Душо мила, за да гледаш дете прво трева да имаш смирен ум, да не слушаш бабини деветини, да не те дотакнува друго мислење , и се што не ти е јасно да се обратиш на педијатар кој што ќему биде на твоето дете ! Прво, информирај се за доењето ! Нека ти биде на денешно мени за читање и гледање видеа , како да го наместиш. Ма пример, треба со главчето негово, да е паралелно со градата твоја. Кога ќе му даваш да цица, ќе ја стиснеш брадавицата со кругот околу неа ( заборавив како се вика) и ќе му буткаш во уста, тоа е мало првите денови не знае да фане само,после ќе се усовршите. Додека да фане ќе го штипкаш по ноже раче и ќе отвори уста, тогаш буткај цице. Може ќе се мачиш саат време, може за 5 мин ќе сфатите како треба ама ќе биде ! Ќе ги молиш сестрите у болница, че им досаѓаш за да ти кажат ! И гледај ги они шо прават за да го нанестат бебето, тука е клучот ! Млеко иде за 2-3 дена се приридно, царски иде покасно. Затоа орво цице, па дохрана оти ќе е гладно. На оример цица и заспива, ј се буди на 5 мин збачи е гладно, го раниш со млеко. Наредно доење, орво пак цице писле ако не плаче супер, ако плаче млеко. Сето ова за 3 дена ид раѓање треба да се среди, да дојде мкеко, и само да цица. За бањање, коритце, со мрежа или што и да е. Прво меше и глава, после грбче. Има видеа и за воана нет. Папуче се чисти со етанол и бивацин прашок. Пелени на 3 саати или 4 менување. Новороденчињата до месец дена спијат многу ! Цело време! Навечер спијте во темница, сабајле што станете одма светло, да знае и да учи на ред. Вода, лимон и чај оти икало нема потреба. Да спие навечер на грб, и со вреќица. А преку ден кога е будно, уште домакога ќе си дојдете ставај го на меше по 5мин на ден, доста е толку. Тоа се вежби за врат. Ако се плашиш дали може даму се искриви главчето ид спиење ба грб, во ораво си, ама тоа се менува до годината. Или за дане се плашиш, има перници со дупка во Локо Кроко, да спие на неа, и дане му се сплеска .
Со тој прашок перев за ќерка ми исто и наши руби перев. Презадоволна и сите флеки ги вади и од бебе и од возрасни. Плус си купив гаќи за една употреба за првите денови. Супер растегливи и меки и пријатни.Се јавив во клиника да прашам што се имаат таму, се за родилки и за бебиња, па не треба многу од дома да спремам. Исто имат мрежени гаќи и големи влошки ,па затоа ќе си земам само за дома. Ама од тие ќе си земам уште една паковка да си имам и за дома ако крварам многу првите денови. Право во канта, а и не се скапи 3 евра се, пет пара.Полека ќе почнам да си се спремам
Здраво друшки-мешки, Имав стресни 2 дена од кои и херпес ми изби на уста, а и фацата ми се смени. Вчера бев кај матичниот гинеколог да земам потврда за на работа, па да не ми биде џабе пат ме ѕирна на ехо. Ми рече обавезно да одам утредента сабајле на цтг во ГАК, бидејќи не сум имала доволно вода, а и гледала некои точки. Упорно ме убедуваше дека ситуацијата е алармантна и ме извади од памет. Кажа и дека главата е пред канал. Не издржав до утредента и уште вечерта бев до ГАК. дежурниот специјализацант дрско ми се испонаша, со груб тон ме искара и ми рече да си чекам јаки болки, бидејќи ако ме прегледа сега со прсти, големи шанси има да фатиме со бебето инфекција и да треба 5 дена да лежиме по пораѓај (што не е чудно за ГАК, ама така ли се збори на трудница пред пораѓај?). Наводно ако ми правел цтг и ехо, морал и преглед со прсти. Си отидов од клиника разочарана и со прашалници, кое зло да го одберам, можна опасност од немање вода или можна инфекција. Стресена си отидов дома. Денес пак бев на ГАК. Ај што чекав 2 саати, туку се испостави дека имам доволно вода, дека се' е во ред и дека џабе ми се скрати животот замислувајќи дека ако не одберам правилно, ќе си го изгубам бебето. Морав да споделам, многу ми беше грозно, се надевам не ве стресов и вас многу. Баш ми треба поддршка. Инаку за овие два дена се изнаплакав како за цела бременост.
