Здраво мамички бремена 30 недела со близнаци, чуствувам блага болка од левата страна како да ме боли јајникот дали тоа се лажни контракции?
Мене исто ме болеше во 19та недела, дури со солзи, не можев да станам, дури ни длабоко да земам воздух, мене ми беше од тоа што два дена на работа по 8-9 саати од столица не станав, стално ми се фаќа така многу работа последните два дена од месецот, се мислам како ќе поминам овај пат
Овде прават на почеток, после ми правеше пап тест околу 4ти месец и сега не знам кога пак има, баш сега ќе видам. Ако ти е шубе кажи дека имаш јадеж и ќе ти земе. Јас пред некој ден таков јадеж имав одоздола што бев решена да одам да барам брисеви ама помина почесто се миев и многу бело прање имам, катастрофа. имам и тоа ептен многу. Мислев од него ќе ми се појави кандида минатта недела имав многу јадеж ама се смири. @Starlič за херпеси не зборувај упте не ми се поминати, многу одвратно чувство. @flower30 мене за ќерками ми викаше мало бебе е нема доболна тежина, ја родив во 42 недела 3195. Бебињата не се компјутер да ги програмираме и сите исто да се раѓат. Просечно бебе од од 2800 до 3800 има и потешки и полесни
И јас не се потресував за килажата, бидејќи ќерка ми во 39та недела ја родив 2600гр.а цела бременост се беше ок (и со недели одговараше, д димери и скриен шеќер добро, значи се беше нормално). И сега и др. ми вика па ок си е де, вика и ти си ситна и плус гледам пишала 2980(+-400гр). Ама претходно, пред 5 дена друга докторка прво ме испаничи - ситно било, јас сум била 37 недела а бебето одговарало за 34та. Тоа е. Мислам дека доста ве гњавев и многу глупаво се осеќам што сите во темава веќе ме препознаваат по постовите полни со паника. Така да, малку ќе одморам од пишување. Ќе пишам здравје боже кога ќе се породам. Со лесно на @*Dariceto* и @kockichka
Ич не се секирај, овде ако не си се ослободиш од маките кај на др место?! Мекои паничат повеќе некои помалку некои ич, не сме сите исти како што и бебињата не се овде ти минува време и забораваш понекогаш на стравот и паниката. Веќе си на крајот, кај и да е ќе се гушкате. Ссигурна сум дека после ќе си велиш леле зошто сум се плашела толку многу
11та недела сум од саботата имам болки,како боцкање како менструални болки во пределот на јајниците(не на целото мешенце) и најизразени се кога лежам на грб,кога станувам и седнувам особено на десната страна,а околу папокот т.е. во пределот на матката не осеќам ништо,а до пред неколку недели целото меше ме болеше како грчеви да имав.Има ли место за паника?Дали е нормално?
Нормално е ти се шири матката ама сепак консултирај се и со матичен ќе ти каже дали има простор за паника
Слаби менструални болки се нормални и на полеток и низ цела бременост. ако не си сигурна посети гинеколог нека те виде на ехо
Прво, имаш право да паничиш колку сакаш, а никој нема право да ти суди. Никој од нас спремен не се родил на ефектите на хормоните. Сите различно реагираат. Многу или малку паника е релативна работа. Нека дојде некој друг место тебе да ги трпи ефектите на хормоните, да видиме како ќе помине. Ние трудниците поминуваме низ се' и сешто. Затоа повеќето разбираме. Не знаеме точно како ти е, ама знаеме дека ти е посебен тип на тешко. Да си кажуваш се' што сакаш. Второ, сите доктори различно мерат и кажуваат различни мерки. Но, од друга страна сите се водат од иста статистика која е просечна. Ако си ти ситна, бебето може ли да е просечно? Тешко веројатно. Батали мерки. Битно бебето е ок. Ти си ок. Имаш поддршка и тука и дома. Имаш се'. И фала за гушките. И јас ти праќам тебе.
Јас од почеток си го имам и само туку засилува количински. Цела трудноќа со влошка ја поминав, а се надевав дека ќе куртулам од влошки 9 месеци ама ништо Брисевите секој пат беа чисти. Немаше ни боја ни интензивен лош мирис. Од време на време и Вагилакт таблети ставав и ништо не се промени.
