Никако, ќе имаш одреден период само главоболки, и после преку ноќ ќе ги снема. Мене докторката од Скопје, што ми помогна да останам бремена со првото ми кажа дека слободно можам да пијам аналгин по пола апче до 7 ми месец. Па така и правев, чекав да помине сама од себе, прво пробував на природна база, па после со кока кола, и на крај за да не се измачувам пиев пола аналгин. А за докторката можам да кажам дека е феноменална, искусна жена од 60 години, си ја знае работата фантастично. Така шо имам доверба во неа многу.
Бебето е билка има оштетувања на мозокот. Неколку месеци беше турција на лекување па во австрија но нема подобрување. Се храни со гастростома, дише на апарати. Долго време е оставен во утробата на Дебора без кислород. Покрај нестручните анестезиолози и гинеколозите имаа вина за бебето. Катастрофа од болница. И после две години болницата нема снесено никаква одговорност.
Мешиња се породив јас, имам синче. 37+4 бев, со провокација заради намалена плодова вода и претходна киретажа. Релативно брзо и лесно поминав, се’ заврши добро. Пресреќни со мм, заљубени во малото. Ви посакувам лесни денови до крај на бременоста, се читаме низ мајчинските теми.
Zdravo meshenca, sakam da prasam vo vrska so kiselinite, kraj na sedmi mesec sum me ubija kiselini sekako imam probano so hrana I nisto ne pomaga, vie kako se spravuvate so kiselinite?
Здраво, постојано читам секаде, не сакам да прашувам за работи за кои веќе има пишувано и можам да си најдам одговор. Но за ова не најдов, па ако може да ми кажете дали е нормално да чувствувам движења во стомакот.. Како мускул да ми мрднува или нерв. Ама не е тоа. Кога ме гледаа на ехо јас пак чувствував така и гледав дека баш тогаш бебенцето мрда. Ја прашав докторката она се смее и вика мало е за да осетиш, но има и такви кои во 13 недела чувствуваат. Јас сум 12+1 според првиот преглед, а вчера според мерките се проценува 12+5/6. И дечко ми не веруваше дека чувствувам па му кажав да ја стави раката а јас нема да кажам кога ќе почувствувам. И тој почувствува и самиот кажа, а јас само му потврдив дека и јас во истиот момент почувствував. Така знам дека не е психа и дека и друг може на допир да почувствува. Вие што мислите? Дали бебето мрда или станува збор за нешто друго?
Женски, најчест причинител на главоболка (доколку пред бременост не сте ја имале) е дехидрираност. Почнете да пиете повеќе вода, особено ако мислите дека пиете доволно Се смеам, ама многу сум озбилна. Дехидрираниот организам е лош и за мама и за бебе. Значи да не се заборава никогаш - витамини, овошје, зелемчук и мноооогу вода и ќе ја снема главоболката. Честитки!!! Само убавини да си доживувате заедно. Од се' што пробав, најмногу ми помогнаа непечени бадеми + две-три голтки добро газирана кисела вода.
Честитки да е живо и здраво. Нека кажат и други ама мислам дека е уште рано да го осетиш бебето тоа е уште многу мало. Јас првото уште се сеќавам некаде околу 18та го осетив убаво а сега сум 9та недела и ми мрда цел стомак ама тоа се мускули (не знам како да се изразам имаше клип како се спрема стомакот за бебето) и како сите органи се поместуваат па мислам дека за тоа станува збор
@kockichka Дехидрирана сигурно не сум, под 2-2,5 литри на ден не сум, понекогаш и три пијам. Секогаш до мене вода имам и навика ми е со години. И овошје секој ден редовно јадам. Не ми е од тоа сигурно. Но добар ти е советот, може некому од тоа да му е и добро е да се направи промена
Секако, не може сите да ги боли глава од една/иста причина. Кај мене тоа беше случајот, бидејќи многу повраќав и ми дојде паметот да пијам многу вода откако сакаа да ме задржат на патолошка заради дехидрираност. Затоа од време на време пишувам за тоа, за да прочитаат и новите мешиња, да си сфатат озбилно, бидејќи дехидрираност може да доведе до серија други глупости. Затоа, кога ќе почнат главоболки, прво што треба да се стори е да се пие повеќе вода. Ако болката не престане, значи е друг причинител. Во секој случај, од повеќе вода глава не боли.
Бебето тогаш е околу 5-6 цм како што знам, не верувам дека го чувствуваш. А и кога ќе почнеш ти да го чувствуваш (во просек 20 недела), ќе треба да помине уште време за да може некој кога ќе стави рака да го осети..
Јас од моментот кога дознав дека сум бремена го немам исчистено. Се плашам од доместос, полирапид и сл. Знам дека можам да купам средства на природна база ама си ќутам. Дечко ми без проблем си чисти, дури ќе ме однесе некаде на гости или ќе си искочам на кафе за да 'не сметам'. Убаво ми е вака, па да искористам уште малку Иначе, чистам и јас понекогаш (прашина ќе избришам, ќе пуштам правосмукалка), не е дека го експлоатирам.
Оли и мене ме мачеше често главоболка и гинекологот ми препорача да следиме притисок, дозволено во бременост е до 140 а мене ми беше цело време над тоа, сега за сега сум на Б6 3×1 и сега за сега е во ред ми се стабилизира. Проверувај почесто можно е од притисокот да се главоболките и несоница.
Го проверувам и тоа Досега ми е нормален притисокот. Верувам дека е моментално и поради зголемена циркулација, на апликацијата ми излезе дека можно е главоболки да се појават од тоа. Среќа не ми се некои страшни и среќа не се по цел ден. И како да ми олабавуваат, па затоа велам ќе поминат.