Те мислев вчера и заборавив да те тагнам. Јас мислев се гушкаш со бебуш. Значи овие матичниве и докториве на ГАК се без мозок. Го тврдам тоа и кој сака нека се налути. Како до пред некој месец или години наназад по 100 пати брцаа прсти и проверуваат дали се отворени трудниците, а сега магично тој преглед предизвикува инфекција?! Како пред неколку години во 36та недела беше обавезен цтг преглед, а сега џабе ќе се правел?! Што им е?! Некој вчера праша дали сме сигурни дали се специјализанти. Искрено, се надевам дека се и дека уште се учат. Во спротивно, тешко нас со такви доктори. Никаква емпатија, никакво објаснување. Те третираат ко глупави суштества кои не разбираат и не заслужуваат одговори и објаснувања. Извини што упаднав така со дрзок пост, ама и јас сум изнервирана од тоа однесување. Не се нервирај сега, ти кажале дека е во ред. Одмарај. Друг совет не знам што да ти пишам, кога и јас нешто слично доживеав од таму и не можев да се соземам од страв. Те
Знаев дека ти ќе ме разбереш Да не заборавам, на крај на ехо-прегледот, докторката ми рече да бројам 10 со 10 удари сабајле и навечер и ми текна на тебе. Сакав да и' кажам, дај усогласете се за бројката, сите различно кажувате, ама преморена бев и не ми беше до шали.
Јас богами во повеќе ситуации се наоѓав во оваа бременост и многу добро разбирам низ што поминале пола од трудниците А замисли мене па вчера, исто на ГАК, само друга докторка, ми рече - треба до 10 удари на ден И после не се нервирајD Докториве ни се закон Само Господ да не чува. Ќе пројде и ова
@kockichka dobro stom imas voda znaci mozes uste da teras, ne grizi se i opusteno. @Dikinzi vidi u dm ili u nekoja posnabdena drogerija ili mozebi vo nekoja apteka tamu sogurno gi ima. Еве што најдов на нет од дм, тие шо ги зедов јас ги има да се порачат и преку интернет ама нема достава од амазон и ебау у мк. Види таму али експрес можеби имат.
Ве прочитав сите, и за нега на бебињата и за доење, јас лично немам никакво искуство. Досега, во мојава прва бременост - 22ра недела, сакам да му верувам на инстинктот дека ќе ми помогне да се снајдам. Секако помош не одбивам, а и совети и текстови од интернет од проверени страници. Баш на телма амбуланта - 0м+ има корисни емисии. Ме подрастажи моментот со тишината дома, куќа без деца. Ми текна, кога одам на гости кај шо имаат деца, како со радост те пречекуваат, внуците мои, и си велев кога кај мене дома вака. Па редно е по 3 години брак (повеќе беше кај мене психичка кочница) да се случи и кај нас. Само здрави и живи да сме, со верба во себе и љубов. А сакав да речам исто за главчето, на нет најдов перниче со вдлабнатина. Дали го користела некоја од вас?
@Dikinzi еве што најдов на али https://m.de.aliexpress.com/item/32...d=8911amp-iIyeDKkfrHZ7je-ZwN_kAg1573849290759
Денес направив тестови и тоа два, за секој случај. Е сега некако поткренав температура 37.4/5 ми варира, имам дијареја исто така. Што смее да се пие доколку се дигне повисока температура? Прва бременост ми е па сум малце изгубена. Фала ви
Честитки и со лесно да си ја истераш бременоста. Температурата мислам дека ти е нормална, 37.4 се смета дека е во граници на нормала, ама ете нека каже некој поискусен ако грешам.
Mamicki sto e potrebno za vo bolnica za bebinata i za mene vejke 7mi mesec sum i sakam poleka da si ja spremam torbicata bidejki od bremenosta so bliznaci se se ocekuva nedaj boze
Освен магнезиум друг лек за болки во срамна коска и препони има ??? Ме боли кога спијам и треба да се свртам, кога се движам, при дигање на нозете..... Нормално е ова ?? Пошто ме гледаше др вагинално рече се е ок.