Не се стресувајте за цтг пред 36та недела. Во ГАК ако отидете ќе ви речат за цтг после 38ма недела, конкретно Иво Ќаев. Јас во 37ма на мое барање кога правев цтг сестрата што прави цтг ми вика зошто волку рано правиш цтг? Инаку прв преглед на гак ми беше на 36+2, ме ѕирна на ехо, добро е бебето, има вода,добра постелка,дали имаше проблеми во бременоста, контрола за 3 недели и толку. Јас очекував тогаш и цтг и преглед со рака,а особено и вагинално ехо зошто имав скратен цервикс кој во последните недели беше во нормала(му го кажав ова) ама ништо од тоа. Сепак си одев на една недела на контрола, болки ме фатија среда, четврток ноќта се породив, ако чекав четврток сабајле за контрола(после 3 недели како што ми рече) ќе си родев дома
и јас исто стагнирав со килажа .. 10кг од почеѕок до сега.. и подобро шо не ставам.. докторите викаат супер е само дека е малку поголемко ) можи и порано викаат пред термин дрка напредува како за 2 - 3 недели.. на следниот преглед почнуваме со цтг
Бев излезена некој саат, а ми се одеше во тоалет па дури стигнав дома ме фатија како болки долу.. како остра болка која трае неколку секунди.. уште ја имам.. од тоа е или нршо др??.. се загрижив..
Да дадам отчет како поминав Проверував кетони и пак имам но намалени се, од 3 плуса на 2. Од таму кај Трајковски и сега екстра Чоекот ко дијазепам ми хеххе Буцко добар, 2 недели понапреден, но вика може да се и гени,маж ми е баш голем хехехе а и 5200 е роден Плодова вода супер, постелката на заден ѕид местимично со калцификато(што и да значи), важно ми рече нема потреба за ништо да се грижам и јас и буцко сме супер. Кога и да се породам после нова година е одлично. Дури за три недели ќе ми закаже во Чаир контрола, кај докторот што ќе ме пораѓа и 99% ќе е царски. За кетоните и шеќерот ми рече ич да не му ја мислам, да си продолжам како до сеа, само повеќе јх. И така мама е сега супер расположена и смирена, за ручек ќе си каснам интегрални макарони и ќе си уживам Сори за долгиот пост, но морав да споделам хехех Бакнежи мамички
Jас утрoтo пред да се пoрoдам на ЦТГ не пoкажа ниедна бoлка а jас немoжев да станам oд креветoт, ме прегледаа сo рака викаат не си oтвoрена и не се oвие тие бoлки. Си пoмислив oвие не ги трпам какви се вистинските?! Вечера пак oтидoв вo 9 oд бoлки и кoнтракции на 7-10 мин, ЦТГ пoкажува бoлки а jас самo 2 прста oтвoрена сo неиздржливи бoлки. Се мислеа дали да ме примат и му викаат на мм иди дoма дo сабаjле не се пoраѓа... Се пoрoдив вечера вo 23 и 45. Значи инвидуалнo е Сo леснo Цветче
@mici-22 Ајде сега раат да си си. Не ми се верува дека веќе за породување зборуваш, како вчера да беше кога те прочитав дека си бремена За убаво да е! @flower30 Tе следам цело време и не знам што да ти пишам. Само со лесно да е, се ближи полека моментот да си го гушнеш бебенцето, тоа нека ти е во мисла. Породувањето ќе помине, ќе си го земеш во прегратка и после ќе се гушкате четворицата. Има ли поубава мисла од оваа? Со лесно и на сите што сте при крај.
Да се јавам и јас, ве читкам редовно но во гужви нон стоп и така. 37 од денес Да се надоврзам за муабетот со цтг, прв пат правев во 36 недела, минатиот петок точно. Не дека е страшно, ама кичмава ме уби од лежењетоАј бидна тоа,, др вика да се повтори пак, си викам кој ќе лежи пакНе знам шо беше работава, бебче размрдано максимално,болки немам. Цтг, па ехо преглед, 2900г бевме на последнава контрола, таман си е за неделите. Плодова вода ок, постелка 2-3 степен на зрелост. Преглед закажан по 5 дена, бевме пак, пак исто, цтг и ехо. Постелка сега 3 степен зрела, ОПВ нормално. Контрола нареден петок Не размислувам за породувањето и така ми е подобро на психа, инаку нормално прв пат, имам свои стравови, но ќе биде се ок, се надевам. Куферче спремно за во болница, но мислам ќе го чекаме декември со бебче Со лесно убави мајчиња
Здраво мешки, И јас да пријавам дека денес ми е краен термин и по правило се прави контрола. Ми рекоа дека цтг-то ми е супер, 10-ка (не знам што значи тоа, ако знае некој нека ме просветли ). Бебушка е супер, 3900 е, прета како ждребе. Вода има, постелка топ. Со рака не ме прегледа, значи останува дека сум 2 прста отворена од понеделникот. Абер од породување нема. Не знам дали е до ставот дека решив да мислам позитивно, ама супер се осеќам. Имам болки и нелагодности, нормално, бебка е голема и прета со се' што има, буквално- вчера осетив боксови, клоци и глава во исто време, цел стомак ми се деформираше. Ама игнорирав болки и се смеевме со мм и ќм, пеевме и игравме. Си добив и масажа. Ова најмногу го пишувам за @flower30 Да те уверам дека ќе биде ок, врти на игнор и игра. Знам дека е тешко да се направи, ама пробај. За мој атер .
