Американците се влезени во некој си филм, со домашно породување, со топки, со базени, следам на Инстаграм многу жени, ама види и во ред е да биде така, природно си е природно и нема тука шо..меѓутоа ако не дај боже дојдат до опасност мора да се прави царски, тој е измислен за да се спаси животот и на двајцата, само финтата е шо во Велес на пример, и во Гак, па и во другите некои болници ( Сем Чаир,таму до последно си на природно) одма те ставаат на царски, и во Велес цело време ставаат на царски, зимаат повеќе пари, ги мрзи да ги чекаат жените. И јас не сум за царски, не го сакам ич, ама ако треба треба, не е дека си помалку мајка. И кај мене , скоро сите околу мене се царски, малку гличли се, сами си бараа царски Ама тоа е тоа..како сакаат така, не се објаснувам ја..
По свој избор не би царски, ама ако докторот процени дека така е подобро, ќе прифатам и не се мешам. За првото, тргнавме природно, ама бидејќи не се отворив воопшто и покрај провокациите, мораше царски. За второво ми кажа докторката дека заради историјата со првото и морфологијата на матката, ќе одиме пак царски. Ок, прифаќам, она сигурно знае повеќе од мене. И барем она е доктор што во секоја ситуација и секогаш е за спонтан пораѓај прво, доколку е можен. Ептен голема желба имав за природен пораѓај, ете пробав, се измачив и не ми се оствари. Битно имам живо и здраво дете и истото го посакувам и за второво. Не е битно како ќе се роди, битно е да е бебка жива и здрава
Поентата ми беше, цела земја преферира природно..само кај нас царски. Едниве нејкат да се мачат, другиве сакаат пари да земат оти платите им се ниски..и така
Дај боже са босе брз и лесен ама во болница не во кола До каде стигна ти како си уште колку има до средбата
Царски,кралски,како сака нека е,само да излезе живо здраво.. Не би бирала ни јас,а додуша овде кај мене нема шанси без индикација да прават царски,имам во фамилија жени и до 30 саати со болки што ги чекале за природно,со масажи на стомак,со шетање со нив,па јажиња има по собите,пилатес топки и останати чуда.Зборот ми е,дека се поборници за природно до колку се може.И да,присутво на близок е задолжително,ако не може партнер,тогаш мајката,ама морална поддршка според нив,треба да има. И на таткото прво му го даваат бебето,да го избања дур ја средат мајката,после оној бондинг момент со неа.Со мојот маж нема да е случај тоа,ке биде онесвестен познавајќи го @Vanessa9li те молам не ги читај Американките,ептен се избегани значи,мене преку апликацијата за бременост ми стига и дневен апдејт на мејл со се нивни форумски муабети.Одма ги бришам мејловите,на почеток читав,но ме вадеа од памет со глупостите нивни. После имам термин,едвај чекам да ја видам боксеркава,се надевам се ќе е во ред
Хахаха аантоа шо чекав и јас чекав И јас тука прашував оти не знаев дали е тоа тоа Па и се јавив на една деугарка да прашам дали е тоа оти мене почна грбот и жилата кај вратот почна да ме боле Си чекав од 3 до 9 сабајле да одам кај матичната и она по паника одма крена вика со кој си викам сама како ма сама викам така со такси дојдов Брзо вика сопругот викај и за скопје викам а шо ќе праам вика па ќе раѓаш Викам јас нема да раѓам скопје ќе одам за Битола вика добро де оди ајде одма не чекај викај мажот ти а јас пак си викнам такси и му викам бебето иде а он кутар спиеше станал се дотерал и чека. Јас и си раскренав кревер наместив се туширав и малку маскара си ставив и тргнав И попат јас офкам и он офка поддршка да ми дал А успат уме мислевме оти незнаевме како ќе се вика
Во која држава си ? И ја би сакала да искусам таков пораѓај, другарка моја е во Германија, и исто ти како што викаш,пилатес топки, масажи по грб, па у базент, абе милина..пошто тука никој не те гледа, ама господ да не чува секаде
Аа Флауер вака кога ќе биде опуштена ќе настане смак света Туку, друго да ве прашам нешто,посебно вас што сте имале вакво искуство. Претходниот четврток бев на контрола на ГАК дека калцификати на постелка имав и ми рекоа за една недела на контрола. Е сега, една недела е утре. А утре имаме куќна слава. Дали би можела да идам во Петок на преглед- еден ден плус од тоа шо ми рекоа?!?!? Знам прашањето е смешно, ама нели ем се плашам општо, ем заради калцификатите. Мм се смее, вика испрати гостите и оди раѓај
Можеш, ништо страшно за еден ден. Јас имав калцификати со ќерка ми уште од 6-ти месец кога почна да ми созрева постелката, па се породив точно на термин, полна 40-та недела. Контроли правев на 4 недели, тек после првото цтг во 36-та недела почнав почесто.
Еве јас за себе ке ти објаснам од докторски гледен аспект царскиот е операција за која е нужна анестезија.... Таа сама по себе е потребно правилна апликација за да нема компликации, после царски една од многуте можни компликации е народно речено преплет на црева..... За дијабетичари многу е потешко зараснување на рана секогаш и почесто доага до секундарни инфекции. Да не навлегувам во други можни компликации за кои сме учеле а е подобро да не ги знам..... На крајот на краевите ако се е сработено како треба приликом процедуре се и ке биде како треба. Мојата малечка беше во 24та карлично во 28ма главично поставена додека да и дојде време којзнае како ке се постави ама одам со мотото како ке каже Бог така ако реши дека треба царски царски нека оди.... Само не ги сфакам оние кои без индикации истиот го бараат веројатно тоа се должи на недоволна едукација на темата и општо познатиот муабет Царски бил за Царици епа мало сутра : D толку од мене на темава
Женички, при кашлица (не многу нападна но ја имам поради што цело време претходно ми се слеваше секрет од синусиве, па сега искашлувам многу малку шлајм) дали имате пиено некој сируп? Др ми е на одмор, читам на нет ама не знам дали да земам некаков. Имам дома од хербион-тегавец а читав од исландски лишај можело и за бременост...Сте пиеле ли некаков?
Фала ти @Sexybaby86Дека докторката кај што одев цела бременост на контроли тогаш ми рече, до 37ма требало да се породам и ме исплаши малку, а ете првпат со калцификати сега се среќавам и затоа сакав да си прашам
Јас пиев Хербион кога бев болна. Во аптека ми рекоа може за трудници, на природна база бил, а и во темава имав читано дека е безбеден. Инаку, не ми помогна нешто многу, да не речам ич. Се убив од кашлање цел месец скоро Пробај и со чај од бел слез и бронхо салеп на Докторс (има по маркетиве). Мукоплант сируп инаку ми се покажал најдобар и најефикасен, ама ете не смеел во бременост. @flower30 мене па ни еднаш не ми спомна докторката предвремен пораѓај заради тоа, а рано почна да ми созрева постелката. Ти секако си во безбедна зона, не се секирај, но сигурна сум дека уште ќе тераш
Кога отидов на ГАК и и кажав дека докторката тоа минрекла, таму докторката се смее и вика "де баш да видам што толку брза докторката" и се насмеа. После само ми рече "да, точно е се за калцификатите, ама демек не е стрсшно, има доволно плодова вода". За пораѓај не рече ништо. Ајде здравје (ако не ме фатат болки до Петок) ќе видиме што ќе кажат. Секако сега и под терапија сум за стрептококата.