идни мамички, денеска добив две цртки, па изгледа и јас ви се придружувам овде Во петок ќе одам на гинеколог да видиме дали ќе се покаже нешто Минатата недела во вторник бев, но тогаш ништо не се гледаше. Се надевам дека ќе биде се во ред, и дека ќе ме читате овде поздравче
И мене на првиот преглед (мислам дека бев во 6-та недела) лекарот ми кажа дека има убаво жолчно ќесе, ембрион сеуште нема. И јас бев малку збунета, димензии не ми кажа, но ми кажа дека вообичаено на вака убаво жолчно ќесе очекуваме и добар ембрион. На следниот преглед, по две недели, ми рече еве го и ембрионот. Така да, без паника ве молам. Изгледа е многу рано за да се види. Може да е подоцна зачнато и сл. За две недели, кај и да е ќе се види точката. Во мојот случај, јас ништо не видов, но му верував на докторот.
Фала ви многу на одговорите... IveBrajan се надевам дека се е во ред со нашите точки и дека на следниот преглед ќе видиме ембрионче! Некаде прочитав дека жолтото кесе може да се види дури откако гестациската кеса што ја викаш сакус ќе стане околу 20мм. Таа расте околу 1мм дневно, што значи дека уште две недели откако сме биле на преглед ќе биде доволно голема за да се види жолтото кесе и ембриончето
Леона Јас посетувам подготвителни часови за трудници Тамо ни кажаа дека доколку се сомневаме на пукнат водењак да направиме тест со 5 бели памучни влошки( направени дома, од пелени, или некој др 100 % материјал) испеглани и да се менуваат на 5 мин Доколку сите се водени значи водењакот е пукнат, а доколку се само 2 пр може да е од бело перење или урина, бидејќи во тој период бебето мн притиска Можеби покасно ти враќам на прашањето но ова ни го кажаа на вежби и сакам да го споделам и со др мамички И во случај да пукне водењакот веднаш легнете 30 мин доколку сте дома или ако се движите седнете во траење од тој период, па потоа на болница
Благодарам l-a-d-y-di, ми даде корисни информации (со оглед на тоа дека уште сум бремена ќе ми послужат ), јас со секојдневна пробав (првиот пат кога се случи тоа-бев на работа и само таква влошка имав кај мене) и беше водена и затоа отидов одма кај гинекологот ама ете сега веќе нема ништо. поздрав
Здраво мамички Може ли некои од поискусните мамички да ми каже кога е најдобро да се почне да се оди на вежбите што се за трудници и ако има некоја да ми даде бројче за во ГАК што се вежбите Поздрав и имај те си убав ден
Oди на темата "Советувалиште за идни мајки" таму Мелинара ми остави контакт телефон јас веќе се јавив и си закажав. Најдобро е од 28 недела натака.
ЈАс сум тотално избезумена Денес на пладне ми беше лошо,го мерев притисокот и ми беше 130 со 80.Но си реков ајде не е ништо страшно,не е многу висок и така си ручавме со мм седнавме одморивме и реков ајде ќе одиме во болница (син ми го носиме на инхалација) но пред да излеземе пак го измерив и беше 140 со 80. Уште пред да го приклучи сестрата син ми на инхалација и велам дај те молам измери ми го притисокот не ми е добро.И дали од паника или не знам што почнав цела да се препотувам.Во тој момент сестрата ми даде чаша вода и почна да ме лади,да дува во мене со еден картон.Притисокот ми беше 150 со 90.Ок се смирив малку се напив еден бедоксин и дури тогаш го стави син ми на инхалација.Завршивме работа и велам ајде одиме и јас да се прегледам.Ме ставија прво на цтг па ми го измерија повторно притисокот кој само за нијанса се спуштил 140 со 80.Докторката ме праша што е проблемот дали нешто сум се вознемирила или слично (а јас веќе бев расплакана од паника) и кажав дека ништо не сум се вознемирила,од чиста мира ми се слоши.Ми ставија инекција диазепам и ми рекоа ако и сабајле биде висок притисокот да пијам дијазепам од 2мг и потоа да одам кај матичната.Исто така ме гледаше на ехо бебушка е во ред,постелка зрела 3 степен и плодова вода повеќе одколку што треба да имам во овој период.Од памет се извадив. Јас никогаш во животот сум немала проблем со притисокот од кај сега излезе ова навистина не знам Ве молам ако некој имал слично искуство нека ми каже како се одвивале работите
Јас одам, трет ден ми е утре секој четврток од 18 00 часот, се закажува од 28 недела и трае 4 дена во месецот, бесплатно е и препорачувам да се оди, а бројот е 078 48 55 30. Се оди во пар и се се објаснува и ако имаш прашања поставувај. Првиот ден имаш психолог а потоа патронажна сестра ти објаснува за самиот пораѓај преку слики. Вториот ден има претставници од фирма за чување на матични клетки, а потоа шетате низ ГАК. Трет ден имате исто така на почетокот од друга фирма претставник за чување на матични клетки а потоа вежби со сестра. И последниот ден има анестезиолог, педијатар за бебето. јас уште последните 2 часа не сум била утре и другата недела.
