Друшки мои се породив во 4:40 и не поминав лошо. Не беше безболно, ама беше издржливо. Ќерка ми е злато прекрасно од 4350 гр и 53цм. Копија е на дада, само наместо сини има зелени очи. Одма фати да цица и не сакаше да пушти саат време. Пресреќна сум и ви посакувам лесно, убаво и бргу да се гушкате си вашите среќички. Мноооогу гушки.
Мајки, вчера ги добив следниве резултати од уринарен статус: леукоцити доста, бактерии маса и епителни клетки доста плочест. Сакав денес кај гинеколог. Сигурно ќе ми даде да однесам урина на микробиологија. Проблемот е што денес е четврток, нема одма да испитуваат и доаѓа викенд. Дали може да чекам до понеделник? На 5 мин одам во vc. Почнав да пијам и чај од брусница. Помагајте мешиња!
А нели можеш во приватна лабораторија да однесеш денес, во Сабота ќе ти бидат готови резултатите. До тогаш пиј брусница
@*Dariceto* @kockichka честитки мајки,да се здрави и живи бебуши,ќе се дружите сега кај мајките Ме зачуде за цицањето,одма на бокс ти го дадоа бебето да цица? Ова на Гак?
Машала машала Да е жива и здрава, голема да расте, тебе по брзо закрепнување, и со цицањето да терате вака секогаш, без мака и со лесно
Честитки мила, да е жива и здрава женската Машала голема девојка си родила, браво Гушкајте се сега, цицајте и уживајте
Фала мајка Да, и јас се зачудив што ми ја оставија до мене додека да отидам во соба. Некоја нива политика им е, секако ако имаш доволно сила. И цело време цицаше - like a pro.
@kockichka честитки мајка Машала бебушка,може од болница директно на шетање да одите Мило ми е што се олесни @*Dariceto* да е живо и здраво и твоето бебче