@Larahappy па и јас тоа си викам, јаки болки имам, а не покажува на цтг. Ама ајде ќе видиме @0ли фала ти @kockichka знаеш дека вчера дента кога имав болки, лежев и на тебе помислив. Колку смирено ми пишуваше и викав ќе те послушам. И затоа и не отидов цел ден. Ќе те послушам и сега (не ветувам многу де, ама ќе пробам)
Денес бевме на ран скрининг. Според претходниот преглед сум 12+2, според денешните мерки на ехо сум 12+5. Докторот ми покажа се од органи што како. Не можеше да му измери нухален набор и носна коска. Ми вели инаетливо бебче и го чекавме да се помести, ме тапкаше по стомакот, ме тераше силно да кашлам и на крај успеавме да го фатиме добро наместено и се измери се што беше потребно. Според докторот се е во ред. Приска не правев и ми кажа дека немало потреба. Полот не можеше да го одреди, не беше сигурен и рече дека ќе почекаме.
Туку друго ме мачи сега. Јас и кажав на докторката прееска дека сум отворена и дека ставам вагиналети. Она ништо не ми рече. По порака ја прашав матичната, она ми рече смеам. Мене шубе ми е така Сте имале вакво искуство до сега?
Какво цтг од 32-ра, рано е тоа, освен ако имаш некои проблеми во бременоста. Мене прво цтг ми беше во 36+, и правев по едно неделно до 40-та, тогаш се породив. Уживај си и не се замарај, ќе ти каже докторот кога ќе треба
Ја чекав 28ма недела, па 32ра, па 34та, и еве со една нога ја стапнав 34та. Малку ми олесна на душава дека се ќе е ок, иако моменти на страв ми беа тоа, ако земам во целост, со некоја мала паника ја поминав цела бременост, ама генерално убава и спокојна до сега. Ќе даде Господ така да си го дочекам бебенцево. Цтг во минатата бременост правев од 35та, ама онака ај напрај едно беше работата, иако бев со некој ризик фактор. Сега ми рекоа регуларно од 36та, здравје до тогаш планирам да сум релативно спремна, испрано и наместено место за спиење на бебето. Има ли искусни мајки на зимски бебиња тука? Како ги вадевте од болница бебињата? Скафандер не доаѓа во предвид, ќе го сварам додека е внатре, ај подебелка облека ќе најдам ама страв ми е со какво ќебенце да го покријам а да сум сигурна дека нема да го смрзнам, сепак не знам дали во некои ептен минусни температури би било тоа
Памучно комплече, ништо посебно наоблечено. Одозгора ќебенце. Од болница до кола и дома, ни 2 мин нема да е надвор за да го тунташ.
Болки може да ти се јават и ако ти се моча многу, или ако имаш гасови. Мене така ми се дешава, а пошто и малото ти е ао главчето надоле, апочнува веќе да се спрема да си направи пат, не се секирај... од тоа боли
И јаа знам дека цтг се прави од 36 недела нагоре. Секоја недела по едно цтг додека не се породиш..сем ако надминеш 40 недела како мене па секој втор ден да одиш на цтг
Девојки да прашам дали некоја планира да се вакцинира против сезонски грип ,веке слушам почнале вирусиве па ме интересираат искуства , колку се безбедни вакциниве за бебечо ???
И ние со мм баш вечерва на тв слушнавме дека почнала вакцинација за трудници па мм паничар одма ајде кога ќе одиме да ја примиш....Малку ми е страв за бебко,дали се безбедни,ајде можеби некоја трудница што се има веќе вакцинирано ќе сподели искуство...