Аман со тоа ехо, ја читав овде таа соба 36, кога си ја видов на упатот дамла ме мавна. Сега има ново ехо или не? Јас сум во петок на прв преглед, се надевам без раце
Сите, после 36-37ма недела ги праќаат во соба бр. 36 Со раце прегледуваат при болки. Јас кажав дека сум 1 прст отворена скоро цела недела и не ме прегледаа сега. А за ехото, се надевам дека им симнале ново ехо, не знам.
Ја читкам темава понекад од што ми фали... И кога и да отворам @flower30 е во паника. Мајка, добронамерен совет, во безбедна зона си, бебе си е таман, на притисокот знаеш дека сама влијаеш. Олабави се. Се ќе биде во ред. Ветувам! Со лесно.
Прашање до трудниците во странство ве молам кажете ми како стојат работите со микробиолошките брисеви кај вас. Кај мене (во земја од варшавскиот пакт ) не е задолжително и уствари никој не проверува (ако нема индикации), а првите брисеви ги направив така на своја иницијатива приватно и беа ок. Сега се мислам дали пак да правам приватно, дали да речам дека нешто ме чеша па да побарам упат или да се помирам дека овде ете не се бараат...секако не можам сите можни испитувања на светот да ги направам
Да прашам оние феминки кои родиле природно или царски по престанувањето на крварењето дали имале жолт исцедок без никаков мирис? Јас изгубив бебе во 21 недела со царски рез на 18.10 и еве веќе месец и некој ден престанав да крварам ама имам на бришење некој чуден жолт исцедок. Искрено малце ме плаши и затоа сакам да знам дали има некоја со слично искуство. Исто така на притисок со рака врз стомакот има некоја чудна болка, не е јака, но ја има. Нормално е ова или не е?
Од вчера од време на време ме заболува под десната града значи една точка и опипувам таму имам коска од реброто(на сликата заокружив каде поточно) дури и на таа точка како да ме пече, надворешно на кожата немам ништо, дали е нормално? Патем 27 недела сум.
Мешиња јас само што се вратив од прво цтг, добро поминавме, немаше ништо страшно. Следно цтг за 10 дена. За стрептокока сепак матичниов ми препиша да пијам цефалексин, по две на 12 саати, неколку дена. Се изнервирав малку, бидејќи доктор Бошковски не ми даде ништо кога бев пред една недела. Коруноски вика јас ќе ти дадам терапија и на пораѓај ова ќе го носиш. Бебуш е добар, мртка. Ама се крие. Двете раце на лице и беа. 2.800 е тешка. Инаку јас вчера едвај издржав на работа. Настинав, и со внатрешна температура, херпеси ми излегоа на устата. Се отрув со парацетамол. Пијам чаеви. Ќе се оправам. Денес не отидов на работа, земав боледување 3 дена. не ми се оди во оваа состојба. Ќе се лечам овие денови. А устата ме боли од херпесиве, како камен да носам.
Ја имам на сомниа шоп и задоволна сум цело време си спијам со неа .. легнуваш како во бункер ама комотна е..
Цветче ја недела дена ја надносев, 41 недела точно, и 3330 гр тешка..ете..тоа е мало бебе Цела бременост тоа ми го викаа, ама ич не ѓи шливав И мене ми се на истото место стално, десна страба, кај јајникот, ги сеќавам како меурчиња нагоре шо се движат, мачка шо преде, или телефон коа вибрира тууут тууут тууут Дали ме сфаќаш ? Почекај до термин, или некој ден над термин па после стави. Убав период да си имаш мила, со лесно и добра мисла, изнауживај се и лека полека спремај се Жолтиот исцедок е нормален,болката во стомак исто
пред малку си закажав амниоцинтеза во систина кај Др.Димчев.Има време до денот ама уште сега ме фаќа страв...како ли ќеостанам смирена при помислата со игла во стомак да брца?! Има ли некој искуство да сподели ?
Не сум правела амниоцинтеза ама знам дека Димчев е најдобар и најпаметно е да му веруваш, да се опуштиш и да веруваш дека се' ќе биде добро.
Жени дали имате секојдневен вагинален исцедок? Се мислам да правам брисеви иако нема според мене некоја промена на мирис боја..
Па веќе сум над термин, изгледа не си прочитала убаво, само наместо 5 дена како што сум напишала по грешка, 4 дена сум над.
И мене ме болеше баш таму,како скршено ребро да имам незнам од што беше ама попушти. Иначе сум 24+3. Можно е од лошо спиење, можно од што притиска бебето нагоре според мене
И мене таму ме болеше на стоење, или подолго ако седам. Ма и на лежење ме болеше ако зафатам една положба. Како да ме гореше. Околу 30 недела ми се појави, во 36 исчезна болката. Моја теорија е дека бебето ме притискало а сега е подспуштено. Мислам дека не е страшно
Само соработувај со докторот и биди мирна додека боцка. Трае кратко, не е ништо поболно од вадење крв од вена, само стравот е поголем зашто е во стомак. Мене на пример ми помогна тоа што си изгледав неколку видеа на интернет за самата постапка. И отидов спремна, знаејќи што точно ќе прават. Стресот ми беше поголем додека ги чекав резултатите.
Стискам палци да поминеш лесно. ❤️❤️ И чекам да пишеш убави вести. Ќе те мислам, ти си ми сестра по термин