Zdravo znam deka prasanjevo ne e za ovaa tema no na taa tema nema nikoj odg oddamna..imam kandida a bremena sum dali treba da me zagrizuva ili ne ? I dali se podobri vaginaletite DONAFIL ili gynodaktarin od vase iskustvo ? Fala mn
@*malenavolena*87 секој пораѓај е ризичен дали природно, дали царски. И другарка ми беше природно, па и се искомплицира шиеното одоздола, се инфицира, па се онесвести првиот ден кога ја пуштија од болница. И јас сакав природно се додека лекарот што ќе ме пораѓа не ми објасни: „Ти најмногу што можеш да се отвориш е 10 цм. Ако бебо има поголемо главче од 9.5 цм, јас не ризикувам да го породам природно зошто можно е деформација на глава и мозок, и да останеме со заостанато дете.“ Е сега бидејќи мое бебо навистина е понапредно во глава, јас се одлучувам за царски, не се плашам од анастезии и сл. зошто сум поминала до сега 2 операции (не царски, други делови од тело) со целосни анестезии па се поминало во ред. И да како што кажа @Dikinzi , кај нас фурат царски за се и сешто дури и без потреба, само и само да лапнат некој денар повеќе. Ама кога се работи за бебо, не се ни мислам, како ќе каже лекарот така. Плус за цревата, мислам не ги вадат повеќе како претходно што правеа. Не знам ќе прашам.
Мојата братучедка која што се породи минатата недела сама си закажала царски бидејќи нејќела да се мачи докторот на ехо видел дека бебебто ќе биде големи па голема глава а она ситна и ајде царски, па да не дремела на бокс ако не се погоди нејмиот доктор итн... Сите фрлија некоја пара повеќе и со спинална ја правеа. Фала богу се у реду е. Јас не би одела под нож заради лигавештини. Мене единствено ќе ме фати паника ако пример со спинална сум и вече нели неможеш да мрдаш нози тело од самата мисла ќе се онесвестам пред време како и да е тоа бебе мора да излезе на еден начин. Само се да е за добро. јас синоќа се утепав три часа пеглајки, почнаа половини са ме болат па си седнав на стол и си спуштив масичка и пеглав. Јас пеглам а ќерка ми дипли лелее радости сум помага и она голема ќерка на мама среќна и она. Испњглав се што имав од број 52 до 86 и имам се. Ибаво подредив наредив бодиња на прерамки на куси на кимоно и на долги буквално се. Дури не треба ништо да купувам ама ај ќе подновам нешто И легнав у 1 леле половини ме болеа нози колкови ауу страшно бебе почна да мрда се живо и диво ме болеше. Цела ноќ не сум спиела. Денес на раб од 8 станав у 6 како збркана сум.
За два дена влегувам во 6ти, но последниве 3-4 дена ме убива долниот дел од грбот, како да носам цигли на грбот. Не можам ни навечер да спијам. Не знам што да превземам, вие со слично искуство малку помош
Кандида е нормална појава во бременоста, Донафил не се препорачуваат во бременост, Гино Дактарин, Канестен исто се одлични и безбедни за бремени, ама битно, терапијата мора да ја земаш до крај.
Ништо неможе да ти помогне, тоа е. Јас сум 30 недела (29+3) и се ме боли дали од премореност дали од самата бременост ама тоа е. Освен појас малку да стега и држи стомак при движење друго не, ама и тоа не помага, магнезиум можеби. Одмарај повеќе. Како луда сум, сега седам и се мислам шо да сработам дома, демек се спремам се да е готово а уште милион пати ќе се иззвслка и пак исчисти низ дома, катастрофа. Дали од хормони, или нешто стварно не е во ред со мене у последно време.
И јас си заработив стрептокока. Докторот кажа дека терапија нема потреба да ми дава сега. Ќе ми дале на пораај кога ќе одам, т.с тие што ќе ме порамале, демек можам јас да пијам терапија вагинално ќе се исчистело, ама има можност да остане во цревата и да се пренесе на бебето. Сега немало ништо загрижувачко. Закажав за цтг за во вторник. Доле ниското многууу ме боли, едвај се движам. Нормално ли е да боли толку многу??
