos/a.532999470190922/1398070823683778/?type=3&theater па се надевам дека ќе ми стигнаат како на сликата
Мислам дека немаш простор за грижа. Јас пример го осетив во 16та недела ,потоа една недела ништо. Па пак почна се дури не се пораснати повеќе нема да ги осеќаш нонстоп. За работата жал ми е Ама верувај карма има. Гледај да редуцираш биди со синчето и пробај да си попозитивна . Те гушкам
Незнам дали више станав параноична или стварно се нешто ми е Пред малку во движење како да ме пресече долу во стомак и одма ми помина, сега малку ко срамната коска да ме наболува. И се случило нешто слично на друга? Инаку од утре сум полна 27 недела
Им пишав , се разбравме , ставиле темен сунѓер и затоа испаднало таква боја. Ќе ми испратат нови со бел сунѓер, а јас овие пак назад ќе им ги вратам. Коректни беа, а и материјалот е многу убав. Џабе ѓи кудев
Izvini za latinica; cela bremenost pijam samo soino i ostanati rastitelni mleka, slobodno pij si. Kolkovite lichno ne me bolat ama znam nekolku mamichki so ovoj problem osobeno vo treto tromesechie.
Другарка моја имаше нарачано од трифантино, многу беа убаво изработени и убав материјал, нарачав и јас само што за месец ќе стигнат, па кога ќе стигнат ќе споделам како сум задоволна
Да мене особено кога спијам на една страна па ќе се свртам на друга ама сега помалку откако почнав да пијам магцитра, претходно пиев магнезиум од синерџи и не ми помагаше.
Јас кога одам, кога станувам ме закачува коската страшно...ама како што гледам повеќе сме така значи нормално е...
И мене, и тоа ако легнам лошо ми треба пола саат да се оправам. Ми се укочува цел лев кук. Прашав матичната рече дека од тежината на стомакот болело.
Мене ми се случувало цела лева нога да ми се укочи да не можам да се мрднам ама докторката рече нормално било од тежината
Пиете ли чај од камилица? јас скоро секој ден си пијам, а нз дали смеам или не, мислам дека негде прочитав може да се пие.
До која недела пиевте аспирин од 100,јас од пред трансферот ги пијам и сега ми рекоа уште една недела и да ги прекунам,нели треба до крај да ги пијам?
Јас сум 31 недела од утре и сеуште си ги пијам ми ги дадоа за циркулација некаде во 20та и некоја недела...