@*Dariceto* & @kockichka честитки мајки да Ви се живи и здрави бебушките и да споделувате само среќни моменти
@*Dariceto*, @kockichka, честито мајчиња, живи и здрави нека ви се бебушките! @Bebac, јас имав исто леукоцити во урина, 3+ па матичниот ми даде антибиотик една доза. Исто ми рече и многу чај да пијам од камилица и брусница.
Денес бев на контрола кај матичен.Бебко мируваше свиткано, матичната го размрда почна да мавта рачиња Според менструација 12нед а според мерките одговара на 11та.Со оглед на тоа дека имав циклуси на 32-38 ден рече дека сигурно сум имала доцна овулација и подоцна имам забременето,но сепак супер било.За 10тина дена ми кажа да одам за микробиолошки брисеви. Кажа дека има и носна коскичка,и вратчето супер.Но ми спомна за некаков скрининг за даунов,но кажа според тоа што го виде на ехо немало ризик бебко да има такво нешто.. Кажа дека може на државно на клиника во Ск,или во мојот град на приватно она ќе ми извршила мерење и во лабораторија крв ке ми земале ги праќате во Ск на испитување,тоа испитување коштало 4.800ден. Според вашите искуства каде би било најдобро да го направам,разлика сигурно ќе има во цената од државна и од приватно но кога се работи за доброто на бебко не е тоа проблем нека се збие на финансии само да е се во ред.Мислам дека @0ли пред некој ден кажа дека правеше скрининг ако не сум грешка мило ќе ми биде да сподели инфо
Јас прво правев Нифти, резултатот излезе дека бебето нема аномалии, па потоа бев на скрининг. Скринингот е ехо, мерки, протоци, носна коска, грб, цервикс, плацента. Скрининг ти направила таа, а тоа што ти вели е Приска. Не го правев бидејќи правев пренатален.
Здраво. Едно прашање... нели се исклучуваат пренатален и скрининг еден со друг? Ако веќе направиш пренатален (кој има поголема сигурност и точност од скрининг) тогаш не мора скрининг или како?
Скрининг е преглед. Сакав и на ехо да се види носна коска и да се мери нухален, не сакав да се потпрам само на пренатален, што ако се случи грешка. Мала е веројатноста, но скрининг е задолжителен во прво тромесечие и не би го пропуштала. Приска не правев бидејќи е статистика и со направен пренатален и скрининг нема потреба од Приска.
@*Dariceto* @kockichka честитки мајки да ви се живи и здрави бебушите само радости да ви донесат Моите страв сепак испадна реалност вчера бев на преглед ме прегледаа и вагинално што кај мене не беше воопшто болно и испадна дека цервиксот е ептен скратен и размекнат бебето више спуштено со главата е на каналот а поради размекнтото и скратено грло нема што да го задржи.Цтг покажа неколку контракции што во 33 недела докторкаѕа рече не треба воопшто да ги има и така сега сум на строго мирување да издржеме барем до 35 -36 недела и така ќе си се гушкаме уште пред нова година. Мм се зафркава дека сега конечно можеме да си купиме исти новогодишни пижами со бебето
Приската ти е бесплатна на државно и е статистика која ги вклучува твоите мерки земени од докторката и некои параметри од крвта што укажуваат колкава е веројатноста бебето да има хромозомска аномалија. Значи не е дијагностичка метода. Ако веќе ја правиш, мислам да ја направиш државно, истото тестирање е тотално, само најверојатно ќе мораш да одиш на клиника да ти земат крв (не знам како е по другите градови). Пренатален тест е сосема друго, а гледам приската како анализа по приватниве болници во Скопје не ја форсираат, доволен е скринингот. Имам другарка што цела бременост ја водеше во Ремедика, па испитувањето за крв за приска го направи на ГАК, зошто стварно нема поента да даваш пари за тоа.
Здраво. Да се приклучам по втор пат во најубавата тема на Фемина. Многу сум тазе, со Господ напред да тераме заедно до крај.
@*Dariceto* @kockichka Нека ви се здрави и живи бебушите големи да растат. Јас подолги време немам пишано но ве читам редовно и нема некоја промена изминатиов период.Никој не веруваше но еве и 37 недела ја терам.Кога ќр ми речеа минатиот месец ќе издржиш и до декмври викав нема шанси толку сама ќе барам да се породам неможам да лежам повеќе ама еве се радувам што се уште расти во мене.Скоро 2900 гр сме. Иначе додека бев со постојано лежење не качив воопшто на килажа дури бев и ослабена,ама сега откако се раздвижувам нагло почнав да качувам дури и ме плаши да не стигнам до 90 кг Денеска крв и цтг,немашр болки,сабота имам контрола.Бебето сеуште со нозете на долу,не сака да се врти некако
Лелеее колку ми е милооо те имам запамтено зошто и за првото бевме заедно во темава ама ти пред мене се породи честитки и со лесноо
Фала многу.Матичната ми кажа дека не е задолжително да размислиме. Но да те прашам дали имаш сознание за колку време од клиника излегува резултатот,бидејќи ако не е готов во иста ден ќе треба два пати да идам за Ск