Не не не е законски , само ме интересира колку се безбедни , а некако страв ми е да се вакцинирам а и се плашам од вируси , нека не чува Бог , повеке витамини белки ке издржиме
@Fallen.Angel честитки, со среќа нека ви е. И јас да ти кажам не е убаво да го стегаш стомакот, иако уште е мал. Сепак притисок е тоа. А има убави труднички фармерки, можеш да си земеш и таман и да не притискаш на стомак и убаво изгледаат. Денес глава ме боли цел ден. Пијам второ кафе(а цела бременост само по едно пиев). Ама џабе изгледа, не поминува.
Слушнав и јас за вакциниве. И не планирам да се вакцинирам. Со какво потекло се тие вакцини еден Господ знае ! Па плус и во бременост , да не е ризично ?
И јас не планирам да се вакцинирам. Којзнае какви вакцини се тоа, и од каде се донесени. Внесување доволно витамини и ќе си ги истераме бременостите до крај како што треба. Претходно мислам ги немало тие вакцини па пак било се како што треба, фала му на Господ.
32+2 стигнавме синоќа примивме флорестон, вечерва пак.. болките како лажни контракции, цервиксот е добар само на едниот дел има промена и поради тоа да бидеме на сигурно затоа примивме за зреење... Се надевам ке бидеме подобро, денеска цел ден одмарам лежам ставаме и утрогестан наутро и навечер.. Дај боже се да биде во ред секаде .. постојано нешто има да не сме раат.. само да се родат здрави и живи само тоа се молам.. паники, страв, стрес скоро секој ден..
Те сфаќам многу добро. Ама штом е така, само строго мирување. Не знам веќе колку пати и на колку трудници го кажав тоа. Мирувањето, секако и терапијата, многу помага. Не е страшно, ајде си ги примила инекциите за секој случај. Пиј и магнезиум и само мирување. А праша за брисеви дали да правиш?! Јас кога имав контракции, и сега во 9ти болки кога имав сите доктори прво за тоа ме прашуваа. @Dikinzi ти како си? Имаш пак крварење? Ја изумив која недела си, ама мислам ако имаш крварење барем појди си на дежурен да те ѕирнат за секој случај, да не чекаш Понеделник. Така јас би направила
@Starlič @Lady Leona @Dikinzi дефинитивно ни јас не одам , витаминчиња и ке си направам мед таан и семе од коприва за имунитет било добро , па свежо цедени сокчиња и ке помине зимата , денес чекајки за конзилијарно имаше трудница ептен болна па и уште расприкажува кашла ли кашла, да не ме сватите погрешно јас да би била во таква состојба би стоела понастрана би ми било жал да не разболам друга трудница, но тоа е се пожалив малце , иначе дали некоја осекала болка од десна страна ? Ме видоа на ехо на десен бубрег немам ништо , имам на лев камче а ме боли десно , понеделник уролог ке ги види резултатите црп ми е покачено докторката вика не е индикатор за ништо да го поновам пак , си велам да не боли бидејки бебо е со главче од таа страна па да притиска на нерв некој? можда лупам глупости не знам , ваше искуство ? Иначе сум 18+3 засега е се во ред освен болкава а искрено перницата за трудници ме спаси , барем навечер не ме боли , малце како во бункер сум ама ептен е пријатна ич не жалам за парите хахаха ајде се заборавив во пишување
Им кажав на моите, знаат од пред една недела. Ама кога кажувам на други роднини се чудат како ништо не се познавало, туку само така сум била здебелена.
Здраво на сите! За вакцините-јас не би!!! Еве скоро 3 недела сум со слаб настин ама на природна база гледам да се лечам а работам со деца, постојано шмркаат,кашлаат ама си велам тоа е, само Господ да не чува. @Fallen.Angel -Честитки и многу љубов во заедничкиот живот! Јас од утре влегувам во 17 недела, и можам да кажам дека видливо почна да ми се познава стомачево Инаку носам веќе труднички фармерки, мн ми се удобни ама јас и од порано (значи и од кај 12 недела секако а можи од шубе и уште порано) пазев да не се стегам во старите фсрмерки, носев едни покомотни бидејќи кај така ми беше лошо, па и ако ми беше стегнат стомаков уште повеќе ми беше мачно. И јас мислам не е убаво да те стега нешто. Инаку мене ми потпоминаа некои нелагодни болки што ги осеќав, сепак ако се наведнувам или нешто ако подработам пак ме затега по малку и ако пешачам обавезно осеќам како лигаменти да ми се тегнат. Ама, се тешам нормално дека е. И значи навечер ми е најголемко стомачево Сабајле не толку, а сношти подоцна вечерав -кога се наду од под градиве дури и ми беше смешно. Засега тоа е,Поздравче
Мешиња дали некоја од вас го има овој топломер? Купен е од Германија. Ако може да ми објасни како функционира.
