Не сум била сама Јас со цтг почнав од 32ра недела. И на тоа ми покажа контракции, ама мислам не мн загрижувачки.
@kockichka кажи таму да не се прават фраери нека делат Ајде со лесно, па да ни пишеш убави вести @Ana-sk како си ти? Беше на лекар?
И да не ти е гајле, и ние бевме така, старите само тоа знаат, плаче оти е гладно, плаче за у раце. Учи си ги така за утре на раат да можеш да се искакаш и измочаш со извинение на изразот, оти они некогаш знаат и да немаат осет. Свекрва ми коа ќе ја земеше не знаеше да ја остави, аман жено се жалиш те болат раце од остеопороза, а цело време сакаш децата у раце, и внуците и моето..осет немаат. Ама и ја си терав како ти што тераш Нормално е, нема помош, или ќе помине само од себе, или ќе ти биде така до крај. Јас велам оти телото се припрема на неспиење, за утре кога ќе дојде бебето, мама да можр да ги издржи тие неспиени ноќи полесно. Пробај фолната со млеко да ја пиеш пред спиење, јас така правам Линекс, ентерофурил, активен јаглен, инфузија можеш да пиеш, банани, двопек, на бебето ништо не му е , тебе ти е сета мака. Влезе ли 36 та ? Јас се си мислам имаш време, воа лажните контракции да не те фаќаат. Редовна си на Гак нема шо И свекор ми коа ќе заплачеше така викаше..крени ја у раце, затоа плачела..ногу знае она што е раце Уживајте, галете се
@kockichka ајде со лесно денес, ако треба да биде, нека биде, и тоа брзо и лесно да биде Чекаме вести Ме стопивте со сликичките, јас дома ги имам урамено ноџињата на ќерче што ги сликав само што дојдовме од болница. Кога и да ја погледнам сликата, се топам Ме фаќа мерак сега што побрзо да ја запознаам и вторава цуца, ама има време, рано е уште, нека си поседи Јас па да ви кажам спијам како топ оваа бременост, ама тоа изгледа од умор е. Со тодлерка дома, работа, бременост, наваму натаму се исцрпувам и спијам ко заклана. Ни перница трудничка ми треба, нит користам, нит болки имам, нит тегоби некакви (киселини и чуда). Што е добро, фала му на Господ што е така овојпат. Првата бременост многу имав проблем со несоници, болки во зглобови, стомак и карлица и со киселини. Леле, страшни киселини имав од почеток до крај, без прекин, умирав. Сега воопшто Како што кажав и пред некој ден, не обрнувам внимание на бременоста скоро ич овојпат зошто едноставно не стигнувам, и ми се чини подобро терам вака, без многу мислење
Да бе, 36 +5 денес Вика докторот на брисевите да видам да не има некоја бактерија, еве чекам мм да земе резултатите. Викам кога ќе се породам, после 9 месеци наместо да барам работа некаде, да одам да им предложам да работам таму Може и на ЦТГ, администрација, а како сум тргнала и специјализант може да бидам
Аман жено пред пораѓање си више полека со стресовите Дај дигни нозе у вис, и кулиркај малце, ја верувам пред 39 не го вадиш, нека си поседи уште малце таму
Да бе баш така Викам ти вечер ќе си спииш јас треба да држам арно дете ред си има си спие ноќе 2 пати станува само
Ништо од моето влечење нога @*Dariceto* Отворена сум 2 прста ама друго ништо не е погодено. Контракции 0, грло малку извиткано (појма немам што значи тоа, ама не било погодно за пораѓај). Среќна сум бар што немам болки, а почнал процесот на отворање, прошлиот пат умирав од болки, а 0 отворена. И така друшки, џабе драмев. Контрола тек во петок, ако не изненади нешто. Имав малку крв сега на бришење, ама мислам дека е ради прегледот си прсти, многу беше светла. Изгледа и ова ќе си го надносам.
Денеска 31 плус 5 ама имам страшна болка во грбот и во долниот дел од стомакот, ќе почекам уште малку ако не помине морам да одам на итна. Преглед имам во четврток , ама ако продолжи морам да одам .
Си била кај најдобриот доктор.. тој мене ме породи заедно со Зулбиери и Адела Стефанија.. имав среќа што беа тогаш на смена инаку кој знае како ќе завршевме јас и моето бебенце.. тежок пораѓај имав и среќа имав што они ме породија... тое е златната тројка за цезарија.. таа вечер кога јас се пораѓав имаа 3 цезарии .. беа покрај мене цело време следеа контракции и се споредно па идеа во сала за цезарија па пак се враќаа кај мене па пак во сала , пак кај мене и на крај ме породија и мене .. за малку и јас ќе завршев во сала но за среќа Калчовски со некои негови методи, масирање протискање стомак давање на кислород инфузии (со зголемено синто) се породив природно...
Јас искрено не го знам, и знам дека некогаш ќе дојде специјализант а печатот е од докторот на смена. Беше млад, слаб, висок. Кажа 3 реленици, ама ок беше. После видов на извештајот, стоеше неговото име. Мило ми е што се завршило добро. Јас инаку баксуз денес - не можев да си ги земам резултатите. Паднал системотИ сега ќе чекам пак до утре.
Ајде чим е почно отварање кај и да е ќе биде . Нема Далеку ли ти болница ? Нели ти е мака ? Со афтобус ли одиш ?