женски дали на пораѓај присуствува само еден доктор било природен или царски или може и друг? Прашањето ми е поради нешто друго приватно не би сакала со тоа да гнњавам само тоа ме интерсира? Иначе полека навлегувам во 9 ти месец и конечно можам да се опуштам и да се движам по малце низ дома,никој не веруваше дека ќе стигнам до овде,па ни јас самата
Зависи како се на смена.. некогаш може акушерката да те породи а докторот само да дојде на крај да те зирне додека лежиш на бокс, дур одмараш.. да види како поминал пораѓајот и шиењето на раната доколку ја има... јас имав среќа троица беа на смена и сите троица ме пораѓаа... акушерката само ме сецна за да искочи бебето и ја исече папочната врвка... инаку во гак се породив..
Кај мене беше еден доктор и 3-4 акушерки. Докторот ме сецна а потоа ме шиеше. Во исто време имаше царски рез,таму имаше мислам уште двајца доктори. Се породив околу 3 ноќе, сабајлето на визита од прва смена дојде доктор ме прегледа и ме прати на одделение кај родилки.
Девојки да си прашам имам болки во половина од десна страна , сега некако како и јајник да боли па и нагоре накак гради , бебо денес како и над папок го осеќав но од лева страна да отидам ли на доктор или нормални се симптомиве ?
Кај мене присуствуваше докторот на пораѓајот, со уште 3-4 акушерки, имаше и друг доктор ама тој си стоеше на вратата само. Иначе може и да не биде присутен докторот на пораѓајот, и само акушерки да те породат, а после тој да дојде да те провери, а секако мора да дојде да те провери. Иначе вербата е многу голема работа, мило ми е што си почнала да се движиш по малце. Се надевам бебчо ќе остане уште некоја недела во мешко, уживај во бременоста Напиј се магнезиум и легни да одмараш. Обично тие се советите..Како си сега ?
Од денеска 31ва недела 8ми ако не грешам Ме интересира мислење од вас понавлезените а и околу мене што сте како ги осекате бебите моментално???? Јас можеби од што мн се расчитав па само некои симптоми си наогам вчера правев слатки и бев на нога 2 саати после ме искина половината и срамната коска како да ме жареше, се исплашив реков можда некоја белја направив. Од сабајле не е така. Се сум како подмочана инаку а беба ја осекам како се врти како да шрта низ меше како да се тегне. А кога удира тие се поснажни ударци од предходно ама не ги има толку мн на број (валда дека е поголема срцката и и снемува простор) Исто сакам да ве прашам има ли некоја како мене што е во 8ми а уште скоро ништо нема купено???? Се не ми стига време се бафтавме со други работи до сега пчус на работа од 8 до 16 секој ден и после немам баш сила за шетање. Што мислите имам ли време од кај 34та да испазарам се? Или да ме фака паника Ете толку од мене за сабајлево
Пијам магнезиум 2*1 но ете боли , ке отидам на уролог ми беше матна мокрачата а уринокултура стерилна , ке поновам пак за секој случај , се плашам да не е песок или камче во бубрег , но белки нема да штети на бебчо , па и паника ме фати синока беше морен од сабајле мрдаше повеке , иначе сум 17+6 белки е рано повеке да го осекам
Ми го измрдува цел стомак сега, особено кога седам или лежам само нешто штрчи, тука кај папокот на лево, мислам дека со гзето ми се трти зошто ми кажаа добро е наместено. Инаку не се секирај, еве јас 35+, па сега завршувам со набавките. Не велам како мене да бидете, затоа што ако постојам повеќе од 15 минути реброто ме кине и не можам асално да шетам без да седнувам на тие интервали, ама со паника ништо не се прави, имаш време, само гледај полека полека да си прибираш работи, па и од финансиски аспект да не ти дојде наеднаш. Инаку болки од стоење се нормални и само ќе се намалува времето кога ќе можеш да стоиш во едно место..