Честитки, со среќа нека ви е Иначе, за мешето и рано е да се знае, на некои почнува да им се знае после 20 недела, а ако можеш нешто по комотно да носиш супер би било, за да не се стегаш, за килажата би ти рекла ако нејкеш да качиш многу, леб, газирано и благо не, и тоа е тоа Охооо, не да е нормално Уште некоја недела и да видиш како ќе ти се деформира мешко Многу е интересно, може да се деси на лева страна или пак само на десна да ти биде цел И нормално е 29 +5 сум. Не беше баш како крварење, него кога се избришав со влажното мар. имаше ептен минимално крв, како да ти зеле крв од прст, и кажав на докторката, чим не рече оди право на доктор ..не паничам и ради тоа. Гледам да сум опуштена, да не се стресувам ко со првото, оставам на господ се...ти како си ? Болките? Таман работа да не издржиме, јас плус и малата во градинка ја носам ,па и она од таму плус нештоми носи дома..ама тоа е, како што викаш господ да не чува.
Немој да се стегаш,не е убаво. Ако сакаш да ги носиш истите фармерки стави ластиче,врзи го кај дупката за копче,а потоа прицврсти на копчето. Јас вака носев фармерки и панталони додека ме собираа,со подолга блуза или кошула не се приметува. А меше ми се појави околу 5ти месец. Честитки веридба Најнормално, кај мене топчето испадна дека е коленце ,според положбата на бебето. Допрва ќе видиш изместување на стомакот
Добро утро мешињаа.. Од денес официјално влезена во 9ти Кога ќе погледнам наназад брзо поминаа овие 8 месеци. И се радувам. Возбудена сум. Вчера скоро ич не го чувствував бебуш, сега грицкам квики па гледам почна да мрда. Инаку многу е активно... Веќе два дена носот ми е закукан, ќе се напијам парацетамол, и нешто овошје ќе каснам. На работа одам до нареднава сабота. И едвај чекам да дојде,маж ми вика после има да се одмориш како царица, му викам мисли си ти така. Во вторник сме на прво цтг, па ќе видиме како ќе биде. Сонував како сум се породила, ама голем бебуш, некаде 5 кг била. Било најубавото нешто што сум го видела се радував многу, тек замислете кога ќе си ја родам среќава колку ќе се радувам Имајте убав ден.
Со лесно мајка да биде се , едвај чекам и јас да дојде тој ден но имам уште мнооооогу до тогаш , лесно да ти помине породувањето и да се изнагушкате ***
Значи од 37 недела ти се фаќа слободна да си ? Па добро бе супер си истерала На работа како ? Те гњават ли уште ? Со лесно нека ти е и со добра мисла
@Milicka* Фала ти душо, и ти со лесно да си ја тераш бременоста. @Dikinzi Милаа се трудам да не се замарам со никој. Истерав некако. Морав. Си бројам сега ситно и така. Добра сум, ја мислам со мојава работа до 37 недела добро истерав. Ама веќе доста е, малку да се поштедам. Маж ми вика ајде од понеделник земи боледување, не иди на работа, му викам ти со мене заебанција си тераш. Јас кога сакав дома да седам ти ми викаше оди на работа, епа сега од инат ќе одам Фала ти. И ти со лесно да си ја истераш бременоста
Мила може да те прашам, може глупо е ама ќе си прашам. За цтг у државна се оди со упат или само се оди таму(инаку денес почнувам 39-та недела),не сум од ск ама дојдов тука сакам да се поеаѓ и каде во државна се оди, новата зграда не знам како е
Дали некоја од вас брзо правела брисеви на клиника или сепак кај матичниот ? За колку време ви беа готови? Со среќа на сите
Da prasam sto broj na obleka kupuvate za bebencata? Jas sum pocetok na 8 mesec denovive planiram da zemam obleka za maleckoto no nekako se golemo mi se gleda za novorodence. Mozebi glupavo e prasanjeto no strarno gledam nekoi novorodencina gi oblekvaat I vo obleka so pogolem broj ??????