Нека ви е вечна славата, седни одмори, може ќе се смират, ако не се смират тогаш оди. Со добра мисла само
Ако си внесла јаглехидрати, ќе ги снема кетоните. Знам како е, на времето имам држено протеинска диета без јаглехидрати и затоа познато ми е. Без гајле, нема ништо лошо да се случи. Повеќе се оптеретени бубрезите поради протеинската исхрана, но ти не се храниш така со години за да има штета. Немој да се грижиш, само излегувај од кетоза или повремено каснувај јаглехидрати за да не влегуваш во кетоза. Ќе те чекам да пишеш како си поминала на преглед, Трајковски најсупер прегледи прави, и јас едвај чекам да одам
Секој преглед кај Трајковски ми е најдетален скрининг. Незнам зошто одев по Систина и Ремедика кога тој најдетално и најубаво ме гледал. Обавезно утре ќе пишам како сум поминала... Бацки
Добро утро, @Dikinzi фала на прашање Издржав вечерта да не отидам, ама ноќта од 3-5ч имав јаки болки и отидов сабајлето во 5ч. На цтг не покажувало болки (а стомак ме кине), сум била 1,5 прст отворена, ама (веројатно со абдоменално ехо измери) дека цервикс ми бил 2,5 см. И пак притисок имав Не многу висок 135/95 ама паникава ме уби. И ми рече докторката што беше специјализант, а на извештајот стои Катерина Маџункова (а девојкава беше друга дефинитивно) бидејќи по телефон прати слика од цтг и се слушнаа и ја чув рече др. Маџунков. И ми рече денес околу 12ч идам, секако требаше на контрола. И од 6.30ч откако се вратив до сега пак ме боли стомак, сега веќе и чепот испаѓа (контракции може не знам, ама за чепот сум сигурна). Ме плаши многу што качувам притисок од страв, другото ќе се издржи. Денешна Св. Петка нека не чува сите.
Ајде со лесно, штом тргнало ќе биде Мене патронажната кога ме прашуваше околу раѓањето,ми рече природниот процес на породување започнува со прва болка 24 часа пред раѓање,така и беше кај мене, во среда ноќта во 3 први болки ,се породив во 2:45 во четврток. А чепот ми се цедеше една недела,бело жолтеникав лигав секрет. Кога отидов на преглед после 15 часа од првите болки ме прегледа дежурна докторка со рака, ме здоболе ,викнав,ми вика за твое добро да те подраширам да се отвориш побрзо, сега си 3-4 прста. А две недели претходно друга докторка ми рече 2 прста сум била отворена. Нема правило
здраво мешиња да ве прашам страшно ли е ако го носам ниско бебушот зашто страв ми е на работа нон стоп по скали треба да се качувам и местото малку го притискам...а и од завчера некоја болка кај слепото црево бев до државна на ургентно али тие неписмени наодот не ми го дадоа и сега незнам што да правам скапав со болки таму 5 саати буквално...на ехо не гледале ништо као се ти е ок а болки ми останаа...една сестра вика може бебушот лошо со главата да ти е наместен и да те стиска ама незнам....
Фала тиСе надевам ќе биде брзо. Инаку , знам. Мене со ќерка ми, ми паѓаше чепот 5 дена. И во недела вечер отидов, бев 1 прст отворена. Ама имав болки и одев секој ден и што ме проверуваа со рака се доотворив до 3-4 прсти и ме примија. Ама сега и ме чудеше, јас болки имам а викаат на цтг не покажувало. Му викам на мм "го обрав бостанот штом вака е"
Ајде со лесно Цветче, брзо ќе биде. Знаеш дека кај второротки побрзо оди процесот, не се плаши Пуштам среќа да поминеш лесно како песна
Оо отвоја уста во Божји уши Дај боже да биде брзо. Дај боже сите да се породиме лесно ко песна Еве, сега излегувам од дома, па ќе видиме што ќе кажат. А многу сакам да се породам денес Фала ви на сите, ве гушкам После ќе пишам
И ние од вчера сме 32 и кај нас така напредно во килажа 2500гр.. и во недели како понапред 2 до 3.. сите ми викаат големко тебе што ти велат? а за замислена и јас така почнува мислам страв да ме фака на моменти паника..
Ајде со лесно цветче.. не се плаши и не се паничи мисли на бебушот и само позитивно .. се ке биде како што треба известувај не како врвиш..
Моја колешка за царскиот има една изрека .. раѓаш ко царица а после си офкаш ко магарица.. на прво слушање ми беше смешно но подоцна кога се ми објасни детално сфатив шо сакаше да каже.. среќа имав што се породив природно и покрај тешката бременост и тешкиот пораѓај...
Уф генерацијо и мене на моменти ме факаат благи паники..... Па дали прета од што и е убаво или нешто и смета Па дал да чекам до 34та кога имам преглед па ме боли мем жеже срамната коска па секое одење во тоалет детална анализа на урина и хартија правам СрекаС одам на работа па немам мн време за размислување иначе овој период веке ке почнев да забегавам