Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Друго ќе зборев, Јорданчо ме забрка... :D

    Мами мене ме фаќаат паники како што се доближувам до 9ти месец. Јас немам ама никакво искуство со новороденче. Како да го бањам, како да спие (на грб или на стомаче) знам дека на стомаче после 3 месеци, ама уште сега ја слушам свеќи како ми вика зошто не го ставиш на стомак, ќе му се деформира главчето се на грб... ;( Страв ме фаќа и кога ќе помислам како ќе го држам на почеток. Единствено што сум самоуверена е дека ќе сум упорна за доење.
    Па се мислев, таа патронажната сестра што доаѓа после пораѓај дома ли ги покажува тие работи, или ти ги покажуваат дур си во болница после пораѓај?
    И уште нешто на сите ли новороденчиња им мерат шеќер после породување. Зошто на буци ќе треба зошто сум со скриен шеќер и на инсулин, па мора да го контролираме 12 часа дека шеќерот му е во ред. Барем така читав прават во Европа/Америка... И така сабајле станав во 4 саатот и око не склопив од ваквите мисли.
     
    На Girl-Rabbit, dunika, bella.gk и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Те молам немој да го редиш да спие на стомак ни после три месеци, а до 3 месеци ни под разно. Бебето се остава да спие на грб цело време. Што повеќе нараснуваат тоа повеќе имаат сила сами да се свртат и не треба да се замараш веќе. Ако има сила да се преврти од грб на стомаче, има сила и обратно. Но тоа потака кога ќе нарасне. Не ја слушај свекрвата, обично они имаат заостанати сфаќања и никој доктор не знае подобро од нив. Има голема причина зошто се ставаат да спијат на грб. Мала сплесканост на главчето поминува сама од себе. Поголема сплесканост не поминува сама од себе но ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не го оштетува мозокот на бепчето, ниту го забавува неговиот развој, абсолутно ништо од тоа, никогаш. А спиење на стомак никако, значи никако никако.
    Патронажната сестра ќе ти објасни, и во болница ќе ти објаснат и се што сакаш ќе си прашаш. За шеќерот не се замарај. Они ќе средат твое е само да ја земаш терапијата и после раѓање тие преземаат. Ќе му направат прегледи и се ќе биде во ред. Твое е само да мислиш како после пораѓањето ќе си го видиш бебуш. И една работа да знаеш. Бебињата не се толку слаби и нежни како што изгледаат. Терминско бебе со добри параметри на раѓање е силно бебе и немој да стравуваш толку.
     
    На betty oh, Girl-Rabbit, LUCI 99 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    18.655
    Еве јас како тазе мама ќе ти кажам некои работи :)
    За бањање од прв ден имав помош од мајка ми, до кај 2 недели после се научивме со мм си го бањаме сами.
    Имаме када со постоље,а внатре пластичен анатомски дел за бебето. На тоа ставаме тетра и го легнуваме, прво од напред го миеме,а потоа мм го крева во раце и го миеме грбчето.
    Сега веќе го исфрливме и тој дел зошто на бебе само ноџињата му беа во вода. Сега ставаме пешкир под глава и цело си пливка.
    За спиење се препорачува да спијат на грб,со главата свртена на страна.
    Може да се става на меше,заради грчеви,за да вежба вратче ама по краток период во текот на денот.
    Верувај за држење дека ќе го фаќаш храбро како цел живот да си имала бебе. Поинаку е со свое бебе,се јавува некој рефлекс за држење,нема страв барем кај мене беше така.

    Во болница нема да ти кажат буквално ништо:D
    Си зборам од искуство,од ГАК.
    Ми го донесоа како кученце после цел ден молење,породена ноќтаво 02:45 ,дури другиот ден во 18часот, ме стисна на града,немаш млеко и толку.
    Па останав во прашалници зошто немам млеко,дали ќе ми дојде,кога,што ќе јаде детево..а тие веќе му давале адаптирано,ни да ме прашаат ни да кажат...па кога е сменет памперс,дали да го покривам пупачето со памперсот...итн.. па мајка природа,си се снаоѓав како знаев..

