Зошто да се алиштата најсуви на светот, нејзе не и се доволно суви. По недела дена ги суши надвор и пак во сушара одат . Си има нејзини филозофии жената, не смеам да пипам таму. Здравје станот ќе биде
Јас кога седевме кај свекрва ми имав таму ама не ја користев. Исто ко ти, не ми требаама немав садови којзнае колку. Кога се преселивме си почнав да готвам и правам садови ко за во ресторан. И од кога ја купивме секој ден ја пуштам. Спас ми е. Љубов ми е
Девојки ај да прашам каква крема користевте за меше ? Почна да ми пука сега видов не е мн но да фатам со време , и на лице исто гледам ми се лупи кожата , спасувајте , иначе да прашам за движењата јас некогаш осекам горе кон папок а некогаш подолу , кај мене де сеуште слаби како гадичкање е повеке ама валда тоа е тоа хахаха 17+1 сум и не сум 100 % сигурна дека е бебе но што друго може да биде ?
Јас павловичева ставам. Ја мешам некогаш со бадемово масло. Ставам пред спиење, а стомакот ми е мрсен цел следен ден. Мене на задницата ми излегоа страшни стрии, таму не се мачкав. А и не сум здебелена воопшто во периодот кога испукав што е најтрагично
Мачкам со едно масло од Канада и павловичева маст направена со витамини во аптека премрсна е и пак испукав .. немам чешање само си пука, до кожата е.. сепак мачкај се ти ..
Блазе си ти Како вика една другарка..цел ден зимам чисти, ги користам, ја полнам машината, и навечер ја пуштам да ги мие Ех да сум јас така, земи пикни, навечер нека мие, сабајлето се чисто, милина
Не знам како би функционирала без машина за садови Ако имаш сега можност обавезно да си купиш да видиш раат од стоење еден саат над судопер.
Мене лицето од секогаш ми било мрсно, а сега Т зоната ми е сува. Ваљда после пораѓај ќе се вратиме во нормала. Засега ставај си нешто помрсно. Иначе за тело, 2 пати неделно мачкам кокосово масло после туш, а другите денови кога ќе ми текне мачкам павловичева со ад капки или бекутан масло (значи не сум редовна пошто заборавам). Засега на стомак немам ништо ама затоа десната града испука Не ми изгледаат толку зголемени за стрии. Нема правило изгледа.
Сакам да прашам нешто.Дали е нормално за време на бременост да се појават влакна на некои места каде што немало пр.на стомак,на лице.Ме плаши кога ке се видам посебно на лице.Претпоставувам дека е поради хормоните,но дали откако ќе се породам ќе престанат да растат,и што е најдобро за да се отстранат? Депилација на лице не сакам,ради тоа да не се размножуваат. Можеби прашањево не е за тука но сепак има врска со бременоста
Отиди во СинЛаб во Кисела Вода за скриен шеќер да не се малтретираш на државно преку работна недела само закажуваат. 350 денари е и можеш во сабота да одиш (не треба упут).
А матичниве за на клиника даваат упат? Јас мислев за лабораторииве приватни, па сакав да одам денес да земам за Авицена, ко за крвна слика што ми дава.
Во Авицена со упат ако си, треба да се јавиш да закажеш, секој понеделник испитуваат со упати, но може да нема за следниов понеделник слободен термин, најубаво со време да се јавиш да закажеш. И ако си со упат, само две боцнања прават, еднаш пред пиење на течноста и еднаш на крај по 2 часа. Ако сакаш три боцкања, можеш да си доплатиш за второ после еден час од пиење на течноста, мислам околу 100 денари е. Инаку, ако правиш на приватно, може кој сакаш ден да одиш без закажување. Вака беше пред некој месец кога проверував.
Епа за 400 ден подобро на приватно ќе одам, да не тепам пат до кај матичнава, и онака далеку ми е. Фала многу на инфо Оли
И мене ми се појавија на стомак а кај пријатекава и на нозе ми се па изретчени. И да мислам дека е од хормони и после бременост ке се среди