Јас користам прашок персил за бебе и омекнувач орнел за бебе.. и преубаво ми мирисаат алиштенцава.. дури и откако ќе сњ исушат мирксаат.. неговото плакарче буквално мириса со денови на орнелот.. веќе 5 ипол месеци само со тоа перам ..и плус во омекнувач ги ставам да отстојат најмалку половина час
@mariz ти благодарам, се надевам дека тоа е случајот кај сестра ми. Варичелата ми е прележана па нема да се секирам.. Инаку што би ме советувале? Да останам на факултет или да се вратам дома и да се пазам? Не ми требаат сега компликации.
Ako bremenosta ti e vo red mozes da si prodolzis zatoa sto bremenosta ne e bolest tuka e edna normalna blazena sostojba vo koja mozes da si gi vrsis site normalni aktivnosti kako i pred bremenosta.
Па истерај си го овој семестар со се јануарско - фебруарска сесија ако немаш некои компликации потоа ако треба стави ги студиите во мирување. Оди само на предавања што ти се задолжителни, повеќе учи си дома, таман и некој испит ќе положиш во сесија.
И мојот план беше таков, и следниот семестар планирав да го терам, ама не знам моментално како да се чувам, до сега два пати се разболев, а сега не е убаво во сезона на вируси и секакви епидемии... Не знам што е попаметно, ова со сипанициве ме потресе..
Предложи докторот провокации и прифатив. Сега чекам да ми ги стават. Се надевам ќе можам да ви пишувам. Во живо од предпородилна сала, поздрав мешиња.
@kockichka со лесно. Дај боже брзо да се отвориш скроз и уште побрзо да се породиш. Те чекаме со убави вести
Жени јас бебето го осеќам многу ниско како удира, буквално ногичката или рака незнам со што удира му ја осеќам баш кај срамната коска. Нели е многу ниску таму?како е кај вас??
Ама не можам да не пишам за поддршка ќе пишувам само кратки постови до пораѓај Ќе си дремам изгледа јас уште
И јас вчера така го осеќав некое време,се расклоца буквално како да скокаше со нозете врз коската малце језивко е ама се смири..
Не можам преку односот нивен да поминам, ме бркале од ординација сестри да не досаѓам на докторот, не ме примале на преглед а јас со приоритетен упат (да сум си закажела на телефон??!) никој не знаеше да ми каже никој комисија кога има па со саати сум си чекала со крварења во чекална а врскаџики за патолошка со се мажите си седат на столчиња и ниеден не станува. Можев и јас со врски секој преглед да се пикам и да и го зимам редот на некоја напатена како што бев јас ама одлучив сите пари по приватни болници да ги давам. Ако ме однесе патот пак таму за пораѓај може по телевизии да ме има, уште сум нервозна
Хелп , ви се случило ли да ве боли десно под ребрата ? Кога семам воздух ме боли како мускулно нормално ли е ? Досега назад болеше сега напред уффф , петокот бев на ехо да не киснам по болници , далеку е од неиздржлива болка но сакам да знам дали е нормално уффф @kockichka со лесно ..
Уф да, ужасно чувство. Како да ме пече кожата однадвор дури, и најчесто после јадење ми се случува. Истото го имав и во првата бременост, така што веројатно е нормално. Којзнае и желудник и органи кај ни се изместени, добро е и со толку што поминуваме