Здраво на сите, никаков земјотрес не осетив. Можеби и подобро. Пишав во темата за перници но не е баш активна. Порачав перница за трудници од Сомниа Шоп па да прашам дали сте задоволни и која е по висока дали оваа или тас од лала пилоус?
@Nora.A ; @flower30 ајде ситно броите хаха ,Норче тебе како вчера да те прочитав дека си трудна а веке ке се гушкаш со бебо , друшка по ивф хахаха , цветче нема веке плачки се ближи денот за гушки и радости безбедна сиии , ве гушкам и двете и лесен пораѓај да си имате
Јас ја имам на лала и мн задоволна како во бункерче сум и не ме боли половина а за другите навистина не знам , ако има некоја искуство ке сподели .
Јас имам меурчиња Не знаев како да ги опишам на докторот, ко кркорење, ко меурчиња, викам ми пртка детето внатре . Исто ми кажа мрдење на бебо. Ама сега пак кога ќе ги добијам се паничам без потреба. *мене ми се јавуваат се на исто место, на десната горна страна од мешето (таму имам лузна од лапароскопска операција на жолчка и ми е како осетливо место, на промена на време знае и да ме боли, па мислев од тоа е)
Мешки јас не можам веќе. 5 дена по термин и веќе не можам да дишам по оброк, тешка сум ко слон, ако се насмеам се подмочувам . Толку ми траеше зен состојбата Утре сум на контрола, се мислам дали да побарам провокации. Што би направиле вие?
Душиче ме насмеа за подмочувањето Незнам каков совет да ти дадам. Не сакам да згрешам. Да кажам да си чекаш уште, знам дека и јас да сум како тебе нема да знам што да правам. Може и јас би била нетрпелива и би барала совети, дали да се чека или провокација да се бара. Ќе ти кажам само со лесноо. Дај боже да те изненади бебуш сам.
И јас така чувствувам, и тоа од пред некој ден. Денес сум на контрола па ќе спомнам на докторов. Малку дури како непријатно ми е кога ми се случува така. Сигурно ќе ми се изнасмее
Мешиња јас од денес официјално дома. Малку одмор и за 2 недели отварам породилно. И ќерка ми е дома сабајле спиење до 9 и гушкање, па доручек, кафе, си поигравме, убавини... Бидејќи ми е втор пат, знам како ќе биде дома по некој месец, малце и ми беше криво дека дури по 1г ќе се вратам на работа. Колку и да е тешко, работата ми е и дружба, со колегите одлично стојам. Но, со ќерка ми дома не може да не ти е интересно, ќе видиме како ќе биде и со бато. Од денес ја почнав 37ма недела, краен термин 17ти декември коригира. Се надевам ќе тераме до крај, иако тешко ми е претешко. Чести тахикардии, киселини убиваат, снемувам и воздух во спиење, грбот ме искина од болење итн. 9ти месец ми ја црпи енергијата, но би издржала, колку повеќе остане во меше подобро за него. Фала богу активен е, редовно ме поздравува Прво цтг закажано за 38ма недела, јас опуштена како друг да ми го раѓа Растргната сум меѓу бременоста како блажена состојба и бременоста како исцрпувачка и тешка состојба. Убаво ми е разгалена сум од сите, ама физички тешко ја поднесувам. Битно психа стабилна Ете ги почнаа киселините од ручекот
Си дојдов пред пола саат. 4 саати бев на ГАК. Да не ве тагирам сите посебно-фала ви за поддршката Знам дека грешам со нервозата. Ама луѓе, излудев веќе на секој 5 дена на лекар, таму различни доктори и различни дијагнози. Капак на се - се изнервирав за прегледот затоа што ме прегледува, на екранот се црно, стварно ништо не се гледа и самата докторка вика "леле ништо не се познава, ова ради реда преглед,нагаѓам" Кој не би се изнервирал?! Се враќам после 1 саат да ги види резултатите од к. с. Гледам носат ново ехо, оти старото не чинелоПрегледа 2 трудници, дојде сестра од родилна сала вика "вратете ни го ехото, ни треба " И сега 2 пациентки имаа среќа да ги прегледаат убаво, нас другите кој не шиша Друго, пред 5 дена беше проблем, мало било бебето, ме преплаши докторката. Сега било таман. Знам дека 2900гр е супер тежина, ама не може секој 5 дена различни дијагнози. И реков притисокот ми се качува од страв. Вика не може така, ќе ти дадам ако треба Метилдопа. Завршив, ништо не ми спомна, ама во кола читам на извештај - да прима Метилдопа 2х1. Трчав пак назад, само сестрата таму, ја прашувам, ми вика "ако ти се качи пиј си по 1 на ден". Така ли се дава терапија?! За да идам вечер пак, искрено немам сила. Искрено, нека ми прости Господ и бебево, ми скисна веќе од болници. Штета, за жал, што финансиски не сум моќна да одам да се пораѓам во приватна болница. Овде (па и матичнава) ме полудеа оваа бременост. Знам дека читајќи ме и сега и од порано, излегува дека паничам многу и преувеличувам, ама многу ми се собра оваа бременост. МНОГУ!!!! @kockichka сега имаше една трудница 42 недела била и ја враќале и докторката и вика на сестрата - па не може вака, јас ќе ја примам, а они горе нека зборат што сакаат јас во првата бременост се породив со провокација(ок, бев 3 прсти отворена) и лесно поминав. Ти посакувам што и да одлучиш да биде со лесно Одам да одморам малку, ми пука главата
Да побарам назад по мислења сум звучела исто како тебе Се породов 41 недела со провокација. Разликата е што тогаш беше 42 степени,ама да,се осеќав како слоница Немам прочитано дали си отворена,ако да види што ќе ти каже докторот ,може и он ќе ти предложи провокација. Напорно е ,знам. Ако си барем малку отворена,лесно и брзо ќе биде. Дај Боже само позитивно,па кога ќе се олесниш ќе се смееш на муабетов
Отворена сум 2 прста веќе недела дена и мислам дека неколку недели полека ми се топи чепот. Друго се' е нормално, без индикации за пораѓај.
Јас бев денес 3 прсти отворена ми рекоа да чекам болки или ако прсне водењак, инаку денес прв пат вагинален преглед ама арно поминав грло размекнато и цервикс 1 мм дома сум се надевам до вечер или најкасно утре ке се гушкаме, и дада едвај чека само ми го бацива стомакот душа моја е
Исто,скроз исто бев и јас. Пешачи,оди по скали и скокај на пилатес топка ако имаш по дома.Мене ова ми помогна и неколку прегледи со рака. Од 2 се отворив 5 прста после ова,и нареден ден ми пуштија провокација. Да поминеш со лесно
Мислам дека бевме заедно на ЦТГ денес, ехото им е за во АУТ и јас исто се чудев на тие црнила што ли гледа докторкава хахаха
[/QUOTE] Цела недела пешачам, за скали ми е неизбежно да качувам, бидејќи живеам на 3 кат без лифт Пилатес топка не смеам да земам ради ќерка ми, одма ќе си ја познае и нема да заврши славно Како и да е многу ти благодарам за советите. Ме охрабри да не се плашам ако се решам да одам со провокации. Фала имењачке
Така ти се погоди тебе бременоста и се изнамачи. Ама сигурна сум дека ќе има момент кога ќе си го видиш детето пораснато, ќе направи некоја умна и слатка работа и ќе си речеш дека уште сто тешки бремености би поминала за тоа детуле. Те гушкам.
Е може сме се погодиле. Ако си видела некоја исплашена и изнервирана, во исто време, - таа сум @kockichka знам дека вреди сето ова, ама сега многу ми се собра психички. И капак на се, и ќерка ми ја водев со мене, мм мораше на работа и се нервирав и за неа што се малтретира, а она сирото дете тажно ме гледа цело време- ме дотепа тоа. Вреди се, само нека помине со добро се
Здраво девојки, правев крвна слика, додека не се видам со матичната, ако сака некој да ми ѓи прочита резултатите