Батали месење, почни си со перење. Тоа ќе ти направи поголемо задоволство. Јас се си сушам во дневна со прозор на кип.
Колку ти се црвените крвни зрнца? И мене нешто слично, железото ми е добро, ама овие зрнцава се пониски. Мислам дека и гинеколог не обрнува толку внимание на нив, колку на железо и хемоглобин. Тие црвените секако се пониски, а белите малку повисоки. Бар кај мене е така. А тоа се случува дека се зголемува волуменит на крвта, ама не и крвните елементи и затоа остануваат поретки. Не е толку страшно, претпоставувам. Нареден преглед баш ќе прашам, да видам мислење од доктор. Поздрав
@Starlič и ја ќе ти препорачам по малку да почнеш да си переш и ако имаш слободна соба, со прозор на кипање да сушиш. Воздухот нема да се исчисти, полошо ќе биде. А ако добро паметам и дека сте овде сами, среди си се за бебче, после да не ти дојде многу. Дека па и на работа ќе одиш. И да, почни да переш и да видиш какво чувство ќе имаш кога ќе переш со бебешки прашок Јас заборавив,дека поголемка е ќерка ми и сега кога перев алиштенцата, имав чувство ко оние на рекламитеЕм убаво чувство на душата, ем мирисот опоен
Само во ДМ го има? И јас сакам да земам некој течен,се мислев за бекутан сма некако не ми остави впечаток го користев за првите алишта на малата
Не, го има и во Зур Маркет. И вчера го видов во Стокомак, таму мислам 250ден беше(најефтин е таму). Мене ми е многу нежен. Јас па општо за Бекутан производите читав (не дека разбрав многу) содржеле некоја лоша состојка и не користам ништо од Бекутан.
Хаха трај, замисли и до Сити Мол бев пред некој ден Дома кога седам мислам цело време, па ме фаќа страв и затоа навечер по малку шетам. Ќерка ми дека навикната 3 месеци не искачав никаде и завчера ми вика "мамо за каде се облече". И викам ќе одиме заедно во Сити Мол. Вика "ааа ако те боли мешето, лежи си, ќе одам јас со тато"   )па мора и тоа да го сменам
Јас сум 30та недела и не можам повеќе да спијам, се будам скоро секој час, тешко ми е за станување, имам тахикардија навечер...
Душа мила, се грижи и таа за тебе подобро е да излезеш малку, ќе смениш мисли... секако доколку си во можност да излегуваш
Ах девојки кај вас барем има ехо , мене кога ме задржаа на болница ехото ме работеше , тоа е срамота 21 век гинекологија без ехо , ужас , но силни сме ние мами се ке издржиме за нашите најмили
@lejlla веќе смеам да шетам. Е сега колку малку можам да издржам тоа е друго, ама тераме @Milicka* греота е да немаат ни они основни услови за работа, а и за нас што зависиме од нив. Затоа толку луѓе одат на пораѓај по приватниве клиники. Останатите ќе се молиме на Господ
А како знаете дека се специјализанти на ГАК? Имам другарка, докторка на ГАК, да ја видиш девојченце, а има 10+ год стаж.
Си ја видов бебка, машала за 25 недела одговара, а јас денес 24 полна. 800 гр е, тртла Туку ќе треба скриен шеќер да правам, чисто заради сигурност ми рече др убаво е да направам. За првото не правев, упат од матичната треба да земам или како? На приватно да не е само? И да се надоврзам за прашак, и јас сметам дека Персил Сензитив дефинитивно е најдобар за бебе. Го користам од старт (кратко користев Бекутан, ама не ми се допадна) и еве сеуште го користам за малата. Сега и плус омекнувач Чико бел, ама поголема е. За бебе само прашак првите месеци
Ај и јас да си се пожалам Деновиве имам некои проблеми со една документација поради моја грешка што ја направив (и добро, кога ќе слушаш пропратно и други) и така некако многу сум загрижена. Се трудам да останам смирена, не сакам малово во мене да трпи ама вчера кога увидов и еден дополнителен проблем леле наеднаш како ме облеа грижа и нервоза и ме стегна стомаков онака баш како за веце. Си реков што правам јас, одма покушав да се смирам ама знаете како е, ти го прикриваш а тоа е со тебе секој миг и те јади одвнатре.Знам дека не е убаво така, а пак пред тоа и глупави соништа, тоа чудо едно и знаев дека нешто ќе се случи неубаво. Ама тоа е што е, сега се обидувам да ја поправам грешката, криво ми е што пред одредени особи испаднав немарлива (сето ова ненамерно, а и со самава бременост ,прегледи, резултати,мали болки и страв за истите, се' си се собрало и можеби одреден момент сум пропуштила што требало да направам). Здравје само, продолжувам со добра мисла, позитивно, а особите -нивна работа како ке ме сфатат, тоа е , некогаш човек ќе згреши некаде. И уште ова, од тоа што малку поднастинав деновиве, каков шлајм од синуси ми се слева на грло, па ми застанува и пречи, па треба убав силен напон да направам за да го исфрлам, и тогаш се' ми се накрева во стомаков И се пазам да не се стегам премногу при напорот. Тоа е, ве позз сите и ви посакувам да си имате убаваа, мирна ноќ
Да месиш ? Ја во животот неколку пати имам замесено само Млада домаќинка сум ја Иначе да не звучам не убаво ама..машина за сушење алишта и бомбона ќе си, и време заштедување, и меќи и миризливи алишта
Добро, јас кај мајка ми немав машина за сушење алишта, ама свеки сеа буквално ги суши алиштата скроз па ги става во машина за сушење . Она знам дека ја претерува, ама како е правилно, скроз мокри одат или треба малце да се подзасушени? Бегање од тема увелико, да си прашам ми текна сега
И јас да се јавам за машина за сушење. Купивме пред некој месец сушара, и неа и машината за садови си ги сакам највеќе на свет @Cherry333 од машина за алишта директ во сушара.
Мене ми се една спроти друга, коа завршува едната ..ја отворам и бутам одма во сушарата , за саат време, суви алишта. На некои алишта може да има влажно кај кутелот, пошто ја не ѓи делам алиштата, кај ми е крајот,ставам се наеднаш, пуштам на една програма и за саат време ми ѓи суши, задоволна сум. Свекрвати нема потреба од сушење надвор па во сушара, за што и е тогаш ?
Ти завидувам за машина за садеви..ех мажот ми стално ми вика не ме слушаш, коа го реновиравме станот, ми викаше ајде машина за алишта и садеви да земеме..ја НЕ, јаката женска. После ми дојде јајцето на газот, па машина за сушење купивме пред малата да се роди, и среќа имавме место во ВЦ, ама за садеви немам место