Мене ми прави цтг, потоа ехо, но не вагинално. Само да напоменам дека од порано ми прави цтг, не сум се уште 36та недела.
Мене во 33+ ми рекоа дека е 2180.. Големко твоево машала.. Јас се плашам да не се породам сега па нема ни 2500 ..
@Starlič легнуваш на кревет, ти ставаат 2 ластика на стомак и 2 апаратчиња. Лежиш, зависно 15-20 мин. После те праќаат на абдоменално ехо. Доколку имаш болки те проверуваат со рака дали си отворена. Мене само еднаш ме болеше многу проверката со рака, ама таа сестрата ко да се учеше на мене. Инаку не е толку страшно. Кога имаш болки или си малку отворена, тие прегледи потпомагаат да се доотвориш. @Lorins @Miss.N
Тој преглед со рака од такт ме вади, страв во коски ми става. Јас во вторник закажав за цтг, тогаш ќе бидам 36+3 се надевам дека нема да го има.. Ма да одам приватно, искусни се докториве, немаат никогаш деца што се на обука, може нема да ме боли толку многу. Утешете ме..
Искрено, втора бременост ми е. Преглед со рака до сега сум имала 7-8 пати. Само еднаш ме заболе многу, ама искрено девојчето не знам дали знаеше што прави. Друг пат, не било толку страшно. Ок, не е толку пријатен, ама не е страшен толку. На приватно не сум била на пораѓај, ама верувам е подобро многу
Не е толку страшно ко што се кажува, не се плаши И јас вака ко тебе бев преплашена првата бременост, ама не боли (освен кога веќе ќе имаш болки за пораѓај и плус прегледов ) На приватно се и понежни Мене секогаш после цтг ми правеа абдоменално ехо, а преглед со рака имав тек во 39-та недела (и еднаш претходно во 28-ма, тој ми беше прв во бременоста)
Јас цтг ќе правам кај матичниот гинеколог. А ќе се пораѓам во Чаир. Така се договорив со матичниов. Да ме следи он до крај и кога ќе чукне тапанот трк во Чаир.
Аа па дека рече на приватно, јас разбрав таму ќе се пораѓаш. Ајде тоа не е страшно. Ти една недела си пред мене
Сакаш да се тркаме Ти каде ќе се пораѓаш? Иначе јас сум направила згрешка хахаах 35+3 сум не 36 хахаах така да баш ќе се тркаме
Леле исто си го мислев вчера, дури му се изнаплакав на мм. Паника, што ако родам, а бебо уште не е доволно големо Значи не се поднесувам во последната недела, се некои мисли ме маваат. На последното ехо рече одговара на неделите ама не ми кажа точна килажа, па според мене некаде 33+ недела е некаде 2100. Едвај чекам да поминат овие две недели па пак да отидам на контрола, па да си прашам колку точно тежи. Плус нели последните недели повеќе се збуцнуваат бебите наши, така да за две недели може и +500 гр. да качи. И друго, зошто бе мене никој не ми кажа за цтг од 32? Веќе сум 34+, само бракстон хикс знаат да ме стегнат еднаш до двапати на неколку дена ама ништо друго не осеќам. Да не треба сама да си побарам цтг?
Женски пишав и во групата килограми во бременост ама оваа е по активна Дали е нормално да се слабее во бременост? Бремена со близнаци 30 недела бебињата добро напреднуваат, почнав со 70кг пред некое време бев 76кг а сеа сум 73кг. Јадам по три оброка ама само тонус леб, млечни производи,јајца,брокула,спанак,боранија,салата. Друго избегавам заради тоа сто малку ми беше покачен скриениот шеќер.
Не е препорачливо, но можно е. И мене ми се случи кога сменив начин на исхрана поради скриен шеќер околу 3 кг. сега имам накачено само 5 кг од почеток на бременост. Следи килажа твоја и на бебо, треба да одете напред со килограми. Кај мене ептен се вознемирија од ендокринологија кога им реков дека одам надоле со килажа откако ме ставија на диета и ми кажаа дека не смеам да слабеам. Сега се вратив во нормала, но си внимавам колку одам јас нагоре колку бебо. Се дури он оди напред јас сум среќна. п.с. воведи и 3 ужинки помеѓу оброците. Не мора по многу, една овошка или цеден сок од портокал/лимон, неколку јадкасти плодови. Јас јадам на секој 2 часа.
Кај мене докторот вика само супер за него не е многу големо мислам воопшто ништо не коментираше само рече само вака да си продолжи . Колку килограми имаш покачено од почетокот јас почнав да стагнирам во качувањето и поарно, бебе нека расте мене ми се доволни . Инаку мене сите прегледи ми се абдоменално ехо и вагинално ехо и тоа со раката исто , па веќе се навикнав и баш вчера маж ми ми вика сега те болеше ли , викам не веќе навикнав . А тоа цтг воопшто не е страшно јас си мислев што и како е. Бидејќи веќе се збунувам со начинот на прегледи во Македонија и тука почнав да не читам повеќе предвреме и се препуштам на рацете на докторот
Здраво мешиња, ве читам за килограмите и се загрижив малку. 29+4 сум и немам ни кило качено со 62 почнав толку сум и сега. Дури еден период и ослабнев околу 2+3 кила..
Колку што паметам со првата бременост, не ме болеше прегледот со рака, само незгодно што е Претпоставувам само дека докторот или си има свој принцип на работа кога почнува со цтг или зависно пак од бременост до бременост. Се мислам мк покасно почнав со цтг, а овде само што почнав 32ра недела почнаа да ми прават цтг. Можиш да си прашаш кога почнувам со цтг ќе ти кажи. Инаку за килажата, моето 33та недела тежи 1800, прилично мало, само се надевам до крај до кај 2 и пол да стаса.
@Starlič ајде, ама ти после мене си. Ај дај ми предност Таман нема да ве замарам вас, ќе бегам во Мајчински, таму ќе се нервираат од мене @Dikinzi фала Инаку, Леси се врача кучи Цтг- то било добро. На ехо ме гледа докторката, не ја знам, др. Чибишева и ми вика " ти кажале ли дека бебето ти е помало"?! И реков пред 3 недели ми рече матичната дека една недела поназад, после другата рече ок е. И вика по менс. си 37ма, а инаку 34та недела. И пребледов. И после ми вика, ама конституционално е бебето помало. Па и кажав дека ќерка ми во 39та ја родив 2600гр.,а јас сум се родила 2500гр. Е ми вика ок е тогаш, и двете деца значи како тебе се. Ми рече плодова вода доволно, добро е бебето. И за 5 дена на контрола. И кажав дека сабајле ме прегледаа и 1,5 прст сум отворена и сабајле имав исцедок. Вика аа чепот е тоа, ти кај и да е ќе се породиш. И така сега сум дома. И веќе не знам при какви болки јас да одам во болница јас со овие од ноќеска болки викам ќе раѓам, они ми викат нема значајни болки. Значи биче веселоДа земам да си викнам една бабица дома со мене и да си раѓам За сега толку од мене, одам да пијам кафе и да се перам(сабајле да си отворам кока колата во кола, ко шампањско да отворив, пола бев полиена со кока кола). Среќа за таму се засушив колку да терам прегледот И фала ви уште еднаш што ме трпите и ми давате поддршка