Абе мајка како тоа премногу рано само 33та недела, а што да кажат тие што раѓаат во 27ма, па здрави живи бебчиња? Да секако најдобро е после 36та но не сте многу далеку, ако нешто ти е чудно и невообичаено трк на лекар и само со позитивна мисла, се ќе биде во ред!
Многу ми е страв од предвремено породување особено бидејки не сум од Скопје ми кажаа дека до пред 35 недела обавезно праќаат на ГАК па таму инкубатори едно друго, па сама таму којзнае колку ќе не задржат , за Систина незнам колку би ме фатило ако евентуално тргне работата за предвремено, а и сеуште одам на работа . Некако мозокот 100 ми работи незнам накаде да фатам ајде ќе видиме прво вечер цтг па после ќе тераме понатаму барем уште две недели да издржам .
@flower30 И јас те мислев,моментално за тебе ја отварам темава. Да ве поздравам останатите. Оваа бременост така ми летна,за ништо уште не сум свесна а влегов во 7ми месец. Само Господ да не чува здрави живи,до крај па после да се гушкаме сите 4.
Ти гледај да бидеш смирена зошто стресот не е од полза, како прво колку што разбрав ова ти се само мисли за предвремениво раѓање, па и на работа одиш сеуште, што до кај некаде значи дека си супер нема некој што не се плаши, ете и мене ми е страв од предвремено породување, ама што е Господ никој не е, само верба
Луѓе абе каква насмевка ми измамивте и солзи во исто време. Убаво е чувството да знаеш дека мислат на тебе Јас дома сум уште. Овие 2 дена немав болки, ама имав гости во Саботата. Вчера пола ден го прележав, оти имав тахикардија, а другата половина бев со гости, до касно вечерта - роденден ми беше. Па се опуштив, замислете и спремавме со мм заедно, после средував, машина пуштав и дури садови миев Денес имам некои болки, ама не многу јаки, а и решив да чекам, да не трчам само на преглед. Утре(освен ако не ме фатат болки) сум на контрола, па ќе видиме што ќе кажат за пораѓај. Сите рекоа до 37-38 недела би било подобро да се породам. Јас 37+5 сум па ќе видиме. Уште еднаш, фала што помисливте на мене, ми го разубавивте денот П. С. Пуштете ми секако среќа оти "Миле Паника" не си оди, уште паничам
@0ли на мене ми кажаа дека имам лакуни на постелка, ама во 35та недела. Последно тука дискутиравме за тоа. Не знам искрено што совет да ти дадам, ама нели за Д Димери се даваат клексани, па веројатно тоа би помогнало. А гинеколог ти ги виде резултатите?!
Примам Фраксипарини уште пред трансфер, а и димерите не ми се високи, пред две недели ми беа 302. Гинекологот денес ми кажа дека има лакуларни зони и да продолжам да боцкам. Не ми излегува од глава тоа дека рано ги имам, само што влегов во второ тромесечие. Ќе видам и со трансфузиологот, ќе видиме што ќе каже. Фала ти за одговорот Мило ми е што читам дека малку си се опуштила. Ситно броиш, сите те чекаме
Јас закажав прв скрининг кај матичната а следниот ден кај Димчев во Систина. Е сеа ми рекоа кај матичната дека од кај неа ќе ме пратат на клиника за Приската. Ќе ги имам ли референтните вредности и мерките одма после првиот скрининг? Ќе ми дадат ли лист со мерките? Не знам дали направив добро. Во прашалници сум
Јас од утре 32ра и со истите мисли да не треба да одам порано на преглед , да не сум почнала да се отворам а да незнам. Ама се надевам тоа се само нормални стравови кои ги носи ближењето на крајот на бременоста