Многу добро ја знам таа нервоза кога ќе излезеш од гак со солзи во очи, збунета од прегледот, уште ако како мене ти било мисија да стигнеш до доктор (со уреден упат), те мафтаат не си за тука чекај таму, “таму” нема доктор и слично. Капак на тоа секој доктор своја политика, еден мало бебе, друг ќе ти каже пфф како мало крупно е, брисеви треба-не треба, терапии сите различно. Откако почнав во приватна болница да одам, не сум имала ниедна таква ситуација, заради тоа што и прегледите биле подолги и објаснувањата човечки - јас имам и се помалку прегледи, за разлика од тоа на гак кога одев. Различни се приликите за секоја бременост, ти посакувам за трето кога ќе се решиш да немаш вакви маки. А сега си толку на крај што веќе не можам да сочувствувам со нервозите твои, броиш денови до бебе До тука стигна! сега само храбро уште пораѓајот и после во темава само совети ќе ни споделуваш а ние ќе плашиме уште некое време.
И јас кога бев последен пат таму, ради погрешен резултат на Кумбс тест тука, бев таму 5 саати, за набрзина да ме прегледа на тоа ехо што вие го кажувате стално дека е расипано и не чини, епа не чини уште пред 8 недели и фазла, и покрај тоа што ми рекоа дека се е океј, ја поради чекањето, таму беше претопло и нервозата си почнав да си плачам, иако пак ке кажам беше се во ред. Му реков на мажот ми, кој цело време ми викаше дека не сакал втората бременост ич да му се жалам, оти во првата се трудев да бидам опуштена, ама сепак имаше некои паники и одење на прегледи редовно чак и повише од тоа па многу му се гледаше на човекот по доктори одење а немаше врска и му реков, ете ти опуштање вторава бременост, сам не подрече му викам Поентата ми беше, иако сум од Велес, и сум била 4 пати се на се во Гак до сеа, ви ѓи знам маките кои ви се, оти коа ке влезам таму 4 саати не испаѓам
Здраво феминки, на последната контрола (претходниот петок) бев 34+5 дена, инаку девојче носам. Матичната кажа дека како што таа гледа, детето личи ко за 33 недела, касни скоро 2 недели. Според неа имаше 2040 гр. +-300гр. И имам малку плодова вода. Ме препрати кај друга докторка, која го измери бебето 2200гр +-300гр. Точно никој не може баш да измери. И кажа дека имам доволно плодова вода. Јас цела недела сум во паника, еве утре пак имам контрола кај матичната и само на тоа мислам, не се плашам од тоа ако е мала, но за плодовата вода не знам што можам да превземам, знам дека ако е малку постојат повеќе фактори кои и не се баш така добри. Ама оваа вторава ми рече дека има доволно плодова вода и дека е во ред. Дали некоја од вас била во таква ситуација. Со лесно на сите
И мене ме испаничи матичната дека нема доволно вода, за сите доктори на гак да кажат дека има. Мислам дека матичните лекари немаат толку искуство за последните недели и не знаат која количина е доволна (нормално е да е намалена, бебето расте и ја потиска). Немаат искуство бидејќи ги предаваат пациентките на докторите кои ќе ги пораѓаат и веќе не ги гледаат. При контрадикторни мислења за плодова вода, јас повеќе го вреднувам мислењето на докторот кој секој ден гледа пациентки пред пораѓај, односно ги породува. А за мирна душа пибарај и трето мислење, ама само од доктор кој редовно пораѓа.
Дали сте посебно емотивни во бременост?! И инаку сум поемотивна, ама па ова веќе е претерано. Нечиј гест, без разлика добар или лош, може да ме расплачи и ваш пост и сцена и филм...и онака. Некогаш си викам не сум доволно зафатена, затоа вака имам време да си плачам Ја започнав 35та недела. Мака нешто немам, само несоница навечер и мн ми се јади, ама ако, за тоа не се жалам. Ми треба плус. Сега да пофатам нешто, секој ден исти обврски... Поздрав до сите