Оо прашај ме мене за болка во срамна коска, незнам на која страна да лежам, незнам како да се завртам и не знам како да станам. Докторот рече нормално е,самата бременост што се шириме и од тежината. Магнезиумот нема ништо да помогне во таков случај рече можам и трипати да го пијам у ден ама тоа е. Која недела си? Јас сум 28+6 ( значи 29 ) @Malataa@ и јас сум 7 и полека ќе почнам да се спремам. Само што у германија има се во клиниките па не треба многу да се носи од дома. Баш преги се јавив да прашам како што нешто да не се сменило, дека пред 6 год се пораѓав со првото. За у мк ваљда се треба. Не знам само дали жените си носат чистат постелнина дека болничките кревети се хаос, немат постелнина и не ја мениваат. Пелени влошки марамчиња цуцли за мајката за хигиена, спавача крпи пижами гаки чорапи облека за бебе и за мајката нешто поколотно тренерки хеланки итн.
Ништо не треба, таа е нормална температура во првите месеци на бременост. Исто и проливот е нормална и честа појава, се разбира сé додека не е пречесто и не трае долго време.
За гак можам да кажам дека редовно менуваат постелнина, болничарките доаѓаат и прашуваат што ти треба,ти нудат и чаршав и спавачи. За бебе облека не треба си имаат таму,јас си носев ракавички,моето се роди со долги нокти и партал се правеше по лице а и рачињата ладни. Носев и тетра пелени на нив го легнував,а имав и едно потенко кебенце (има и таму нивно) За бебе треба памперс и влажни. За мајка пешкир,влажни,вир влошки,прибор за хигиена. Прочитајте има посебна тема за ова,детално е објаснето.
На Гак џабе менуваат постелнина кога немаат однос,ги вадат трудниците од памет,стажанти студенти еден куп се учат на нас,доктор чат-пат(јас кога бев едно утро го разбудив и докторот и стажантката-и уште ми вика што е(сакав да им кажам еве дојдов да ве видам-сте ми спотребале)и зеваше ќе ме голтнеше,не ми се ни зборува),на @Мариаа и беше кажале во рана бременост дека треба да абортира,и СРЕЌА отишла на второ мислење во ремедика и и констатирале и срцева акција и ЧЛЕНКАТА СЕ ПОРОДИ НЕОДАМНА,-а да беше на гак ќе и абортитаа ЖИВО И ЗДРАВО БЕБЕ),им е гајле и за пациенти и за бебиња.Сакам да го пофалам ГАК -от,ама немам со што.За жал тоа е вистината.Штета што примањата се такви за да поминуваат низ голгота наречена ГАК.Со лесно мили мои.
Па да се надеваме дека ќе се смири, ама јас мислам дека тек почиње ајде со господ напред да поминеме лесно, после се се заборава
Фала мнг Пред 11месеци се породив со прво Си сакавме побрзо второ (не мислевме дека ќе биде волку побрзо ама така сакало..) година ипол разлика ќе ми бидат,само се да е во ред Бев доста активна во темава лани,ептен се радувам дека сум пак тука
Добредојде Моите две женски ќе бидат две години разлика (и еден месец). И јас бев со ставот што побрзо второ, и баш испадна плукни залепи Како и да е, за убаво е. Која недела си сега?
Добро утро Синоќа некои болки осеќав, не толку во стомак колку онака ко за во вц. И одма паника ме фати. Ми се стврднуваше стомакот, ама легнав. Сабајле пак имам така ко за во вц, малку болки во стомак, и потврд ми е стомакот. Седам дома ко на игли. Не ме боли толку стомак да трчам на лекар, а страв ме фаќа да не има нешто. Плус па и тахикардија имам(а знам дека тоа ми е од страв). Познавајќи се, ако продолжи вака до после пак ќе трчам на ГАК. А за таму нозе ми се враќаат назад, ама тоа е. @Bella* добредојде и со лесно да си ја износиш бременоста.
Ептен си тазе значи, јас сум 24-та (според ехо 25-та). Истерав повеќе од пола Искрено, оваа бременост ич не ми е возбудлива. Немам време да се посветам и да мислам на бебуш покрај детево дома, и тоа ме убива Едвај чекам да се породам и да се гушкаме сите четворица
Страв ме фаќа дека и во првата бременост немав некои класични болки со мерење контракции. И си викам дека и втора бременост ми е , кога би требало да идам...