До 14та,заклучно со прво тромесечие,а ги почнав со терапијата после пункција. @Veki4kaa смееш камилица,само мешај си,не предолго и секогаш само една билка.Биди претпазлива со зелен/црн чај ако пиеш,содржат доста кофеин.
И јас од почеток на трансфер ги пиев, се до 32 недела. Така ми кажа др кај што го правев ивф. Димерите ги испитував неколку пати, секогаш беа во ред. Најарно да се консултираш со докторот
Женички, последно имав циклус на 13 ти Октомври.Еве веќе 32 дена но јас немам менструација. Очекувам да сум бремена, но немам направено тест. Ќе правам деновиве. Но дали е нормално остри болки во матка и јајници дури и при мирување, болки во кичма, тахикардија, вртоглавици, грчеви. Ме загрижува дали болките во матка и јајник што се остри и едвај издржливи се показател на вонматерична бременост? Инаку немам никакво крварење. Не е баш прашањево за тука, но загрижена сум премногу, а тука сте најактивни. Ви благодарам
Освен тахикардија од прилика тие симптоми ги имав за бременост. Е сега вонматерична... Зашто идеш толку екстремно? Ако имаш некоја историја те разбирам ама ако не, смири се и сабајле да се пофалиш овде со 2 црти
А зошто не отидеш или на гинеколог или бар направи тест. Не трпи болка, во смисол иако има бременост, може ќе треба и некоја прогестеронска терапија. Бар ќе знаеш каква е ситуацијата. Ти посакувам да е се добро и да ни се придружиш овде за брзо
Ајде ве молам за совет. Како се користат. Јас го прочитав упатството и синоќе ставив една таблета. Ама незнаев колку длабоко треба. И денес цел ден имам исцедок, всушност не е исцедокот туку самата таблета што се топела. Бело е и густо како кисело млеко, веднаш се скоравува, затоа знам дека е таблетата. Да пробам ли подлабоко или не. И дали ова значи дека имам кандида? Докторот не го разбрав баш, знам дека рече поради зголемениот секрет ќе ги користиш.
Овие се за кандида, друга верзија на канестен. Таблетата мора да излезе, нема кај да оди ама ти најубаво осеќаш колку длабоко да го ставиш апликаторот.. Јас кога ги користев може околу половина го ставав внатре, нешто помалку евентуално
Ај јас да си прашам веќе дали некоја имала остра болка во само една града? Значи не оние болки како натежнати и потечени гради туку болка јака од никаде што трае 15 секунди? 15+2 сум.
Мислам тој е единствен начин, но мене искрено не ми беше гадно.... и незнам зошто мора сите да го правиме а немаме никакви индикации за тоа, значи како прво еве лично мене стрес ми предизвика, малтретирање, три часа ми се собра се на се во лабараторија, плус трошок.....
Добра вечер на сите, да ве видам шо си правете, ептен сум кнап со време натаму наваму, воопшто не мирувам, баш му велев на маж ми бебето рајо ќе излезе, нема да чека како седтричката десет дена над термин. Инску да ве прашам тие шо сме блиску со термините во 29 недела какви болки и тегоби осеќате?? Пишев и порано дека срамна коска ме ќине од болка кога ќе легнам и потоа станам, а и онака преку ден ме боли едвај одам. Исто почна од вчера доле под бутовите да ме боли, цел тој дел го осеќам гнил и мек, неможам дури на газ да си седнам. Утре сум на контрола едвај чекам да одам. Инаку место за јога нема се е полно, така да здравје нека има. @KiwiFruit како издржа толку време без да си направиш тест?
Па искрено со обврски, под стрес ми е периодов цело време.Реков ќе почекам, па на раат ќе направам тест.Инаку и јас незнам како издржав, искрено умот само таму ми е... Со лесно нека ти е мила, гушки до тебе и бебо