Здраво И јас сум тука некаде со неделите и исто ми рекоа дека бебето е вертикално некако поставено, со нозете надолу, ама не е никаков проблем рано е, има уште место да се врти и да се мести. Исто стално осеќам удари долу ниско...па сега ќе го прашам матичниот да не е мн ниско, цервикс да не ми е намален, ама мислам дека само се паничам без веза. Јас бев една недела после скринингот на контрола, ама така бевме договорени, за да ми запише некои резултати во книшката и со рака ме прегледа без ехо.
Мене во 24та ми беше карлично а во 29та веке главично девојчето Така да без гајле за тоа битно се друго е во ред
Мене на прегледот минатиот вторник на сам почеток докторот си прокоментира "ноџиња долу, главчето горе, во ред" а не спомна карлично, па сфатив дека положбата е во ред. А сега наредно сум дури на 25ти декември, јас сакам и побрзо, ама си ќутам . Положбата ќе си ја промени бебето, со тек на време. А ти спомна тебе за скриен шеќер проверка. Утре сум 24 недела, не знам кога да го направам.
И кај мене лакуните беа поврзани со генска мутација, иако бебето добро напредуваше сепак имаше проблем. Да не навлегувам понатаму, терапијата што беше успешна кај мене беше аспирин и фраксипарин
И јас незнм кога да отидам. Кај друг доктор бев на 4д, тој не спомна ништо за други испитувања ,ми рече со резултатите кај матичниот да одам. Затоа и незнм кога да одам.
Јас си закажав после 4 недели кај матичниот, така цела бременост ми беа прегледите. Edit: таман тогаш упати ќе земеш за испитувањава, после 26 недела се прават скриен шеќер и ддимери.
Ne e nisto strasno jas mojta ja rodiv karlicno pred 3 nedeli 2230 bese a imas vreme moze i da se svrti do 36 nedela
И мене уште на прв скрининг ми ги кажаа лакуните а веќе покриена со аспирин и фраксипарин. Се испаничив многу и на следен преглед кога ги спомнав другиот доктор ми кажа дека да има некои на самите краеви на постелката, но не е дијагноза туку веројатно докторката само така ги спомнала, ми објасни дека се гледа генерално постелката а кај мене била хомогена. Така и испадна, не знам каква била ситуацијата кај тебе ама можеби не треба да се паничиме одма. Во секој случај добро што си примаш терапија, благодарение на истата го чекам второто бебе
Јас со првата бременост во 9ти се потев многу. Секоја вечер и по двапати се пресоблекував. Сега за сега немам таква работа. Здраво женски, гледаm сите сте во ред, ме радува тоа. И ние сме супер, влеговме во 31 недела ( 30+2) полека полека нестрплива сум. Ајде уште малку Кај мене ништо посебно, по дома добра сум, беба мрда удира тоа и е работа. До крајот на месецот работам и дома ќе си седнам.
Женски настинав малку. Смеам да пијам тајлол хот? 9та недела сум инаку. Пијам чај од камилица со мед и лимон ама не ми помага
И уште ова, ме мачи. Пред 2 дена ми поминаа мачнините,буквално преку ноќ, не се осеќам омалаксано, денес приметив градиве не ме болат. Само осетливи брадавици. Некако не се чувствувам "бремено" ,па ме фаќа малку паника. После 1ви декември сум на преглед. Кој ќе издржи до тогаш
Не смееш лекарства. Само Пантенол за обнова на усна шуплина и парацетамол. Плус си во прво тромесечие,внимавај. И кај мене мачнините ги снема преку ноќ,не се грижи за тоа нормално е.
Да те утешам,јас сум со температура, а породена пред 47 дена, појма немам како ќе се снајдам сабајле со бебето сама, среќа имам две дози измолзено млеко за ноќва.. Јас и парацетамол пиев,не се симна,туку се качи,беше 37.6, сега 37.7...