Добро утро женски Како сте ? Јас стандард неможам да функционирам од притисоков нон стоп низок , железото исто ниско Таблетките не помагаат , само ми ставараат киселини ама поминува се ... времето споро некако оди ... мешево расте ,мене се потешко и потешко ми е ... Деновиве само се жалам , неможам искрено веќе Уште 47 дена до термин и 40 дена до 2от роденден на малата . Неможевме да истемпираме подобат датум. Се надевам само да си доседи до тогаш и бебе , да можеме да прославиме роденден на сестричкаму Инаку и кај нас ги сликаат после раѓање . Имаме исто убавка слика од малава И така женскии имајте убав ден,. Жалосна , да не заборавам , нека е жива и здрава малата .. Се испалтеше секоја мака ,кога ја доби малата во прегратка Поздравче до вас
Леле ако можите да ми дадете некаков совет, ве молам. 8недели и 5 дена сум, ама овие неколку денови многу ми е тешко да станам на утро и да направам нешто, мислам дека ќе исповра**м се, оф извинете на изразов. Стомакот ми кркори за јадење, многу ми се јади, а незнам од што не би ми се лошело, кога ќе помислам еве ова ќе јадам и почнува да ми се лоши, уште не станата од креевет размислувам што да поручам, маки мој. На мм неможам да му дадам да јади, тоа што тој го јади ако јас му го подготвам мислам лом ќе направам се околу мене
фала мила да овде во CH се породив ((за сликите:1 слика је гратис а за другите што си ги порачав да ми ги пратат коштаат 299 фр и треба да ги платам за 7 дена а ако ги платам покасно тогаш че ме кошта малце поскапо 349 фр)).. немој да се секираш и да мислиш како че биди во државна како и да е гледај да си се олесниш и да си го гушниш малото сонце друго ништо нее важно..
фала мила да си здрава и жива и со нај убаво бебенце да се израдуваш и ти кога ми ја ставија на гради само во поголемата черкичка гледав и мм како се радуваат тек одпосле скопчав дека хоророт заврши и си се изнаплакав и си ја изнабацив анастасиа ама одпосле
Пробај да јадеш крекери, бисквити, бадемите исто така помагаат за мачнини. Јади полесна храна, и внесувај течности.
Сакам да ве прашам дали некоја од вас има правено 4д преглед во државна клиника во скопје? 11 недела сум и треба д а одам др.недела во скопје и ме интересира дали теба да се закаже пегледот телефонски или електронски бидејки матичниот ништо не ми кажа. и дали сте задоволни од таму, сега мислам дека сите не праќаат на државна наместо на приватно. позз
Матичниот гинеколог прави 4д барем мојот а ако несакаш кај него ти закажува однапред самиот тој за во државна.
електронски тоа матичниот ти закажува,оди си понеделник кај матичниот за да ти закаже ,не губи време бидејќи од цела држава закажуваат слабо со слободни термини позз
Вчера ништо не ми беше, денеска 38 температура. Како да не ми беа доста оние 2 недели, кога се борев без антибиотик да се опоравам. Ахх.. Гинекологот ми рече да се напијам аналгин, па нели не смеам тоа бре? Се збунив начисто! Ќе пробам вечерва со чорапчиња натопени во оцет, многу овошје и течности, ако не спадне температурата морам на дежурен. Мешиња колку е страшна оваа температура? МНОГУ, МНОГУ, МНОГУ зум загрижена.
Од лично искуство ноќта пред да се породам качив 39 температура, една инфузија со парацетамол и ми спадна, така да сабајлето бев спремна за пораѓај. Туширај се со млака вода, не се завиткувај во кебе знам дека ти студи, пиј многуууу течности мене тоа ме спаси сок од јаболко. Ти посакувам побргу да оздравиш, ако не се симнува оди на дежурен.
Целото тело премачкај го со ракија и убаво ќе те измасираат да се упија ракијата, исти потоа и црн бибер нека ти потријат и на градите, на грбот, на нозете, рацете. Чорапите натопи ги со винска киселина, цеди свежи лимони и пијај ги без шеќер и само со малку вода. Немој сама да влегуваш да се тушираш, можно е од пареата да ти се сврти, во никој случај да не бидиш сама, од искуство, јас се имам онесвестувано така и тоа од 37,5 температура. гледај да не залежуваш многу, седи во топла просторија ама и излегувај малце нека те фати воздух, не седи постојано на исто место.. Дај боже да ти помогнав, знам колку ти е тешко, температурата е многу гнасна, омалаксува и ништо не ти дозволува да правиш, ама не се давај и труди се некако станувај низ двор низ салон шетај..
Trudnici, redovno ve sledam megutoa sega se registrirav ve molam za mislenje: veke sum 36 nedela a pred 2 dena mi istece nekakva tecnost i pomisliv deka mi puknal vodenjakot, i otidov na doktor-se bese vo red, ne e toa. I sega pak se izvadiv od pamet-celi gaki mokri???? I denes pak bev kaj maticnta, pak se bese ok, ctg-ok, dali imal nekoj vakva situacija? fala i so lesno na site trudnicki
Здраво мамички да ве прашам Веле сум 39 недела и 1 ден ама веќе 4 дена по ред имам болки во стомакот и половината знам тоа се лажни болки ама дали тоа значи дека овие денови ке се породам а термин ми е 21 или можно е до терминот да си имам болки па дури и да го надминам ? Или ова значи блиску е денот Д секој ден имам болки ама посебно навечер кога спијам дури и се разбудувамод болка
Здраво девојки, Ми треба ваш совет многу сум загрижена, денеска кога се бањав приметив дека некако доле сум како потечена таму кај срамните усни.Се плашам да не е ова некој лош знак да не се отварам моежеби предвреме?многу сум уплашена да не се случи нешто лошо, мојот матичен до понеделник не е тука немам со кого да се консултирам па сакав да ве прашам вас да не имате такво искуство?како може да се примети ако се отвараш пред време дали можете и вие да приметите промени доле? Се плашам да не го изгубам бебето вака
Ми треба и мене совет од тие што се породиле имав лажни болки ви пишав и претходно ама сега се многу почести на 10 15 минути ми се и појаки се и кога ги имам стомакот ми е како камен ме боли долниот дел од стомакот со кралицата е сега ме буни докторката ми рече дека треба цел стомак да ме боли а не само долниот дел ама болките ми се чести дали се лажни болки или почнуват вистинските ?
Јагода само оцет разреден со малку топла вода и масажа по цело тело, и јас бев иста и ми помогна, многу течности и супи и ако гледаш дека не се намалува напиј се парацетамол, барем мене ми рече докторката дека можам да пијам мене 5 дена ме мачеше температура и гледав да ја контролирам да не оди над 38 ..... побрзо оздравување ти посакувам Dzanina уште немам искуство со породување али вака по читањето мислам дека процесот си започнал ајде со лесно нека ти биде и набрзо да си се гушкате со бебушка иначе има ли некој проблем со вртоглавици, јас два дена сум со вртоглавици незнам што да правам..... и дали да се напијам нешто и што, има ли некој слично искуство? со се можам да се справам али со ова никако