Секоја чест мајка, ова ти е доказ дека нема правила во медицината и дека некогаш прогнозите на докторите не се точни, бебче сега може да излага кога и да посака, само со лес да биде!
Навистина не знам да ти кажам како е регуларно. Јас имав таму една сестра па за 1 ден ги добив резултатите, значи возможно е и за 1 ден да се испита. Ако веќе одиш, можеш да ги замолиш да ти ги дадат резултатите истиот ден, или меил некој да им оставиш ако може да ти пратат. Сигурно имаат модус некој и за трудници од други градови .
Јас го правев скопје и негде за една недела беше готова ама мислам дека го праќаат по маил кај матичниот,не одев за да го земам. @lejlla да мила така е во право си,лежењето многу помага,кога ќе ми текни дека секоја контрола ми кажуваа уште неделава да ја истуркаш ќе се породиш,кој стрес беше тоа а можеби и мотив што повеќе да лежам.
Ме зачуде зошто кај мене беше сосем спротивно. Кога го родив ми го ставија 2мин на стомак, го премести го увитка во пелена и тргна да го носи. Едвај имав сила да зборам ја замолив да го видам пак,ми го доближи го бацив и го однесе. Лежев на бокс 4 саати,под изговор нема кревет кај родилките,а чекаа прва смена да дојде доктор да ме провери. Ме префрлија и чекав уште 9 саати па со триста молења ми го донесоа. За млеко ниту знаев дали имам (прворотка) ниту како се проверува,ниту дојде некој да ме праша, си почнале од старт со адаптирано. А знам колку е важно што побрзо да почне бебе да влече,така да си имала среќа ти се погодила добра смена Уште еднаш,да сте живи и здрави,побрзо закрепнување.
Значи со второ си ме претркала . Баш ми е мило @flower30 те гушкам мила! П.с. се сум заборавила, ќе ме потсеќате малце што како идеше
Кај матичната на маил ќе стигне. Само да си знаеш дека кога ќе правиш скрининг истиот ден треба приска да направиш ради веродостојноста на резултатот. Цел ден земаат крв за приска на ГАК и е бесплатно @*Dariceto* @kockichka честитки женски, здрави и живи нека ви се бебињата. @LadyC честитки, со лесно
Здраво девојки Се префрлам од темата Вештачко оплодување тука Во рана бременост сум, (според апликацииве 5та недела) прв прегчед имам во понеделник. Сакав да ве прашам дали се нормални болки во долниот дел од стомакот и пецкање во јајниците од време на време И да ве прашам дали нормално си функционирате или повеке лежите? Незнам дали можам на пр пешачење од 20тина мин Може малку глупи прашања,ама прв пат ми е после толку години и се плашам од се...
Изгледа комбинираат добра смена на пораѓај, со лоша смена пост пораѓај. 5 саати не ми ја донесоа, иако докторката што ја зема рече дека само ќе ја избањаат и ќе ми ја дадат. Почнав да трипам дека ми ја украле. Изговорот беше, ја испитуваат и да чекам педијатриска визита, која ја одминува нашата соба. Веќе збеснав и почнав со висок тон. Експресно ја донесоа. Прашав како е, телефонот на докторката заѕвони, ми рече почекај одма се враќам. Не ја видов повеќе. После х време дојде друга докторка. Ни крв не и земале дека им изгледала добро. А инаку испитувале 5 саати. Ја напукале со две дози адаптирано, иако изричито нагласив дека сакам да ја дојам. Ми ги фрлија слушалките со собирање на постелината. Имаше и пар други ствари ама малку се лични па ќе ги прескокнам. Уффф...
@anitka-fifa добредојде, честитки и со лесно да ти помине бременоста. Што убав ден денес Болки на почеток пола од трудниците сме имале, но секако за брзо си на преглед и ќе си го прашаш пак докторот. @kockichka и јас со ќерката кога се породив повеќе од 24 часа не ми ја донесоа, се немаше кој да ми каже што е и како е. И јас се нервирав. И на крај отидов кај што се бебињата и сестрата ми рече повеќе бљуцкала па затоа била кај нив за да ја пратат. И после за брзо ми ја донесоа.
Со среќа да ти е и со лес да си ја износиш. Нормално е да има и болки, немој да се плашиш, секако дека можеш и да си прошеташ, само опуштено
Со лесно нека ти е бременоста. Бидејќи и јас сум со инвитро јас искрено до 12 недела си лежев не строго ама гледав да одмарам повеќе. За пешачење јас исто после 12 почнав почнав да шетам ама не премногу долго. Самото тело ќе ти каже што можеш а што неможеш. А сите тие болки и пецкање во јајникот се најнормални и ќе ги има цело време. Јас кога ќе имав некоја болка си велев дека матката се шири и поминав супер без паники. И не се плаши само позитивни мисли и се ќе биде во ред
Здраво дали ќе сакаш да споделиш каде го правеше пренаталниот тест, колку кошта и во која недела....јас би сакала да го направам 10+1 сум и да ми кажеш дали даваат некои поволности за плаќање на пример на рати да се плати, доколку имаш инфо.
Плативме 670 евра, имаше некој попуст тогаш кога правевме. И јас го правев баш на 10+1. Беше вторник, а веќе во понеделник ми се јавија и ги имавме резултатите. Мислам дека имаат опција на рати, но мислам само со кредитна. Јави им се, ќе ти кажат најточно. Еве ти сликав дел од флаерот со броеви на телефон.
Исто и јас бев разочарана од тие таму,3 дена со канела кај лактот бев прашував дали ќе ми треба,ако не да ја извадат ми смета бебето да го држам,ме мафтаа за џабе,па крвна слика па ова па она. За бебето вториот ден касно навечер дојде педијатар и само кажа земено му е крв,прегледано,добро е. А што прегледи му направиле појма немам. Патронажната на картонот што го даваат на испис виде дека му ставиле две вакцини, инекција К1 и направен ТСХ скрининг. Има една сестра кај бебињата млада,ниска,со венчиња со долга коса, многу е фина,мене ми помогна.