Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    девојки каде има во ск бутик за трудници никаде неможам да најдам
     
  2. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Имаш во Гтц сутерен, и во буњаковец сутерен .
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    За тестирање крвни групи на трансфузиологија, ми треба ли упат од гинекологот? Ич не ми текнува како одеше ова кога вадев за возачка дозвола...
     
  4. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ако го имаш картончето што го вадеше за возачка дозвола може да го однесеш тоа. јас така направив
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Го имам но сакав да се осигурам повторно бидејќи сум rH негатив зашто има случаеви да им ја погрешат, но не ми е јасно како.. :?:
     
  6. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    девојки да ви кажам и да ве прашам воедно...
    денеска цел ден откако се разбудив ме боли главата.. ама буквално цел ден, не ми е прекината...јадев малце и пак легнав да преспијам и станав и повторно ме болеше, неможев да станам од кревет од мака, омалаксаност, тешко ми беше... мене ни на крај памет не ми падна притисокот, една блиска пријателка ме советуваше да го мерам притисокот и ми го мереше и беше 90 со 110. јас откако дознав дека сум бремена откажав и кафе и газирано и со цигарите значително намалив, од една кутија на 2 цигари, некогаш 1,а ако ми се лоши ниту една, и веќе 2 дена ме болеше главата, ама денеска најјаката болка бешее...
    Се напив сега пред малку кафе и по извесно време повторно мерев ми беше 80 до 120.
    Бремена сум 9 недели и 4 дена, мислите дека има некаква врска ова притисокот и главата со бременоста? Ви се случило на некоја вака? Што сте правеле, пијавте течности, газирано, кафе??
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И мене така ми беше
    Цела бременост 110/70
    На пораѓај отидов со 90/60 и сите се чудеа
    Докторката ми дозволи едно кафе на ден,лимон,газирана вода...некогаш помагаше,некогаш не
    Е кога беше неиздржлива болка си дозволував парацетамол еднаш во два месеци
    Одмарај во темно,лимонада и лесна храна
    Со лесно...
     
  8. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    фала многу симона :*
     
  9. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    397
    А што да ви кажам јас...по вчерашниот висок притисок нема подобрување.Денеска исто така ми беше висок притисокот ми дадоа таблети кои треба да ги пијам навечер и наутро.Денес бев два пати на цтг,покажуваа по малку контракции но јас ништо не чувствувам.Докторката ми рече ако и со таблетите не ми спаѓа притисокот ќе треба да ме задржат во болница.Што баксуз ќе бев сега на крај оваа беља да ме снајде :doh: Инаку дури вечерва малку ми се стабилизира притисокот,си дојде во нормала,па ќе видиме како ќе биде утре.
    Туку сакав да прашам каква е поврзаноста на високиот притисок со пораѓајот?Дали ќе биде пречка за нормален пораѓај или пак ќе треба царски?Некој поискусен да ми каже нешто околу ова???
     
  10. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ти треба упат се закажува месец дена однапред, а тоа картонче не ти го важат направи си на трансфузиологија обавезно баш и во држана ми кажаа дека не ги примат картончињата.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    не дека сум искусна, туку вечерва дека мене ми беше низок, кога зборував со една комшивка, ми рече дека не пораѓале со висок најпрвин да се стабилизирал, а за царски незнам. некоја мама која што има искуство нека споделии :)
     
  12. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Мене на гинекологија ми рекоа дека до 20 недела притисокот нема врска со бременоста, се надевам дека е тоа така, сепак доктор го кажа. А штом ти се случува само овие неколку дена можно е да е од атмосверскиот притисок, многу е променливо времето, им влијае на сите, посебно на бремени жени. Мислам дека нема простор за паника, само консултирај се со матичниот како да се справуваш со болката и уживкај си во бременоста :*
     
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас имав висок притисок при крај на бременост, и кога дојде време за раѓање ми измерија некаде околу 180/120 и ми дадоа 2-3 инекции (не се сеќавам имав страшни болки) и апчиња па најверојатно имале ефект и се породив природно ама ме пораѓаа околу 7-8 луѓе.....Мислам дека е различно во различни ситуации, генерално тие со висок притисок ретко ѓи пораѓаат природно.
    Со лесно, само мој совет (и мене тогаш ми го дадоа) кога ќе отидеш во болница, да бидеш со апчињата во раце и да им повторуваш посебно ако одиш на ГАК оти може и да заборават.... Инаку после пораѓајот веднаш ми се стабилизира притисокот.
    поздрав
     
  14. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ако на картончето има печат од трансфузиологија однеси го тоа. Не прават проблем. Јас така направив. Со тие 400-500 ден. што ќе ги даваш повторно, ќе му купиш нешто на бебуш. ;)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ти треба упат се закажува месец дена однапред, а тоа картонче не ти го важат направи си на трансфузиологија обавезно баш и во држана ми кажаа дека не ги примат картончињата.[/quote]
    Ако на картончето има печат од трансфузиологија однеси го тоа. Не прават проблем. Јас така направив. Со тие 400-500 ден. што ќе ги даваш повторно, ќе му купиш нешто на бебуш. ;)[/quote]

    И јас го имам картончето од возачка, на него уредно си има печат, и тоа и кај гинекологот ми го признаа ама не знам за државна. Е сега не знам дали тој печат е од Трансфузиологија или од болницата каде што ми испитуваа крв, треба дома да проверам.
     
  16. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Не го признаваат во државна ми кажаа пред една недела дека потребно е од трансфузиологија лист, 280ден. е проверка на крвна група подобро оди и имај си го ливчето цело време во книшка.
     
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    38.260
    Пол:
    Женски
    И мене не ми го признаа картончето од возачката, иако уредно си има печат и означена е крвната група.Д-димерите јас ги правев уште во 2 месец(имам внатрешни вени, за превенција) и на трансфузиологија кога им го покажав картончето ми рекоа дека мора да се земе крв повторно, даваат посебен лист кој треба да стои во мајчината книшка секогаш, и демек на зафрканција ми рекоа, секоако ќе те боцкаме за Д-димерите, ќе провериме и крвна група, ти плаќаш пакет, во кој е вклучена и крвната група.
     
  18. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Јас вчера го прашав мојот доктор за д димери и за скриен шеќер ми рече дека крвната слика и состојбата ми се супер па немало потреба јас тоа да го испитувам. Е сега само за крвна група ли да се јавам на Трансфузиологија?
     
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    38.260
    Пол:
    Женски
    ^ Значи, во секој град, секој матичен си работи како што му одговара. прашај си од кај знаеш, па после пред пораѓај да не ти направат проблем за тоа ливче за крвна група, да се нервираш непотребно.
    А Д-димерите јас мислам дека секоја трудница задолжително ги прави и немаат врска со крвната слика, сепак ако грешам поправете ме.
     
  20. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ако си лекар не грешиш, ако не си, не можеш со сигурност да знаеш. Мене доктор ми рече дека не секоја трудница ги прави, јас лично гопрашав и си побарав, тој се насмеа и ме праша дали имам некој проблем, јас му викам не, а тој ми вика па нормално на ваква убава нормална бременост, крвна слика, постелка и плодова вода се е во ред, не се секирај, за испитување на д димери ги праќаме "сомнителните". Е сега сигурно докторот знае повеќе отколку ние. ;)
    А за крвната група ќе прашам во Државна, таму ќе се пораѓам па да си знам на време, да не биде нервози и туфкање после.