На часовите за трудници подобро е што покасно да се почне за да не се заборави што ќе ви кажат таму. Најидеално е некаде после 30 или 31 недела.
Тие кажуваат од 28 недела натака, не стрикно кога ќе влезеш во 28 тогаш да почнеш. (се почнува од 1-ви во месецот, па ретко може да се погоди трудницата баш тогаш да е 28 недела нели )Совет, не само мој туку и од други феминки кои веќе се породени е дека е најдобро подоцна да се почне со часови за да останат сеќавањата свежи, јас почнав во 31 недела, сите што беа со мене беа понапред за 1-2 недели. Теоретски часовите се добри, вереди да се посетат кој има можност, ама далеку од тоа дека се нешто практично применливи, за жал (освен кога да се тргне во болница и што да има во 3-те торбици )
TSS не се вознемирувај, скоро нормално е на крајот од бременоста да се качува притисокот. Јас од секогаш сум имала низок притисок, а со првата бременост последните 2 недели многу ми се качуваше, ми дадоа соодветна терапија и ми рекоа дека не е страшно....а ти ги одбројуваш последните денови, не се секирај откако ке се породиш се ке се среди. Со лесно нека ти е, да си родиш живо и здраво бебче, да се гушкате што поскоро
Да, во врска со часовите за трудници не значи дека од 28 недела треба да се почне туку било кое време после 28 недела. Нема шанси да го погодиш терминот така. Еве на пример јас сум во 28 недела и кога се јавив ми закажаа за од март а тогаш ќе бидам веќе 30 или 31 недела. Како и да е, убаво е да се посетуваат бидејќи ќе знаеш што точно ти треба за во болница. Во врска со улогата на патронажната сестра ме интересира дали на тие часови те учат како се повива бебето, како се бањаат, како треба да се облечат, тоа нас што за првпат стануваме мајкички би ни било мошне корисно.
Досаден ден ајде да нашкртам нешто, да ве поздравам со една песна која гласно на слушалки одекнува во моите уши, стомак испупчен пред биро, смешно ми е кога ќе помислам дека ја сам дебела топчеста девојка http://www.youtube.com/watch?v=3EgY7gzyTOo
Здраво идни мамички, да прашам: смее ли за време на бременоста да се пие ѓумбир? Ме боли грлото, и не сакам да пијам други лекарства, па барем ѓумбир.
Мешиња, јас само што се вратив од контрола! Бебињо е СУПЕР, тежок е 2852 гр. Го фативме како си игра со прстињата на ногата, за малку да ги стави во уста. Ах, смешко мајкин! Лиценцето не се гледаше убаво, бидејќи исто како минатиот пат е доста залепено до постелката. Лакуните кои ги имав стагнираат, тоа е добро, но како превентива од тромбоза и предвремено породување морам да продолжам со терапијата. Докторката вика: Уште две недели бебушко да си седи кај мама во стомак, а потоа ако сака нека излезе. За точно две недели сме пак на контрола, последниот брис за стрептокока, ехо и упат за цтг. Ќе поставам неколку прашање во темата "Што да се спакува за во болница?" ги молам сите мамички кои се по втор пат бремени или имаат искуство да ми одговорат на некои прашања! Убав ден мешиња!
И ние само што се вративме од контрола. Бебушка е супер, одлично си напредува, има доволно плодова вода, постелката е зреана во 2 степен веќе, што алудира на тоа дека бременоста се одвива нормално според гестацијата. Тешки сме 1кг и 100 грама, што си одговара за 28 недели бременост. Докторот не престана да кажува: "нормално, одлично, се си е таман". Го видовме дундето, ама лицето го криеше. Ќе полетам од радост. Правевме и крвна слика, уринокултура, се е во ред, немам никакви симптоми што би го посомневале докторот така што ми рече дека немам потреба да правам дополнителни испитувања. Нареден преглед ми закажа за 32 недела (за ултразвук) и 34 недела (за брисеви). Останува само добро да се хранам оти овој период треба да расте бебушка па треба да ја раниме Им посакувам на сите труднички убава и лесна бременост како мојата. Само позитивна мисла, од тоа мислам дека најубаво се хранат бебињата
Јас ја прашав матичната и ми рече дека може да се пие, дека само корист има од него, никаква штета. Јас го пијам од пред бременост редовно секој ден и искрено ти го препорачувам. Поздрав
Тие часови се за бремени жени и јас сметам дека подобро е да се појде после 28 недела нормално дека нема да ја погодиш ама тука некаде. Затоа што тие часови се за дишење, психички да се подготвиш за мајка а не да те плашат со муабети женички леле вака леле страшно ама само да знаеш како е ќе умреш од болки, такви се жениве. Затоа мој совет е да се оди како и што си е редот од 27/28 недела јас тргнав од 26 недела и сум олесната околку голем број на прашања, а не една во 35 недела тргнала и ќе се породи до 3 час. Одете си на време подобро за сите а најмогу за вашите мажи и нивната паника. Има и други работи кои се предност за овие часови ама тоа денес и во наредните часови ќе видиме.