Па мислам дека би можело да ја исправи и без перница и со друга перница. Уште сега се плашам за овие детали.
Па тоа е поентата. Нема потреба од перница воопшто. Го вртиш бебето дур не почне само да ја врти главата.
Има ли некоја што деновиве ќе се пораѓа во Чаир/или неодамна се породила во Чаир царски рез? Да каже за колку време и закажале доколку е договорено, колку време пред тоа ја хоспитализирале, крвни слики, цтг, што неопходно се носи во торбица за мамичка и бебе, кој др.ја пораѓал и сл. Убав ден мамички П.с.јас сум 34 недели и му ја мислам...
Ќе видиме колку ќе ми трае, ама ми се смачи од паники. Во принцип треба цврсто да решиш дека ти е доста од се', дека доволно си пропатила и да си направиш mindf**k (се извинувам за францускиов, ама најдобар опис е). Штом ми дојде лоша мисла или болка, си викам: ај доста коцкичке, а види колку е ова убаво, види колку си среќна што ти се случува ова и.т.н. Ако не ти успева тоа одиш на твоето "среќно место". За мене тоа е плажа или ливада или било која природна идила и замислувам како се кикотиме за некоја глупост со двете ќерки и мм. Или сите трчаме низ купишта есенски лисја и се џиткаме во куповите. Тркај се со себеси во креативноста колку можеш поубаво место да замислиш. И оп, нема црни мисли. Сам свој гуру
Е а гевгеличани се уште понеуслужливи, и замисли јас На 12 часа по 2 од 500мг е добра доза Тоа се 2гр дневно И е доза за возрасен
Има и лигави делови. Се изначитав во темата за чепот и верувам дека е тоа + исцедокот поради кандидата. Инаку морам да ти кажам дека си ми многу интересна како на сите ни посветуваш време, како да си ни на сите мајка
Многу ми е жал. Ќе биде се во ред. Нова среќа ќе има, верувај. Закрепни малку, па пак на работа. јас да се пожалам денес после работа толку сум изморена, што дури неможам да одам. Одоздола се ме боли под бутовите и под срамната коска. Сега се испружив малку на спална да одморам, мм ќе спрема ручек јас не можам. Разгледав некои бебешки ствари да се подновам, дека јануарски бебе или веројатно февруарско ќе биде многу ладно се мислам како да го облекувам. Боди на кратки и шпикозни, или боди на долги и исто шпикозни( имам и панталонки и блузички само бодито ме мисли дали на кратки или долги да земам) има од ќерка ми и такви и такви сма бр 62/68. Незнам дали да земам 52?? Вие како ќе правите јануарски и февруарски бебиња?? Велам на мм дај да се спремаме побрзо да бидеме готови. Леле чекај шо ќе правиш у девети месец вели уште потешко ќе одиш и болки. Абе секој месец за себе си е посебен, кога че дојде девети тогаш ќе ја мислам
Да, земјава е ужас, повеќето околу нас немаат осет за заедница и живееме во хаос. Ама заедниците на мајки или трудници како овој форум се едни од ретките места каде има искрена помош и поддршка и верувам дека со секој искрен совет освен што меѓусебно си помагаме, го држиме во живот и пореметеново ни' општество, зошто дел од сигурноста и позитивноста што ќе ја добиеме тука ја делиме со оние околу нас. Овде заборавам дека живееме во Сибир.
Браво, така и да продолжиш. Јас се нервирам што кога имам болка или било што поврзано со бременоста ми се јавува паника и наместо со ќерка ми да играм, јас паничам и ја оставам сама да игра. Се јадосувам заради тоа, ама кога ми е страв - дури се губам. И пробувам и јас да мислам на убави работи, на бебето, на тоа како ќе се сакаат со ќерка ми, на бебешки мирис. А за тоа дека ми се доста паники - богами овие 9 месеци(и уназад претходните 2 години) ги имав за цел живот!!! Браво за пишаново @*malenavolena*87 фала ти. Прашав фармацевт - ми го кажа истото.
Моето треба да биде декемвриско здравје, сите ми се по долги и претежно 56. Имам две боденца 50, не знам колку ќе ги носи ама слатки ми беа па ги купив
Ќерка ми е јануарско бебе. И’ облекував бодиња по долги и памучни шпихозни одозгора, и ја покривав со мекано ќебенце тенко. Дома греевме убаво, ко за новороденче нели, па немаше потреба од нешто повеќе. Имав и плишани шпихозни купено, ама никогаш не и’ ги облеков, ќе ја зовриев во нив. Бодињата и шпихозните ми беа 52-ки на почеток, помали немав. Ама си знаев дека е крупна бебка уште пред да се роди
Нека не те мачат тие мисли, оти и на рамно може да се деси тоа пу пу пу не дај боже. Иначе бебињата се многу снаодливи..можат и сами да се свртат кога повраќаат. Леле Не знам како да го сфатам воа Декам совети и поддршка таму кај што се разбирам Ја ќе купам нешто ситно, за од болница изнесување на пример. Инаку ќерка ми е летно дете, ама имам од неа доста работи што ќе ги искористами не се замарам баш со бројки 50 или 60, така и нејзе и облекував така и на воа
Ќерка ми е март па сум ја облекувала со 56 бодиња и шпикозни дури и хулахопчиња памучни 56 , баш сеа гледам ќе пеглам. А имам и плишани шпикозни, хм можеби премногу сум ја облекувала. Ако е на плишени шпикозни тогаш боди на кратки и шпикозните. Без хулахопки и чоапчиња. Јас кога излегов од болница ми рекоа бебето да спие на темп од 16-17 степњни велев нели е ладно?? Ми рекоа поарно да му е ладно одколку жешко. Исто видов убави вреќички за спиење ќе земам исто само и тие се на број па незнам кој број да земам дали зампоголемо бебе бр 68 пр
Имам буквално нови 7 бодиња бели на прерамки од Marks and Spencer's, само етикетата им е извадена и се испрани а не ги носеше ниту еден ден зошто тие се за 0 месеци а мене бебе ми се роди преку 4300 со 54cm и мали му беа. Баш е штета да ги фрлам. Ако има некоја мама која сака да ги земе од општина Аеродром нека ми пише ЛП.
Јас се надевам дека најубаво ќе го сфатиш, бар јас за убаво го мислев. На овие теми епитетот мајка држи највисоки стандарди. Што подразбираш под убаво греење? Јас држев клима нон-стоп на 23 до 25 степени. Имав негде причитано дека е идеална за бебе. И + користев пречиствач на воздух. Сега се мислам дали пак да терам исто.
Исто, парното на 24-25 степени. Убаво греење викам дека тоа е топло за нас, ама за новороденче таман Исто и прочистувачи имаме во дневна и спална. Е сега, колку што памтам, препорака од болница за тт за бањање на бебе беше 25 степени, за во просторија кај што престојува бебуш (и ние) околу 22, а за спиење околу 18-19. Ние се придржувавме до ова правило генерално, па вака ќе тераме и за второво. Мене спалната и онака ми е поладна од другите соби, па таман е за спиење. Навечер секако ќе покривам со јорганче, и второво ќе ми е зимско бебе