Од колку месеци ги ставате бебињата на вакви перничиња? Колку што сум слушнала на почеток спијат на скроз рамна површина.
Затоа и те прашав која недела си , оти ја 2 недели пред да се породам ни испадна херпес, а недела дена пред пораѓај отидов болница, и докторката ми вика пораѓајот е блиску, се познава жена пред пораѓај "откроена" е во лицето Ти спомна дека цела фаца ти била сменета, и од тогаш ги познавам жените пред пораѓај Немаш потреба да се паничиш више, готова си ти
Од втората недела од раѓање.. бидејќи 1 недела бевме задржани во болница поради мене примав терапии за слабокрвност (веќе имам кажано зошто бев слабокрвна, ја знаете мојата породилна приказна) .. кога си дојдовме дома веќе почнавме да си ја користиме перничката... кај вратчето што лежи перничето е ниско и тенко.. а од страните е малку повисоко баш онака правено за главчето на бебето... ептен е слатко и корисно... главчето на моето бебушче е убаво оформено нема сплеснати страни.. и да напоменам не е високо воопшто перничево...
Да, го користиме од самото раѓање.. од втората недела ... штом си дојдовме дома веднаш го користевме .. и ден денес го користиме а имаме скоро 5 месеци... од локо кроко го земав.. не е скапо и не жалам шо го купив.. ми се најде ептен.. многу корисна ствар е ...
Душко, контракции мериш со апликација. Има на плеј стор, да си симнеш, пиши апликација за контракции ќе ти извади одма, контракциите се мерат на тој начин што кога ти почнува контракција стискаш на копчето за да почне да мери, и кога завршува стискаш на стоп. И секоја наредна така , и ќе си видиш на колку размах ти се, на пример на 20 мин, или на 10мин а исто така и нивната должина на траење на пример околу 40 секунди до 90 секунди може да е една. И кога ќе стасаш на 5мин или 4 мин размах, одма во болница
Јас рачно го перев и за ден ипол се исуши.. бидејќи целиот спрат го топлам... на сушара го ставам во ходник и се суши.. т.е сите алишта на бебушот ги сушам така, 5 месеци ниту еднаш не ги прострев надвор, бидејќи има мн прашина надвор од дрвјата, од возилата .. по некоја бубачка знам да најдам во мојата облека и така решив да не ги простирам надвор сите работи на бебушов... после си купив навлаки за него и полесно ми е .. ги менувам навлаките .. а перничето по потреба го перам
Thanks Рано ми е ама треба да почнам да си запишувам зашо кога ќе дојде време ќе бидам во паники знам и ќе заборавам што требаше да купам. Полни сте со идеи, финти и искуства
Го ставив јас тогаш и на цетрифуга најјака ама џабе беше. Иначе јас алиштата наши и на малата во машина за сушење ги сушам. Скарана сум ја одамна со бесење на алишта , само ради работите што ѓи наброја..губење време, засмрдени алишта од воздухот, бубачки, и прашина. А станот баш и ни е мал за дома да сушам, преку ден цо дневна, навечер во спална..како и да е малата пак ќе треба да диши влагата. Да се навратам на перничето, значи бавно се суши
Здраво и од мене.Сеуште не сум породена уште малце 36 недела па некако си се опуштив овие два дена почнав повеќе да станувам па дури вчера после контрола бев и си пазарев за бебушот.Малата само ги тегне алиштенцата и мисли дека се за нејзините бебе играчки Многу ми е криво што не можев убаво да и се посветам нејзе сега пред да се породам дека цело време легната.Вчера станав за до вц и кога се вратив таа беше легната на креветот каде што лежам и само што ме виде стана и ми вика идај мама легни и покриј се.Душа на мама,само 2 год и месец има а се разбира.Мислев ќе има проблем али не,некако прифати дека морам да лежам и не ме бара толку.Дури и кога ќе излагаат со таткое ми вика мама чекаш дома. Можеби ќе го убрзам пораѓајот што почнав да станувам али више и не се долежува,ова ми е 9 та недела,и толку многу кризи ме фаќаат што се чуствувам терет на сите. Вчера толку ме изнервираја свекорми и свекрвами,кога дојдов со работите од бебето им ги покажувам и коментарот од свекрвами беше дека многу поубави работи сум купила сега отколку за првото дете,а свекорми што сум купувала розево можит машко ќе билоПосле се покајав што ги покажав.
Ми тече нос и очи како чешма аман со настинкиве,трет ден не ми поминува купив инхалатор се инхалирам со физиолошки,дај помагајте освен парацетамил,лимон,чај,супа што др.?
И јас сум истата, минатиот викенд со преголеми болки во грло па само лимони јадев, овошје и прскав спреј од диво оригано за грло (ама пишува дека не е испитан во бременост ама е на природна база, не знам). Сега еве три дена пак, не ме боли грло ама кивам само што ќе променам просторија или позициија, се мрсулавам, носов не е запрен и дури страв ми е од што насекое се дувам, мислам стомаков ме заболи (исто со кивавициве). И лимони, витамин ц,парацетамол пијам сабајле и навечер (денес си велам само вечер да се напијам), нешто овошје, мед, капки солен раствор, чај од брусница (еднаш само во денот) и тоа е , друго мислам и не ни е дозволено. Ајде побрзо опоравување...
Абе мора да ме фати мене значи аман! И минатата бременост и сега истооо сега ќе појдам до амбуланта па ќе пишам ако дале нешто плус за пиење Лесно опоравување и тебе