    Инаку можеш да им кажеш за шеќерот,тоа и пред пораѓај ќе те прашаат кога ти отвараат историја дали си проверувала скриен шеќер,дали имаш некаков проблем.

    За патронажна,потруди се со врски побрзо да дојде,кај мене поради млекото ја побаравме втор ден откако дојдов од болница, другиот ден дојде, ми кажа многу работи околу бебето навистина ми беше од полза, после тоа уште 4-5 пати дојде за да го види папчето.
     
    На Girl-Rabbit, dunika, lavinija28 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Леле ти благодарам, не знаеш колку ми даде утеха со овие зборови. А за покривање? Зимно бебе ќе и и гледам мајки овде купуваат и јорганчиња, ама не знам дали може да го покривам уште мало?
     
  5. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Леле беее 8 месеци храбра бев, сега кога треба да сум најхрабра јас сум паники ;(
    Фала ти мила и тебе
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Верувам дека се ќе биде во ред. Само немој паники да креваш :*
     
    На Girl-Rabbit и ddevojce им се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Со првото ми беше така, покасно се намести, некадр кај 34 недела, ама душа ми извади коа ср местеше...аууу :worried:
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Ни покривање никако. Не смеат да се покриваат ниту да се редат перници околу нив, ниту играчки во креветчето. За зимски бебиња вакво јорганче што се облекува можеш да си купиш.
    Одржувајте ја идеална температурата во собата и се ќе биде во ред. Не знам во што си веруваш некои веруваат дека до 40 дена треба секој ден да го капат бебето, јас не го практикувам тоа и научно нема никаков доказ дека треба да се капи секој ден особено не зимски бебиња кога не е жешко и кога помалку ги ваѓаме надвор.
    И исто така, секогаш е подобро да му е малку ладно, па дури и да настине одколку да ризикуваш со покривање.
    И гледај да не слушаш многу совети од секого пошо многу совети се ужасни, само доктор слушај и читање од на интернет ама исклучиво од проверени страни.

    [​IMG]
     
    Последна измена: 15 ноември 2019
    На Girl-Rabbit, dunika, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    После ќе ти дадам некои совети, одам да ја земам малата од градинка :* Успат ..како се кучињата?
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    No no no :shake:, стварно нема потреба од пеглање на алишта сушени во сушара, ако ги вадиш топли се доисправаат, ако се стуткаат малку од што се меки мене не ми пречи. Како за дезинфекција ако мислиш, исто нема потрева, на многу висока температура се сушат
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Оли, ова многу чекано бебе? :)
    Се топам на вакви прикази за првите прегледи и спомени ми се враќаат. Уживај многу! И со многу среќа до бебе во прегратка
     
    На Milicka*, dunika, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ако си добро информирана за доење, јас би ти рекла си најспремна на свет! Тоа е најважното, а на пример јас се живо прочитав ама доењето мислев е инстинктивно, уф ама се покајав. На меше не се препорачува да спие ноќе и без надзор се до 5 месеци (ова од ортопед).
     
    На Milicka*, Dikinzi и Vanessa9li им се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Многу чекано :nod:
    Ти благодарам многу!
    Се надевам дека сè ќе биде добро и конечно ќе ни се наполнат рацете, дека бебенцево ќе ни ја тргне тишината дома, едвај чекаме да ја пренамени детската соба во негова соба, а не како досега што беше ,,магацин", дека ќе ни го доразубави животот на сите.
    Уште не ми се верува дека пишувам овде, па и си се размрсулавив :lol:
     
    На Grasiela**, betty oh, Ms allways right и 21 други им се допаѓа ова.
  14. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Ова со посилните ударци и јас почнав деновиве да ја осекам и мешето ми врти рингишпил на моменти и се познава душа мајкина :) си викам нормално е почнува да и снемува место
     
