Исто и јас се вознемирив малку.. Пробувам да заспијам, некако тешко. Смири се ајде. Ни треба сон за бебушите.
Изгледа цела Македонија ја здрма. Во Охрид убо се осети, а јас на трет спрат на поасална зграда, цврста. Одма умот кај сестра ми, на седми спрат е, таму леле како се осеќа. Ама и долго траеше Да нѐ чува Господ, шо да речиме друго..
Каков сон факање јас и онака неможам да спијам, сон неможам да сврзам, па уште ова ми фалеше бебенцава и по еден саат од земјотресов неможат да се смират, до сега искрено не бев свесна дека до толку осеќаат како се чувствуваме ние
Јас го натерав маж ми да се возиме. Се возевме низ Ск еден саат и еве пак сме во кревет. Ние сме на 8ми спрат ептен се лулавме
Леле луѓее, шо зборувате земјотрес, ајде белким нема да има повеќе. Страшно, господ да чува. Као јас дојдов да ви пишам добро утро дека станата сум од 4:30 за у вц и неможам да заспам повторно, само се вртам и се нервирам, вас што ве снашло и мене ми е многу страв. Ајде се надевам нема да има повеќе тресења да се опуштите малку.
И кај мене ги снема мачнините преку ноќ исто кога бев некаде 9-10та недела, но нема простор за паника. Дел од нив ќе ги имаш уште некоја недела но дел ќе исчезнат барем кај мене беше така. Чувај се повеќе и се ќе биде во ред
Во живот вака се немам исплашено. Уште глава ме боли и многу ми е страв. Па, зарем малку стравови имаме!? Треси се во врска со бременоста, а сега плус и земјотреси. Господ нека ни е на помош.
И во Велес се сети ,баш станав пред него во вц, и коа легнав почна салам да тресе , и долго траеше, ама си лежев си ќутев. Ние сме на 5ти спрат.
Добро утро, Пијам кафе и читам земјотрес имало. Јас, што спијам ко зајак не сум осетила ништо. Ни во 4ч ни во 7ч. Ние во куќа сме, не е исто ко во зграда, ама до толку труп првпат. Денес на преглед сум, ме фаќаат паники па уште земјотрес ни фали. Да не се повтори веќе и да не чува Господ. @Kate Rina 93 освен парацетамол и витамини, пиј многу течности и јади супа од петел. Јас така пред 1 месец кога бев болна дехидрирав, не јадев и не пиев. Затоа колку што можеш повеќе течности внесувај. Ама јас и кашлав. Со лесно Да пијам кафе и да се спремам, пуштете ми среќа денес
Фала богу што не си осетила, уште тоа ти фали и земјотрес да осетиш. Ајде среќно денес па јави како ќе поминеш
Кај ќерка ми во група од четвртокот има варичела. Сеа за сеа нема симптоми, испаѓаат за две недели, па чекам, иначе среќа шо како мала имам прележано. Иначе да ве прашам, сетила ли некоја од вас како меурчиња во стомакот ? Или како да преде нешто ? Докторката вика од шо мрда..ама прв пат вака..
Мене изгледа ќе ме држи ова подолго време. Чекам резултати од крв и мокрача. Протисокот ми е 150/100,знам дека е од страв и кажав на докторката. Ми рече напиј се дијазепам од 2мг и ќе видам рез. од крвна слика и може ќе ти дадам Метилдопа. Докторката си збореше сама со себе. Само ја чув и тоа неколку пати дека на ехото ништо не се гледало, дека нагаѓање е тоа, па како ме прегледа не знам. Плодова вода имало, калцификати да, ама во Петок ќе сум била 38ма недела и тогаш да сум отишла на преглед. Бебето било 2900гр(+- 400гр). И викам другата докторка рече мало било. Вика "е како не, како мало било, таман си е". Излудев веќе. Си играат со мене докторите..... Ајде доста ми беше пишување, да не плачам тука да ме гледаат луѓето.
Ајде уживај, таман си е бебето. И моето е толкаво. И јас сум од петок 38 недела и таман сум на контрола тогаш. Како и да е, ова се веќе безбедни недели за породување. Сите шо ги знам околу мене само што влегоа во 9 месец се породија, така да ние сме супер според терминиве За бебушите е подобро шо повеќе да си седат во меше, а ние ќе издржиме. Ме фаќа страв кога ќе видам на апликацииве дека за 2 недели сме до крај Многу било, малку останало Фловерче
Ама зошто плачеш, ти рекле дека се е во ред со бебето. Опушти се малку ти треба сила и за дома и за пораѓај. Нема од што да се плашиш
Цветче не се нервирај да не ти се качи притисокот. Ако ти е сомнителна докторката отиди им вечер пак,кажи имаш болки и малце исцедок одма ќе ти направат ехо и цтг,така беше со мене пред пораѓај, а ќе биде и друг доктор. Со лесно, моменти те делат од полни раце љубов