Сакав и јас да прашам како мерите контракции со штоперица ли хаха глупо прашање немам и јас искуство ни со водењак ни со мерење контракции и јас не знам како е едноставно на саат се гледа пример у 12:10 па у 12:20 така ли едноставно некако нестрплива сум, братучедка се породи сабајлево со машко царски рез. За мене има време рано е уште, нека поседи бебето, па по божиќ веќе нека излегува кога сака уште една сушара ми е исперена спремна е да ја здиплам и лагам да пеглам. Сите рубички од ќерка ми се исперени и плус некои нови шо ги добив и шо ги купивме. Само треба да ги распоредам по големина 52 и како идат натаму 62/68 за да видам уште што ми фали. Ќерками се роди почеток март потраја малку ладно па потоа фати пролет, а за оваа бебенце ќе треба уште некои шпикозни бодиња здравје да докупам. Постелнина имам перденце за креветче имам се од ќерками, количката баш не ми е по ќејф се мислам дали да ја менувам. Во спалната сега немам место за креветчето, дека променивме соба, ќе биде во детската кај сестричката, затоа ново мобилно ќе си земам со тркалца да можам да го шетам кај сакам низ стан. И ќе се подновам со релаксатор. Друго здравје од бога. @Dikinzi растерај се навреме бидејќи како шо видов до Германија траа пратката околу еден месец, а до мк незнам. @Sexybaby86 баш со мм зборев велам ти знаеш ли јас немам ниедна слика од оваа бременост со стомак. Само неколку што бевме на одмор у купачи се гледа дека имам стомаче и уште една две што сум праќала на братучедки. Многу сум активна ич не мирувам обврски колку сакаш дома, со ќерками натаму наваму. А посвета на бебето освен да галиш меше и да переш и спремиш друго и не знам. Сега гледам со второ е се поинаку. Со бебешките рубички ќерка ми куклите и мечињата ги облечува и тоа ми е голема радост. Ме гали ме пази ме мази зборува на бебе бакнува стомак рака става да осети како мрда сето тоа ми е среќа и радост. Уживај секаде е така. И јас едвај чекам да се гушнеме сите четворица. Вњли мама ќе ти донесам буќет балони у подарок на бебето радост. Имам многу апетит за зборување денес. Поправена сум 12 кила. Ај чао
Еве, на ова креветче се прилагодува висината па можам со спална да си го прилагодам. Оваа лулашка релаксатор е со музика и на батерии, има магмет одоздола и само лула. Првиот релаксатор шо го имам е обичен го добив на подарок и веќе кога добив несакав ново да купам ама сега ќе си земам.
@ddevojce под внимание на бебе во стомак мислев со правилна храна, сон, редовно земање витамини и сл. Ништо од ова не правам, зошто не стигнувам. Се случува да доручкувам во 12 на пладне, да прескокнам да ручам, или да заборавам да се напијам витамини и сл. Не внимавам многу ни на правилна исхрана (протеини повеќе), зошто едноставно немам време да мислам на сево ова покрај едно дете дома што нема ни две години. Исто, не спијам многу, зошто бебе сега петки вади, плус подработувам по дома тоа што не сум стигнала навечер откако ќе заспие. Плус на работа одам. Не е лесно. Фала Богу бебуш си напредува супер За првото знаев точно што се развива во конкретна недела од бременоста, пазев секој ден да се хранам здраво, да земам редовно витамини... Сега ништо од тоа. Господ нека не’ чува, што да кажам
@Sexybaby86 ќерка ми е 5 исто и јас не се хранам здраво како што треба и јас доручкувам бо 12-13/ јадам по двапати у ден. Ама затоа гледам овошје барем да јадам. Сабајле сите пијат вода јас јадам чоколада да се освестам, гледам со неа да поминам многу време у денот играме шетаме по спортови танцеви книги читаме, немам време за мене , со неа да искористам максимум бидејќи знам после ќе биде малку кнап времето да и се посветам 100% витамини зимам ама кога најдам луфта во денот, заборавам и јас понекогаш. Иста сум како тебе како шо велиш знаев се кога и што се развива, протеини житарици разни чуда. Сега што зготвам тоа. Тоа е најважно да напредува супер бебето, после од кога ќе се роди додкеа влеземе у шема пак друга прикаска и се така додека не се прилагодиме.
И моите цурици ќе бидат година и десетина месеци разлика. Со @Sexybaby86 веќе си имаме споделено од слатките маки на бременост во комбинација со тодлерки, ама гледам дека се шири кругот на мали разлики и може ќе биде паметно да отвориме посебна група во мајчинските теми баш за овој феномен, ако веќе нема таква. Мислам дека многу ќе ни треба.
Почна нов циклус на предавања во Систина за бремени, секоја среда има предавање на разни теми. Јас ги следев скоро сите предавања и многу ми беа од корист, па ако има некоја мама прв пат што сака нешто да научи, да споделам инфо. Посебно корисно беше предавањето за нега на новороденче од др. Сајковски.
Јас бев на ова предавање и многу ми се допадна и научив многу работи.Е сега не сум трудница,но кога бев,бев на патолошка и не можев да одам и сакам да одам,но не знам дали ќе ме пуштат,дека нели породена.Се пораѓав кај нив,ваљда ќе ми дозволат.Бебуш ми има 3 месеци и сакам да ги следам има многу што да видам и слушнам.Поздравче
Ние ова го користиме и предобро е... главчето му е супер.. не му е сплескано на ниту една страна.. оформено си е како што треба да е... веќе 5 месеци го користиме и уште ќе го користиме дур сака главниот да спие на него... слично е како тие ама ова некако има поубава форма..
Како сте мешиња? Вчера и денеска имам вртоглавица нешо.. дали ми е од ниското железо.. си пијам апчиња за тоа сркам мед и се со ред... ми се стабилизира сеа некако пак.. дали е од тоа или пак нешо др нз.. ме вознемирува дури .. бебче машала е мн активно синоќа мислам дека беше некако стуткано на десната страна така шо и мешево ми беше заминато ко настрана натаму.. де ме боцка нешто во меше де нешо др имам.. вие како се држите? откако влегов во 8ми месец некако како потешко да се чуствувам.. вие?