    На Ms allways right, Girl-Rabbit, Milicka* и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Здраво жени.
    Дали имала некоја искуство со жолт исцедок во бременоста?
    Јас отсекогаш сум го имала и си продолжи така и во теков на бременоста, а сестрата на преглед кога ја прашав, рече штом докторот откако зел брис не изреагирал во ред е...
    Споделете доколку имате искуства
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Душа мила со лесно :*
     
    На Milicka* и 0ли им се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Таа тишина... :(, точно како што јас си зборував, фала на Бога вториот галамџија го чекам. Се ќе биде, до тука си стигнала, за секунда ќе стигне и втор и трет скрининг и ете го бебе. Само да знаеш, посебно гласни и непослушни се тие чеканите бебиња, знаат какви ѕвезди се раѓаат и користат до максимум (facepalm)
     
    На Milicka*, elenaklasik, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    А каде можам да најдам само завеса со држач, за креветче?:rofl:
     
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам умот да ни го вади :D

    Само со лесно да ни е на сите и да си ги гушнеме :*:
     
    На do-re-mi, Girl-Rabbit, bella.gk и 11 други им се допаѓа ова.
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.902
    Допаѓања:
    142.384
    Здраво мешковци,
    Денес бебето помалку активно, па јас повеќе нервозна. Па се напив кока кола и промрда.

    Инаку за бебе:)
    Ќерка ми се роди во Март, јас ја покривав. И ги вадев рачињата и до меше ја покривав. Фала му на Господ немав проблем, а ни некој доктор не ми рече да не ја покривам. Замотано ќебенце ко фишек и ставав позади грпче преку ден кога спиеше. За пози за спиење си го слушав ортопедот. За бањање се водев по старите и 40 дена ја бањаше свекрва ми (јас, искрено многу се плашев).
    Патронажната дојде после 2-3 дена. Жената поседе само 15 мин. Набрзина прашав што ми текна, ми рече имаш млеко, само еднаш ми кажа како да ја наместам и си отиде. Не видов некоја помош од неа. Во болница истото и мене ми рекоа - немаш млеко и толку. И за жал, без никаква помош, со бебе што кога ќе го допрев на града зајдуваше од плачење и никако не прифаќаше града, со молзење по 1 саат и собирање само на 20мл измолзено млеко, и покрај тоа што пиев таблети некои за доење - не успеав да дојам, за жал.
    Сега, само Господ да не чува и двајцата, некако сум убедена дека ќе имам млеко и ќе дојам. Не сум читала многу за доењето, од она нешто што прочитав ми изгледа тешко навикнувањето и прифаќањето на бебето за доење, ама овојпат си ветив дека мора повеќе да се потрудам.

    И секако ќе има коментари, и од стари и од млади за се околу бебето. На почеток додека се навикнувате може и ќе попуштите пред некои работи, некои работи пак дефинитивно ќе ве нервираат.

    *** Ама мој совет од искуство(оти живци искинав баш заради сите коментари и си го уништив најубавиот период)......
    Не морате да се "борите" против сите!!!!! Гледајте да се водите по бебето, да доите, да ги слушате советите од педијатрите и ортопедите. Најбитно е бебето да јаде и да напредува, исто и вие ко мајки. Да бидете што е можно по смирени и одморени(секако колку се може:)). Користете ја секоја помош за да вие се посветите на бебето. И да треба да прифатите бар еден совет од мајка/свекрва кој нели не штети на бебе и не е толку "страшен" - не е крај на свет!!!!

    Ова е од моја сегашна гледна точка и од мое лично искуство.
    Не мора да значин ека е точно.
    Јас цело време се убедував со старите. Не се карав, за да не ги навредам, ама јас се наполнив нервози.
    Сега, веројатно сфатија сите, низ муабет сите викаат - вие како сакате и кажете. Иако, ќе видиме како ќе биде:D
     
    На crazylady, Girl-Rabbit, Milicka* и 11 други им се допаѓа ова.