Од денес 32 плус 1 бев на контрола и прв пат направив цтг , бебо расте 2400 грама и 46 сантима. Докторот ми рече тешко дека предвреме ќе дојде и од денес на секои 2 недели цтг. Се повеќе ме фаќа еуфоријата еден момент замислена, друг момент расеана, трет момент полна со енергија. Неделава ќе ја завршиме собата на бебо и ќе исперам се што имам купено и потоа останува да го чекаме.
Дали некоја од вас била на масажа за трудници во Скопје? Најдов на google, ама препорачајте ако знаете некој/а или студио
исто и јас осекав 'нешто',кое го објаснувам ккако пеперутки во стомак...скокоткање од внатре...Така дауживај мајка
@rainbowmama честитки, нека е жив и здрав бебуш, среќа најголема да ви биде Ти посакувам побрзо опоравување и спреми се за гушканции еден тон
На моето бебе главчето беше 10.5 и затоа не ризикуваа воопшто со природен пораѓај. И јас сакав природно, ама кога ми ги кажаа ризиците, одма се согласив за царски. Сепак знаат докторите што прават.
Може ќе ми е смешен коментарот но јас сум загрижена 28 недела сум и бев здебелена само 5кг. Сега се качувам на вага гледам сум ослабела 3кг во други услови многу би се радувала но незнам дали ова штети на плодот. Навистина внимавам што јадам поради шеќерот, но се надевам дека не сум направила некоја глупост. Утре сум на контрола кај Трајковски, одвај чекам да го видам буцко дали е добар
Значи мене овие моиве ќе ме пореметат. Цел ден имам болки и сега им викам татко ми да ме носи на лекар, а мајка ми да седи со мм и ќерка ми дека ќе имаме гости. Резултат - мм го заболел желуднилот од страв оти имам болки, татко ми се плаши да ме носи сам, мајка да одела со нас И ми вика мм разбери не. Е кој треба да биде разбран јас со болки или сите околу со страв?! Се напив Магнезиум да видам дали ќе се смират болките. Ако не одам. Последниот пат кога бев ноќта во 1ч колку беше страшно, никој немаше.... Ај дај боже да ми помине, да одам утре сабајле
Ако смеам да дадам мислење, од што претпоставувам дека ти е. Читав имаш кетони во урина, значи си влезена во кетоза. Позната ми е оваа состојба и настапува кога се внесуваат многу малку јаглехидрати. Во тој случај се слабее, се исфрла многу вода и затоа си ослабела. Сега ако почнеш да јадеш јаглехидрати, ќе ти се вратат минимум 2 кила бидејќи јаглехидратите врзуваат вода. И кога си во кетоза, може помалку да ти се јаде, можеш цел ден да не јадеш и да не осеќаш глад. Ти гледај јади и во случај да не ти се јаде. Ќе си го видиш буцкото утре и ќе биде сè во ред.
Искрено,сакам да можам да одам утре. Оти ноќе ми е ептен језиво. Ама ќе видам ако продолжат болките ќе одам. Јас многу се плашам и дека имам тахикардија и качувам притисок од страв. И многу црни мисли ми се вртат низ глава
@flower30 легни си и качи нозе нагоре,мисли најпозитивно што можеш.Гостите нека те извинат,а и нема што да се лутат и м.т да дојде со тебе на клиника.Се знае што е приоритет сега.Те гушкам и праќам само смирувачка енергија.Издржа храбро со сега,наскоро ке гушкаш бебче и се ке си дојде на место @rainbowmama честитки Мајка,живи и здрави да сте сите @mici-22 ова што ти го пишала Оли скроз “држи вода”.Ако си влезена во кетоза,многу бргу се губат кг,но за среќа брзо и се излегува од неа.Внеси комплексни јаглехидрати за да не ти скока нагло шеќерот.Интегрален ориз,паста има полнозрнеста во сите маркети,грчки јогурт или зреено мрсно сирење.Без грижа,буци мал ке е супер утре
Се е точно што пиша срцка, не дека гладувам ама јх ми беа сведени на минимум. Веќе неколку дена сум појачала исхрана со јх па ќе видиме утре, ќе проверам и кетони повтроно. Само не можам да разберам кетоните каква штета прават во бременост?! Чекај ме утре со убави вести од кај Трајковски
Фала ти многуДа беа онака гости ок, ама имаме куќна слава и мене ми е безвеза да нема никој дома од домаќините. Седам, малку намалија болките. Ќе видиме до после како ќе биде. Искрено едвај чекам да се породам. И пак ќе кажам, само да не чува Господ.