@lavinija28 ти даде супер совети, само од мене уште еден - носи маска на лице. Амбулантите се полни, дега сезона на вируси, сипаници, настинки па затоа пази се. Ај добро утро, Вчера од сабајле страв ми беше заради болките во стомак, ама после поминаа и фатив малку да чистам. Ја средив кујната и ми дојде срце на место(наместо да се пофалам дека шетав, јас се фалам дека чистам). После кај свекор и свекор ми на ручек, поседовме 2 - 2.5 саати и помина денот. Е вечерта пак ме заболе малку стомак, ама се напив магнезиум и легнав. Денес сме сами со ќерка ми, ќе пуштам машини и ќе видам колку ми се можностите Имајте убав (иако со времето тешко тоа) ден.
Земи неколку зрна бибер и гризај ги полека, одма пушта настинката. На лекар само парацитамол и пантенол пастили може да ти дадат тоа е се. Само ова со биберот помага одма, и јас бев како тебе пред 2 недели и по совет на една баба одма ме пушти инаку што се не пробав.
Јас живеам во куќа, значи имам голем простор,голем ходник во кој преку лето ја ставав сушарата и плус имам една соба празна мислам без намештај и сега таму ќе ја префрлам .. во иднина таа соба ќе биде детска .. до тогаш бебуш ќе е со мама и тато у спална а собата ќе служи за сушење негова облека ... за перничето земи си навлаки и ќе си раат од негово перење..
Ајде здраво и од мене. Од денес тераме 35 недела. Бројам бројам, не можам да дочекам да дојде моментот да се запознаеме со нашето малечко. Кај свекрвата и свекорот сме. Заклаа прасе сабајлево па на тазе месо и чварки Ајде кој е за. Збориме тука и золва ми ме прашува дали може кога ќе се породам, кога ќе излегуваме од болница да дојде и она. Ми падна чудно. Демек се викало, свекрва, мајка,сестра, кој може да дојде демек пречек на бебето.. Се изнервирав. Јас така не замислував. Сакав само јас и маж ми со бебето домче да си отидеме. Онака мн народ ќе сака да ми дојде. И плус моите.. Кај вас одат ли така? Јас ќе зборам со маж ми ќе му кажам дека не сакам. И така..
@Starlič нема што да се нервираш или преку маж ти да пренесуваш. Ке кажеш директно во лице дека неќеш одбор за пречек,и дека сами ке си излезете од болница. За твое дете нема незгодно,плус ке се породиш во зима и период на вируси. Некои сакаат пречек,логично,радост за сите е,од љубов го прават тоа,ама ако ти не си ОК со тоа,никој не може на сила да прави притисок. Мене ме прашаа дали сакам помош кога ке се породам,да дојдат од Мк,кажав не,барем првиот месец неќам никој,сакам ние тројца да се навикнеме еден на друг,доволен предизвик ми е.
Здраво ѓенски гледам ептен активни од сабајле сјми јас да не сум покусо. Синоќа си бев на вечера со пријателки и потоа на диско 90s party музика од ‘90 супер си поминав си танцував си се забавував само неможев до крај да доседам дека многу стоење беше. Имаше доста народ па понастрана се држев некој да не ме удри. Еве ви и сликичка од атмосферата Теми за свекор и свекрви золви итн многу мразам. Јас одма дирек кажувам не сакам никој да ми дојде при оскачање од болница, сакам тој момент за моето семејство да со го задржам. А на свекрвата би и рекла она да купи поубави свекорот може да го прашам ако е ѓенско нема ли да го сакаш или што? Да не се надева дека неговото име ќе го носи детето леле јас неможам да ќутам
Пробај зборувај со него, ако имаш ефект супер.. Јас пробувам да ги сфатам и старите мерак им е, јас не би свеки да доаѓа, ама затоа што сум сигурна дека ќе се запне, нека дојдат сите комплет сосе моите. И онака нема бегање од нив, таму ќе живееме уште година ипол минимум, па види како ми е мене .. Нека си дојдат сите со свои коли и готово, да се пикаме со бебето сите нема шанса.
Женски кога ви прекинаа мачнините? 8 недела сум. Значи последниве 2 недели од самата помисла на храна повраќам,од секаква миризба повраќам. Не можам ништо да готвам,ако готви маж ми бегам додека се излуфтира. Значи се ми предизвикува повраќање.Пијам добра вода со ѓумбир таа што е. Мислев ќе ми помогне ама ништо, само ме освежува малку и тоа. Чаре има или да си трпам?
Е што убаво ме утеши На почеток само мачнини имав ,не повраќав, после почнав само насабајле да повраќам и сега веќе во секоја доба од денот по 2-3пати
Женски има ли некој лек за болки во грбот? 29+1 сум бремена со близнации од вчера почна да ме боли грбот на левата страна само како во една точка нон стоп. Не можам ни да седам ни да лежам. А читам по интернет дека болки во грбот може да се знак не дај Боже за предвремено породување.
Мене лани исто ми беше Не се сеќирај никакво предвремено породување не е,бебињата стискаат на некој нерв затоа...мене ме болеше од 4 месец па се до крај..знам не е утеха ама не се плаши од лоши сценариа Јас кај се не појдов од болката што не преќинуваше сегде ми рекоа исто,дека бебето притиска на некој нерв затоа... Ми ублажуваше болка само лесна масажа на местото ништо др...
Работата е во тоа што живееме под кирија. И од прв ден наместо да одморам дома со бебе јас треба со нив да седам. Едноставно сите ќе сакаат да дојдат. И + тоа искачањето од болница е наш момент..
Zdravo zenicki sakam da ve prasam dali pesacevte vo rana bremenost? Jas sum 10+3 i sekoj den pesacam po 5 km a rabotata mi e sedecka od 8h
Јас повраќав само насабајле и тоа водата што сум ја испила претходно. Ама во текот на цел ден ми се лошеше и немав апетит. Втор триместар лабаво, сега кога бебето ми ги зема резервите и почнав железо да пијам, пак ми се гади.. Ти држам среќа тебе побрзо да ти поминат мачнините
Здраво девојки, Сакам консулѕација со вас во врска со неопходноста од свекрва/мајка првите месеци. Колку се од помош и дали може и без нив да се пројде? Конкретно во странство сме, и кој и да дојде ќе треба да биде кај нас 24 часа. Имаме двособен стан. Некако прво мислев дека мора да дојде свекрвата да ни помага, уште пред пораѓај, а сега се предомислувам...си мислам дека ќе ме ограничи нејзиното присуство. Инаку, имаме добри односи и разбирање, барем досега. Што мислите?