Ете јас сум 30та и истите болки си ги имам какп да ме пече дури некогаш коската.... Па колковите како да имам реума или кузнае што па неможам да лежам без перница мегу нозе..... А да не спомнувам дека без таа трудничката перноца неможам да врзам повеке од 2 саати сон..... А со неа се е подобро
Женски дали има некој вакво искуство една недела после примање две инекции за зреење на белите дробови бебињата не се пораснати ни по 100гр. Дали е можно да е од инекциите? Докторката вчера на прегледот рече дека е се во ред ама за ова не ја прашав
Темава за жалби пред да останам бремена кога ќе добиев имав страшни менструални болки и си викав леле што убаво кога ќе забременам барем тоа нема да ме исмачува... ама не било така, се нешто си боли, секој ден нешто ново и различно, но не се жалам се ќе издржам само се да е во ред.... а кога сме кај менструалните болки си ги имам жени јас од време на време, пред месец дена ги имав, бев на лекат се беше во ред, пред неколку дека пак ги имав, се беше во ред, еве сношти и синоќа пак си ги имав сите ми викаат како сакаш ти, бремена си со близнаци.... незнам стварно дали тоа е причината за болкиве, знам дека сега многу повеќе креваат на килажа, се гледа и по стомакот, сите мислат дека сум пред раѓање а јас сирита само што влегов во 7ми месец
Добро утро, Се враќам од преглед. Јас што среќа имам, никако од овие поискусните доктори да ме прегледа. Влегувам во соба бр. 36, давам упат и гледам студенти и една млада докторка. И викам "ама јас кај др. Иво Ќаев сум на преглед". Се насмеаја и сестрата и докторката онака ко "you wish" и викат влези и легни за ехо. Ме прегледа, ми го кажа истото што и другата докторка, па за 1 недела на контрола. И ми вика, знаеш дека треба да го броиш до 10 движења во ден. Викам да. Таа претходната од кај ги извади 20 движења не знам, ко виша математика испаднаа. Друго, ја слушам докторката (а истото кажа и онаа другата што ме преплаши тогаш), вика на ова ехо не се гледа убаво.... И друго објаснуваше на студентите. Па си викам, па добро бре мајката, како така идат трудници, овие ем специјализанти (или доктори со искуство, нема врска) и прегледуваат ко на тепка. Не се гледа убаво, па после ги плашат трудниците. Или не дај боже да не видат нешто па да е друго. Страшна работа ни е здравството. Само Господ да не чува и нас и бебенцата. И да биде се добро. Одам сега да одмарам оти од страв од вчера навака ме боли главата, ќе ми пукне
Миличка знаеш зошто не се гледа добро на тоа ехо во соба 36? Затоа што ехото им е катастрофа, не е добро, затоа, не дека има проблем кај тебе, знам дека минатиот пат те извадија од памет и те пратија да те гледаат на друго ехо.... јас минатата недела бев таму за боледувањето и докторката едвај ме прегледа, два пати го приклучуваше и исклучуваше и кажа дека ехото не им работи како што треба, тоа е.... а на тоа ехо прават скрининзи
Леле мами ме плашите со муабетиве за ГАК, јас планирав во Чаир да се пораѓам, ама се предомислив како на божемски за ГАК.. А сега треба да закажувам прво Цтг утре, нема веќе време за мислење. И дали одите од 36+ или 35+ на прво цтг? Мене повеќе ми одговара од 36+, таман тогаш веќе одморот ќе го земам наеднаш, вака не ми се отсуствува веќе од работа, ден по ден одморот си го потрошив на прегледи цела бременост
@lejlla точно така. Толку пари се потрошија во државава, едно асално ехо не можат да купат. А што викаш и најбитните прегледи(скрининзи) ги прават таму. Како прегледуваат, не знам. Страшна работа. @Cherry333 јас од првата бременост сум задоволна од Гак. Овојпат, не знам. Се специјализанти, докторите што се пишани на врата никаде ги нема. Не дека е лошо, и овие може се стручни. Иди си од 36+ на цтг и ехо, оти претходно цтг нема да ти прават ако немаш болки. И јас сум 36+ па ни сега цтг не ми направија. Нешто вчера матичната ми спомна дека и од покасно (37-38 недела) почнале да закажуваат прво цтг. Дека многу гужва имало. Колку е вистина не знам. Сега кога ќе идеш, ќе те видат на ехо, ако е се ок ќе ти кажат за 1 или 2 недели на контрола. Ако имаш болки, пукне водењак или послабо го осеќаш бебето да идеш и порано
Да, нормално дека ќе одам ако има нешто. Ама на ехо бев минатата недела, па ако немам потреба нема да одам, значи џабе ќе чекам само ако не прават цтг. Инаку и јас бев на прв скрининг таму, поима немам која беше таа што ме гледаше, дефинитнивно не докторката што ја пишуваше на печатот од извештајот, многу и млада ми се виде.. Господ нека ни е на помош, што да кажам
4 пати откако лежам матичниот ме праќаше На ГАК и од нив само еднаш се погоди доктор и тоа Јосиф Ѓ (заборавив презиме целосно) Се некои специјализанти,стиденти што знам друго ме прегледуваат и што е најтрагично на извештајот печат и потпис од докторот што требало да ме прегледа.
Денес ми правеа тримесечен шеќер и докторката ми рече да правам и скриен. Тоа течноста е најгадното нешто што постои Тромесечниот ми бил добар, утре другите резултатите ќе стигнат па ќе видиме. Дефинитивно не очекував да седам таму 3 саати, ептен напорно ми дојде. Па сеа и на работа сум
@Cherry333 да, па затоа ти викам. Па и штом си била на ехо сега скоро, земи си упат за после 36та. @kristii прочитав Јосиф Ѓорески, ама не сум го виделаКо духови се докторите. Исто и мене, пред 3-4 недели кога бев ме прегледуваше едно младо девојче и дојде една докторка и девојчето и се обрати со др. Златеска. Ама она не ме ни виде. После на извештајот стоеше нејзиното име.
Јас земав Персил Сензитив(течен). Го има во ДМ, мислам околу 270ден го земав. Тој го користев за ќерка ми и многу нежен мирис има. Омекнувач не користев
Zdravo mamicki imam problem so izretcena krv potocno so krvnite zrnca ne so zelezoto 6ti mesec sum bremena ne znam veke sto da pravam kako da ja zajaknam... Mislenje?
Ќе се убијам... Дефинитивно сум човек што кога нешто сам на себе ќе си каже, и никогаш нема тоа да го исполни... Сега одлучив да не земам боледување, да одам уште овие две недели на работа. Сабајле со маж ми се договорив да правам гравче за ручек, прееска му текна, ајде супа прави не грав, сега ми се јавува вика ајде ти да направиш мекици, нема да е лошо. Викам кој е тука труден, јас или ти, и се скаравме. Уморна сум се ме боли, и стварно не ми се меси сега. И обично кога сама одлучувам да месам нешто, и со ќеиф, најубаво ми изгледа. А кога некој ќе ми каже ајде меси, ич не ми излегува убаво. Ма да и на мене ми се јадат мекици сега, ама нема.. Сакав денес да почнам да перам на малечкото алиштенца, ама надвор воздухот хаос, а не ми се сушат внатре, поубаво е кога ветре ќе ги фати.. И така