Најверојатно е нормално и јас тешко се свртувам од една на др.страна кога лежам, а по станување ми треба време да се раздвижам зошто ме боли долу и во препони. Мене ми е рано за цтг, за 2 дена сум 34 недела.
Јас пиев чај од бел слез, ама толку, три пати ако направив и ми помина некако. Знам дека хербион сирупот пишува дека не е доволно испитан за трудници и доилки
Здраво, веќе сум 12+0 и бев денес на гинеколог ми земаа брисеви, во понеделник ќе добијам резултати. Проверив и крв и мокрача. Крвта се е супер, баш како што треба,а во мокрача излезе дека имам леукоцити, па утре ќе треба да оставам прва мокрача во стерилна чашка и да чекаме резултати,ми кажаа детално ќе се испита за секакви бактерии и инфекции па точно ќе знаеме дали има нешто. Малку неодговорно од мене што дури сега го правам ова, но тоа е.. Приска нема да правам,дадов крв и за крвна група да ми проверат. Иако си ја знам дека сум негатив,морало да имам доказ некаков документ. И така денес цел ден на иглите и по доктори.
И мене почна сеа во 36 да ме штрека нешто доле кога стојам. А цела бременост немав болки. Нормално е ваљда, што сакаме и ние во 9 месец..
И јас незнам што сакаме хааха Мислам јас знам. Бебуш немора да чека термин може и порано да излезе, нестрплива сум. И сега си барам симптони дали пороѓајот се ближи
И јас едвај чекам да го запознам, ама нека поседи уште 2 недели барем страв ми е да не е многу малечко
Со првото се породена природно 26 часа со провокации без анестезија страшно беше споро се отварав, болки ненормални, но сепак би избрала природно. Не можам да замислам да ми го сечат стомаков, плус од целосна анестезија сум многу уплашена. Девојката која почина во санте плус при целосна анестезија поради грешна интубација ми беше другарка сеуште имам трауми. Докторите за царски земаат дневница како за операција и без потреба форсираат царски. Секако не би се мешала доколку морам на итен царски.
Ова беше страшна информација..не сакам ама ич вакво нешто да слушам. Ама многу ме интересира што стана со бебето ?
@Sandra456* земи Гино-Дактарин барем 7 дена, докажано безбеден и ефективен. Другите содржат борна киселина, која е токсична за фетусот, а освен тоа имаат и доста несакани ефекти. Твојата матична пак ме потсети на терапијата на @flower30. Инаку, целта на терапијата е да се оддржува одредена концентрација на лекот во крвта, за која се знае дека дава оптимален тераписки ефект, значи да се дава толку лек, колку што се излачува. Затоа некои лекови се даваат еднаш, а некои 3-4 пати на ден. Имаш добра дневна доза (2 g), ама битно е како ќе се подели во текот на денот. Пеницилините брзо се излачуваат од организмот, замисли, нивното полувреме на елиминација е само пола саат. Затоа и ти кажав дека ампицилинот не ти е правилно пропишан, за жал, ќе го земаш на интервали подолги отколку времето на елиминација, терапевтската концентрација брзо ќе падне под минималната активна концентрација и ефектот на лекот престанува. Поединечната доза на ампицилин орално е 1-3 капсули од 500 mg и се зема на секои 6 часа и ти препорачувам да го пиеш така (4 х 1), оти така е за сите пациенти, освен за оние со тешка бубрежна инсуфициенција. Можеш да прочиташ и во упатството, сигурно дека и производителот напишал така, на 6 часа, бебиња до 20 kg може на 8 часа, но никогаш на 12 за орална употреба. На 8-12 часа, само ако се дава парентерално. Освен лекарот да го има помешано со алмацин или друг антибиотик? Не планирав и овде лекции да држам, амаа...
Извинете, не сфаќајте погрешно, но не мора да се зборува за смрт на родилки, компликации од анестезии и слично, сепак трудници пред породување читаат. Ве молам не дискутирајте на такви теми во оваа тема, потресно е многу.