Право си лежи но си ја врти главата и лево и десно.. нема некои пречки за да не може да ја врти... баш е убава перницата... мека удобна и лесна... ако си во можност оди во локо кроко и види ја на лице место .. ќе се сфатиш што сакам да кажам... и колку сум задоволна од перничето
Денес и утре сум слободна, денес перев нешто алиштенца на бебуш. Утре ќе одам на фризер, и да ги земам резултатите од брисевите. Имам обврски да докупам уште нешто што ми треба, и готово со пазарење. Мешко ми се спушти надоле. Бебе немирно мрда ли мрда. Којзнае дали ќе изненади пред термин..
И ја не планирам да ја наоблекувам, држиме топло дома околу 23-24 степена, ама здравје боже па ќе видиме кога ќе дојде време. Јас купував за малата тогаш шпикозни да имам за секој случај, да не залади а и не беше жешко лето, па од септември ги искористив, од 0-3 месеца беа, и така планирам и сеа да искористам. О Па и тие шо се од 3-6 месеца ќе можам со оглед дека некогаш е ладничко до Јуни Ќе проверам што имам, и ако ми фали ќе докупам. Иначе германците се лудило, ама така се јача имунитет Фала за комплиментот, одамна не сум слушнала убав коментар ми ја направи вечерта
Здраво мешиња, како сте Денеска некако не се изморив многу, но некако како да ми се стега стомакот во левиот дел прееска како да се згрчи и да се пушти.. исто и во долниот дел како некои тегоби мали болки нз.. дали се лажни контракции тоа или.. ? болки во колк, во ципи имам .. мислам дека ке се откројам кај да е.. среќа утре сум на доктор па ке видам што и како е се..
Девојки, како сте? Сакам сеа да ве прашам дали имате проверувано витамин Д во бременост? Каде се проверува? Јас го прашав докторот за ова и рече дека можам ако сакам, и тоа се проверува активната форма на витаминот. Јас сум сега 23+0 недела, денес бев на ехо, морофолошка анализа на органи, плодот според ултразвук е 22+6, така што добри се мерките. Наредно за задача имам проверка на скриен шеќер. Бљак Убава вечер, мешулки
Бабите ако веќе се присутни првите денови се за во кујна, да зготви, направи чај за доилки, да измие садови, да пушти машина за алишта, џогер и после да поседи кафе да испијат сите заедно. Од толку многу работи што може да помогнат првите денови без разлика природно/царски ниедна жена не треба тие денови да фаќа џогер на пример, а сите сакаме чисто за бебињата, и ова бабиве кога ќе фатат за тоа колку цица, како цица, малку му е... стварно непотребно. Мене од се најмногу ме нервираа констатации, ете не цицаше затоа не спие, гладно е, го боли стомачето, а тоа задремало па ќе се разбуди за 10мин ќе се доцица на пример, пошто не е програмирано како они што очекуваат. Тешко е да си првпат мајка, особено ако е малку нервозна мајка , како јас што бев, плус ако бабите имаат оформени ставови за секоја можна ситуација. Тогаш може и посериозни караници да има . Ама се тоа е минливо, сепак првите денови со бебе се незаменливи, кога си викаш: навистина ли јас го родив, и сега мое е, бар јас така си викав. Едвај чекам пак
Кажете дали постои некоја поза или вежба со која можам да придонесам бебето да се сврти . На секој преглед е карлично. Сега сум 30+4 . Првото ми беше правилно наместено, се породив природно. Не можам да замислам царски
Сум слушнала дека вторите бебиња може подолго да се карлично наместени, а после да си се свртат. Пребарај на google: elephant walk in pregnancy, има некои линкови за ваков начин на одење про кој земјината тежа помага за да се свети бебето. Ама морам да кажам дека јас не би интервенирала никако, по цена на царски пораѓај или друга, страв би ми било да се не се замота со папочна или дека има причина што баш така е наместено. Техникава не сум ја пробала ниту знам некој што ја пробал, ама интересна ми звучеше кога ја слушнав па ја запамтив
Има време до крај и кај мене бршр карлично крајот на 30та недела се сврти така да до последно не се знае се вртат кога сакаат.. не се секирај