Фала ме смири да ти кажам право.... Ретко паничам ама сега веке дека 8ми и некој ми збореше за некои црни сценарија и јас се тоа си мислам , а каде сте на мисла за порагање..... Јас првично бев Систина сега како мине време само повеке и повеке се мислам во Чаир да одам (мислам и со доктори таму дека ке се снајдам) а за купување валда ке стигне време битно чешле ножички и шампон и имам купенокна беба
Значи заедно сме и јас од денес 31 и претпоставувам 8 месец. И кај мене бебе само се тегне и ми го изместува стомакот ама не е многу често и се стеснува просторот. А за купување имаш уште 2 месеци така да можеш да почнеш бидејќи барем кај мене јас нема да можам да шетам си давам шанса до декември бидејќи нозете многу ме болат одам како пингвин јас до сега креветче, количка, постелнина, оградици и некои ситни работи(облека) за бебуш купив. Свекрва ми ми даде пари да си купам за изнесување од болница (нели свекрвата купува за тоа) и си купив како што мене ми се свиѓа и сега ми остануваат ситни работи како цуцла, сет за ноктиња козметика за бебе и незнам друго што. Си пребарувам на нет што се ќе ми треба за почеток. Имаш време полека се ќе си земеш, па и да ти фали нешто после тоа ќе си докупиш
Кај мене присуствуваа двајца доктори, а вкупно 5 луѓе беа присутни на самиот краен чин. Но тоа беше зошто многу долго се пораѓав и веќе бев исцрпена и двајца буткаа, една сечеше, докторката влечеше... Абе журка Кај секого ситуацијата е различна, верувам дека добро проценуваат кој ќе присуствува или колку ќе присуствуваат. Ти направи си добри списоци за тоа што ти треба, а за шопинг не треба многу време ако точно знаеш што бараш. Дури и нешто да ти фали, секогаш може некој друг да ти донесе, дали во болница или дома. Јас се сеќавам на првата ноќ во болница кога ми ја оставија ќерка ми цела вечер со мене за да ја навикнам на доење. Се' уште немав доволно млеко, а бебушка беше голема и гладна и пиштеше на цел глас. Сестрата ми кажа дека нема веќе адаптирано млеко (наводно некоја надворешна фирма го прави и го носи на секои три саати до ГАК) и тек за 2 саати ќе го донесат. Паники, стравови, трауми. Бебе плаче, јас плачам. А требаше само да ми текне да го разбудам мм или мајка ми и да купат млеко од аптека, да го направат и да ми ги донесат, дека нели не се породив во Сибир Од таа случка знам дека се' може да се нареди, не е сташно ако не си за се' однапред спремен. Инаку кај мене статус кво. Имам исцедок како на крај на добиено, ваљда е чепот. Сабајле ме разбуди силна болка во јајник, ама си ја гушнав ќерка ми и си мислев на уба'ини и за саат време ми помина. Си го слушам инстиктот и чекам. Сега дури и ќе си прошетам, а може и на фризер да тркнам. Ако реши бебе да излегува, пак ќе кажам, не живеам во Сибир, сигурно ќе најдам начин да стигнам на време. Ве гушкам мешки и мами.
Да исти сме со термин А каде мислиш да се порагаш здравје Кај мене свеки вика креветче требала да купи па ке одиме да си одбереме здравје викендот или следниот и успат и количка ке гледаме
За пораѓај бев решена за Чаир, ама ќе одам ГАК, баш од таа причина што имам повеќе луѓе што работат таму. Не дека планирам некои посебни врски да користам, ама ете така поопипливо ми е таму некако. Во врска со списоците, на страната на бебе супермаркет има список и на енцименци исто. Има еден куп работи што може да ви бидат потсетници. Во врска со списокот за во болница, на форумов има таква тема, тоа тука може да си најдете.
Кога сме кај купување, јас вчера решив козметика и се што треба од аптека да купам. Влегувам во Зегин, и гледам милион шишиња за бебиња, поим немам од кај да почнам. Почнав да ги гледам де од овде де од онде де што им пишува де цена, ко теле. И барам помош од вработена и велам Ако може малце помош барам шишенца за новороденче. „ПА СИТЕ СЕ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА! ТИ КАКО МАЈКА ТРЕБА ДА ЗНАЕШ КАКВО ШИШЕ САКАШ!!!!“ ама ми се изнавика вработената WTF, а аптеката полна народ. А бев решена се да земам од таму и пумпа за молзење, и пелени, и колекција за бебо, и шишенца, цуцли, четка, ножници, пумпа за носето, термометри за соба и вода, топломер. Буквално се, ама козата ми го скрши филмот, и само искоментирав А ако мајката е прв пат мајка и не знае што треба... и си излегов. Здравје викендов ќе имаме втор обид за шопинг.
