Мамички дел од гардеробава на бебиве само со течен персил ги исправме на рака, никаков мирис нема, незнам дали да земам и некој омекнувач бебешки Вие ставате омекнувач?
Јас не доолго време, тек сега после 3 години тек тук. Претходно дури и екстра плакнење користев при машинско перење.
Некои користат, некои не. Јас го користам на Чико 0+ плавиот, мириса нежно преубаво. Бебе е 2 месеци, проблем не сме имале.
Никаков мирис не треба да имаат, дури се препорачува да не се претерува со дезодоранси и парфеми. Исто, вчера бев на предавање, ни кажаа градникот за доење да биде исперен заедно со алиштата на бебето за во болница, за и со тоа да не збунува сетилото за мирис кај новороденчето. Исто без дезодоранс во болница,подобро ролон или стик,оти дезодорансот прска насекаде и покрај градите и ќе му се лепи по лицето на бебето. Јас почнав да си правам сопствен еколошки прашок на база на боракс и сода, планирам тој да го користам првата година. Нема никаков мирис.
Јас не познавам ниедна што излегла од Гак без солзи во очите.И јас безброј пати сум плачела од тоа што ми кажале, а врска немало,џабе паника само прават кај трудниците.Но фала Богу све беше ок.Немаат ни код на однесување,ни код на облекување(со штикли од 20 см),од 5 еха само едно работи(а чекаат 15 трудници за преглед),е ако дојде внуката на Аделчето е она е одма на ехо,а ние обичните чекај си едно 3 саата,мизерија(па купи повеќе еха),или пак не знаат да ги работат па ги расипуваат, за жал тоа е вистината.Господ нека ве чува и со лесно да поминете.А здравствово ваљда ќе се оправи еден ден.
Мила ќе можеш да ми го пратиш распоредот на предавања во систина да видам што се прадавањата и кога.Мене ме интересира делот за доењето сакам да појдам,знаеш кога е?Фала ти и поздравче
Здраво на сите. Многу сум исплашена.. Сестра ми пред некој ден имаше температура, денес гледам и излегол некаков осип. Ја пратив на доктор и таму и кажале сипаници,но да отиде утре да и кажат кој тип. Јас имам прележано варичели или т.н овчи сипаници... Ја гледам сега има како пликчиња на главата,грбот и лицето... А ние пак антибиотици и дадовме.. со тоа се забавил процесот и затоа не знаат кој тип на сипаници е.. Џабе е сеа и да бегам од неа,ако ме заразила ме заразила пред да излезе осипот.. Не знам како ќе издржам до утре, одамна јас прележав не ми текнува дали беше исто.... Се надевам дека е тој тип што го имам прележано за да не биде опасно за мене и бебето..
Ако е варичела немаш гајле, баш вчера пишав дека во групата на ќерка ми има 3-4 дечиња пријавено со сипаници. А чим тие дечиња извадиле сипаници минимум недела дена претходно биле во контакт со заразено лице, која недела си ? И јас имам прележано варичела, и подобро сега одошто од кога ќе се породам да фане малата, за трудници што имаат прележано не е страшно, повеќе за новороденчиња е .
Варичела не е опасна а и ете ја имаш и прележано. Од морбили и рубеола сме сите вакцинирани така да и да е некоја од нив не се плаши.
Не сакам да кревам паника ама и тоа како треба да се плаши од морбили. Рубела нема во Мк сеа за сеа... Јас минатата година правев тест за антитела и испадна дека и покрај три примени вакцини за МРП немам имунитет за Рубела. На колега му испадна дека нема имунитет за Морбили.... Вакцини имаме, имунитетот дали е стекнат треба дополнително да се провери....
Ме изнасмеа Нема абер возот, заглавен е на станица, изгледа возачот штрајкува. Го чексм докторот официјално да ми каже дека нема абер.
Ту, инает уште неродено ова второво значи Ајде со лесно, може ќе предложи докторот да ја поттурне малку работата со провокација
Се плашам да не е друго, варичела ако е добро ќе биде.. Морбили мислам дека не се, на слики имам гледано поинаку изгледаат од ова на сестра ми.. Не знам стварно...
Така и направив двајца доктори кои пораѓаат ме гледаа и рекоа дека е сè нормално и дека едноставно има и помали деца, но сепак е во граници на нормала.
Не се препорачува омекнувач, дури за плакнење на прашокот педијатарот рече 3 води да се исплакне. Може да предизвика алергија кај бебето.
Јас од прв ден користам Чико 0+ бел ја пиштам машината 2 пати на плавење преубаво мириса и нема досега ништо појавено. На бодиња и ѕивриња тетра и шведаки не ставам.
Јас си користев и за двете омекнувач на Чико од старт, никаков проблем немале со кожата, преубаво нежно мириса. @Fallen.Angel ако се како пликчиња со водичка, варичела е. Јас прележав инаку трудна, имам девојче сега 2г е