Па после пораѓај со сите хормони у дисбаланс, мислам дека сите се малку нервозни. Абе баба ко баба, се радува, ама во право си за коментарите. И уште си коментира ама не се замарам веќе. Пред некој ден бебе имаше потешкотија да се искака, а она се погоди кај нас, абе тоа зборење како се мачел, како требало чај, како она знаела дека ако му ја соблече пелената ќе се искакал... И го оставив, и излегов 10 мин до продавница, доаѓам, цела уцрвенета исплашена, не знае што да му прави зошто закенкал, па почна да ми збори како све ова било нормално
За ова со колата ме потсети на мм пустиот за 40 мин стигнавме во Битола нуму да сум се породела бо кола што ќе правел Му викам вие со мојата матична да си се фатите по рака Она ме изрезили таму имаме хитен случај жената се пораѓа а рано е и сите зјапаа во мене чиниш готово бебе со глава виси а јас 1 прст орворена Рече одма тргајте подхитно јас дома се помотав уште 1 саат и дур се тушиеав мм сто пати тропна на врата шо сум правела А сакаше да биде присутен на пораѓајот ама кога дојде денот се премисли
Имаш уште време, нема потреба од никакво вежбање, може до 36 недела да се сврти. А зошто толку се плашиш од царски ? Мислам..и јас сум породена природно со првото, и ако даде господ и ако биде се во ред и со второво си сакам природно, ама зошто толку страв ? Да си со умисла царски не можам да разберам, ама ако не дај боже е итна ситуацијата тогаш е разбирливо..
Јас имам слушано и овде читано дека со второ дете побрз бил пораѓајот(дај боже) ама не сум обрнувала толку внимание. И свекрва ми сега скоро ми раскажува како на пријателка снаа и со прво и тоа жената од Скопје е, се породила во кола. И јас ко што сум режисер за "scary movie"  и продуцент на "Дневна доза нервоза" и одма ми се уврте некој филм во глава. А сакам да си се средам и коса да измијам и се. А не е се така брзо, ама ете колку да има за што да се плашам
Хахахаххахаха,обожавам вакви прикаски да слушам Смешки Мене кога ме фанаа болките, почекав уште малце да бидам сигурна оти е тоа, и после му викам "ајде стани време е да одиме " Кога рипна..одма вц, ваму наму, зема торбица и чека пред врата Каде бе му викам ? Ајде одиме ми вика.. Хахахааааа абе чекај му викам, кафе да се напијам, да се истуширам, една плетенка да направам косава да ми е собрана да не ми смета Он...тупка, вика ајде ма Скопје треба да одиме Смешки
А јас па си замислувам, кога ќе ме фанат болките ако се ноќеска да си фанам такси, и да одам сама Секако болница ни е за 10 мин пешки, а ао кола за 3 мин Па да не идел никој ноќеска, да ја чува малата, и да ме мисли Мажот ми вика..шо ти е ? Ќе ги викнеме кумашините да ја чуваат, сама ќе одела А ја имав колешка од Скопје, за второто кога ја фанале болките, немало кој, и сама си фанала автобус, и се клацкала 30-40 мин до државна
Да ,... врсници се.. тука некаде бевме со термините.. денес полниме 5️⃣ месеци .. перничката буквално ја искористивме до максимум.. што се вика маста и ја исцедивме.. 5 месеци спиеме на неа и уште спиеме до кога не знам... ќе видиме ..
Мајки од Скопје, ве молам препорачајте жена за чистење дома. Веќе не сум во можност сама да си чистам, напорно ми е многу
И мене не ми е јасно зошто толку се плашат од царски. Дури и мене паники ми прават кога ќе прочитам или кога ќе кажам дека најверојатно царски ќе бидам. Посебно мамите во support групите за скриен шеќер на фејсбук. Абе знаеш каква одбивност имаат кон царски, и кога нивните лекари ќе им кажат царски абе како мислиш светот им се срушил. Имаше една сакала со адвокати да му дојде на лекарот за да не биде царски... Американки се претежно, ама сепак не знам од каде таа одбивност. Од друга страна пак, сите мои најблиски другарки, братучетки и сл. се породени царски и ми велат ништо не е страшно, само треба да гледаш да станеш колку што можеш побрзо ( се мисли кога ќе ти каже докторот). Другарка ми и за двете деца без компликации избра да е царски, не можела да се мачи природно