@kockichka дај ми малку од твојата смиреност јас па овие 2 недели тој момент си го ставив во глава, дали ќе стигнам на време Капак на се, свекрва ми уз кафе муабет ми раскажа(верувам, не намерно) на пријателка снаа и во кола се породила. И ми се вртат и такви филмови (луда, знам) Добар ден, Јас си имам болки ко тие во неделата, ама дека др. Рече не сум отворена и не одам. Хаос ми е во глава За купување, не дека треба да се ствара паника, ама 8ми мислам дека е таман време за купување. Па дека ем не можеме многу да одиме, ем треба да се бира и после па перење, пеглање... Јас тоа завршив, големите работи од ќерка ми ги имам. Денес треба да ни стигне плакарчето па да се наредат работите. А ко што кажа @kockichka не сме во Сибирсе купува и се средува во еден ден. Само да сме живи и здрави
Имаш време, се прави список со потребни работи, јас така направив, и после беше лесно за купување. Гледај до 36 недела да си спремна со најглавните работи, креветче, количка, алишта да имаш за смена, нешто за бањање, и така натаму,после кога ќе дојде, ќе видиш што ти фали, и ќе докупиш За тоа што ти е незгодно од стоење не се плаши, се потешко ќе ти станува, кога ќе осетиш замор седни си, крени ги нозете Да ти кажам, не се разбирам со матна мокраќа, или песок во бубрег, а дали е рано толку да го сеќаваш баш и не е. Јас во 18 недела ја снимав како ми го клати цел стомак Они си имаат интервали на спиење, и кога се будни. Уште некоја недела и ќе почнеш да учиш кога е најактивно, кога најмногу се размрдува, и кога дреме, малку е чудно ама и интересно оти во стомакот више покажуваат некој карактер Густо ли е ? Така како мрсул да нд кажам ...мене цела недела белузлав ми испаѓаше по малце по малце ,и после наеднаш испадна многу , и не се сеќавам баш ама од кога испадна по некој фен ме фанаа болките, проследени со сокрвица. Секој е различен, чепот може да испаѓа 3 дена, цела недела или може за една ден наеднаш. И од кога ќе испадне не се знае пораѓајот кога ќе почне, може за 3 саати, а може и за една недела. На доктор беше ли ? Со лесно само Не мора она да го купи..кај го пишува тоа правило Ние се си купувме сами, после и моите и свекрва ми, ни дадоа пари..колку наумиле толку.
Од Скопје си? Јас уште не сум пробала да купам повеќе работи, ми препорачаа чешлиња четки ноктарчиња некои такви слични работи да земам во Џамбо, не било толку скапо. Изгор се бебешкиве работи по аптеки, а и не се специјализирана продавница за бебешка опрема, има гужва и нема да ти обрнат сигурно внимание со објаснување што и како да земеш. Ако можеш да најдеш некоја продавница специјално за бебешка опрема, ќе ти препорачаат убаво се и ќе ти дадат предлози, зошто сепак главна дејност им е и сакаат што повеќе работи да ти продадат. Е за козметика, пак ќе мора од аптека ама јас планирам да одам со конкретен список за да не лутам и да не ми се истура така некоја теткица
Која недела стигна мила? Инаку за раѓањево ич да не му ја мислиш, тоа во кола по филмовиве само не се секирај, процес си е тоа кој си трае
Не сум од Скопје. Прво се лутев кога некој ќе речеше провинција за мојот град, ама навистина сме бре провинција. Абе услуга 0, без разлика каде да одиш. Ако не се претставиш чија ќерка/снаа си абе не те погледнуваат. Уште на стара слава завршувам најобични и најосновни работи. Можам да направам споредба зошто живеев 10 години во Скопје пред да се преселам во Струмица, најмногу ми фали од Скопје маркетите и услугата. Каква таква сепак има култура. Овде нема ни к од култура...