@lejlla 36+6 сум. Пишав повеќе пати, најжално е што еден пораѓај поминав и тоа не беше страшен, а сега ужасно се плашам. Ти како си? Туку друго да ве прашам. Ги земал мм резултатите и позитивен е брисот(вагинален) на стрептокока. Матичнава не можам да ја добијам. Знам дека мора да се лечи. Јас вакво искуство немам, а сум пред раѓање скоро. Значи докторот од ГАК беше во право. Ај ако можете пишете ми искуства.
Се тешам и јас дека после 3 месец ќе прекине лошењево. Вчера на човек не личев, од 4часот сабајле па се до вечерта повраќав, можеби преку 10 пати беа. Се исплашив, се јавив кај матичната рече мора да јадеш ако повраќаш и рече види инфузија прими со витамини. Па така и направив. Денес пак со лошење ама не ко вчера за среќа.
Повеќе избор има би рекла, а јас не сум човек што сака се од едно место да земе, па интересно ми е да си акам да разгледувам повеќе опции. Забележувам кога ќе влезам во некое мало бутикче за дечиња, се некои услужливи ми се погодуваат па ми кажуваат ова она ќе ти треба. Исто и креветчето скоро кога го земавме од една продавница за бебешка опрема, многу фини беа вработените и се што ги прашав ми одговорија, земав и едно шишенце и цуцли лажливки гратис ми дадоа
Ќе ти се намалат сигурно. Може пак ќе повраќаш чат пат ама нема да осеќаш толку силни мачнини и гадење од се. Ќе осетиш олеснување барем за нијанса после 12та недела. Јас пропатив, ми се умираше чим преживеав добро е. Со лесно и храбро
Здравје планирам ГАК дефинитивно јас се што имам правено се таму правев и сум задоволна, дури пред некоја недела кога ме задржаа на паталошка го сретнав Ќаев и го прашав дали ќе сака да ме пораѓа и ми кажа дека секој четврток бил во соба бр36 и слободно да го барам, освен ако е слободен дека не доаѓа од дома, ако е на работа дека ќе завршиме работа само здравје со Господ напред ако имам среќа дефинитивно кај него сакам. А што се однесува до креветче и мене свекрвата ми го купи а количката моите само што јас бирав
Сум слушнала дека треба вагиналети да примаш една недела, а кој појма немам. Звони и упорно мораш да ја добиеш. Иначе ги препратија КидсШоп оградите за креветче и сега се мнооогу поубави И јас им ѓи пратив тие утнатите. Одлични во комуникација и разбирање се, и испаднаа многу фер. Материјал топ, ако се двоумите ви ѓи препорачувам топло.
Одлично Џвакам кисело јаболко и мандарина, пијам какао и вода. Ајде на какао, да ставам? Ќе исечам и овошје, ќе извадам непечени бадеми, ќе гриземе. Имам и домашни вишни ако ви се јаде кисело. Дома сум, доаѓајте на журка Благо не ми се јаде, а и општо не сум по благото, но во последно време само кисело ми бара душата. Инаку супер сум, само на гладно сабајле малку ми е мачно бидејќи не јадам додека не испијам терапија на гладно. Но одма ми поминува откако ќе јадам. И приквечер блага мачнина ме фаќа понекогаш, 5-6 соленки ми завршуваат работа. Од болки понекогаш имам благи менструални, но поминуваат. Ете тоа е. Чекам да дојде следниот преглед, да си го видиме малиот, уште некој ден и ќе влезам во второ тромесечие Ве следам редовно, но немам нешто многу што да кажам, па улетувам ако знам да одговорам Ве поздравувам, убав ден да си имате.
Мислам без антибиотик не поминуваш покрај вагиналети, јас порано ја стрептокока б имав пред да бидам трудна, амоксиклав пиев ми се чини. Инаку и јас си имам бактерија на последниве брисеви почнав да се трујам вчера. Ај си викам подобро што излегла барем да бидеме претпазливи на пораѓај и да не покријат со антибиотик ако треба, боље него да фати бебето некоја инфекција не дај боже
Да де во тој смисол ке го купи ке одиме ние ке одбереме и она ке плати Каква пицајзла сум сама едвај си гагам а не па некој друг да ми погоди
Дали може течна столица да имам од многу витамини и апчиња?? Веке една недела сум така,докторката ми даде пробиотик испив 4 до сеа,ама во столицата нема промена па некако ме секира иако е еднаш на ден,без болки во стомак или грчеви. Земам банана и двопек,овошје избегнувам овие денови,ама докторката не ми спомна од што може да е така. Иначе сум 23та недела
Не можев никако да ја добијам докторката и отидов кај неа. Ми препиша Полигинакс вагиналети и Ампицилин 500мг. И ми кажа да пијам на 12ч по 2 капсули. Ама имаше гужва и не размислив дека тоа испаѓа по 2000мг на ден. Многу ми де гледа тоа. И сега па шубе ми е некако. Или се пие по толку?! Ми даде 2 кутии да ги пијам 8 дена
Е не знам мене и гинекологот и во аптека ми пишала на кутијата на 12х 2мг. Ќе мора да прашам ако не пак, барем фармацевт
Ќе помине, издржи. Од 12та недела ми се намалија, од 15та ги снема. Се случува и сега да имам лош ден ама обично кога оброците не ми се на време. Пиј си ц витамин и многу вода ама голтка по голтка, штом повраќаш полека.
Ау жено што ми направи На здравје нека ти е се што кркаш Менструалните болки се чести и нормални, сао мозок на пасење и сами минат. Уживкај во времево и мешко,бомбона е Бебето само си ја одредува местоположбата при спиење, кај мене спиеше и на такво перниче, и ма едно мало тенко речиси и да немаше перница, никогаш не сум обраќала пажња како спие, па и тоа е живи битие, менува како и ние ноќеска, кој спие во едно место ? Ќе дојдеа свекрва ми и моите, и малава ќе претнеше..и викаа аха се буди! Нејкев да се расправам и да им објаснувам дека и она е ко секој жив и нормален, на одредено време си се врти со главчето. И се тоа што си замислила во глава нема Ти бирај друг нека плаќа, тоа ти се вика наредување на живот
Мене ми дојде свекрвата првИ дениви дома да помага, се договорила со маж ми. Ја, со пореметени хормони, му реков на маж ми да и каже да си оди на 3тиот ден. Многу стрес ми правеше нејзиното присуство, бебе ќе заплаче она трча, се учиме да цица, фати пушти цицка, она трча со формула одма да не плачело детето.. Толку ми створи одбивност што седев у соба и намерно не и го давав бебето. И си отиде . Сега доаѓа кога сака после работа, неколку пати неделно, она се занимава со бебе, ја одмарам попладне. И она среќна и ја среќна.
Јасно, знам и мојата мала е шест месеци. Главчето и е супер без перници и додатоци, сама го врти како сака. Оваа перница ми е мене језива, што ако ја исправи главата во текот на спиење и бљуцне млеко. Не ми е сигурна