Хахахахаха е богами си во право Ама ајде кај вас кога ќе испаднете сега се е украсено, и има посебен шмек..кај нас тука е катастрофа, нема еуфорија никаква. Него да те прашам, срамна коска уште те боли ?
Ее денеска бевме на божиќен маркет, шо убаво си поминавме, се е веќе украсно, дедо мразевци на секаде лулашки чуда. Тетар за деца, пекари за колачиња, децата ги прават после ги печат у фурна и си ги зимат за дома. Се пие многу црвено греано вино, леле колку е слатко, ама јас пиев детски пунч За срамна коска не прашувај, исто како на игли да седам и лежам. Дури ме боцка. И на страна кога спијам веќе ми е мачно осеќам како под мене да имам нешто, не знам чудно е да опишам. Кај тебе како е. Имаш ли коселини? Јас фала богу немам сега за сега.
Убавини по тоа странството за нова година Да ти кажам , да не се подречам..а ќе се подречам ..кај мене е затишје пред бура, овие денови така лагано...се мислам шо ме чека наредноооооо
Баш тебе сакав да те прашам..собата ја средивте ? Кученцата како ? Или сум утнала тебе што ти пишувам
Кучето се оправи, спаси газ. Собата уште една генералка да и удрам викендот. Бебо е испран, треба козметика да доземам. Наредна недела 36+, сум на контрола и ќе разговараме за породување со докторот (како што ми кажа ти наполни 35 недели па може царски ), ќе се обидам да одложам барем уште 2+ недели да го износам ако е се во ред. Се плашам на толку пазење да не е голем, па да не излезе под 3 кг. И мм ми мрчи зошто сум брзала, требало да го носам до крај, а не е до мене доктор како ќе ми каже така пренесувам. Овој пат и тој ќе дојде со мене па нека се расправа он со доктори И муабетот, се што напиша е на место.
А шо може да те чека псвен бебе Осеќам на десна страна веднаш до папот болка нешто ме боли еден мал дел. Туку ја имаш ли таа линијата низ папот шо мине како се викаше?? У првата бременост ја имав сега ја немам. @flower30 кај си и како си?
Здраво те читам за скринингот на ГАК и мене матичната ми даде упат за скрининг да правам таму кај некој доктор мислам Ќаев се презива...ако може да кажеш дали од докторот си незадоволна или немаат апаратура и кај кој доктор беше...да знам да не одам воопшто ако е толку лошо пошто читам и други членки се жалат на старо ехо на кое не се гледа ништо...совет пошто ќе одам за прв скрининг кој е доста битен
А од кај да знаат мажите дали треба да фо носиш до крај или не.?! Ако е спремно бебето природно ќе си излезе кога му се сака. Во случај на царски со индикации се одредува спрема роа шо ќе кажат докторите. Не се сеќавам шо ми кажа мм сабајле нешто, велам ти нема никогаш да знаеш како е да ти се сменат хормоните и разни непта да ти се дешават, ниту ќе знаеш како е да си труден. Пораѓај ќе гледаш ама нема ништо да осетиш освен да се потиш.
Абе машка работа Му велам ти разбираш дека штом влезам во 9ти месец, нареден ден може да се породам и природно. До 36 сите органи му се развиени и само се збуцнува до крај. И јас сакам барем 38 да е, ама се си има врска, може плодова вода ми снемува, може постелката ми е зреена, може притисок да качам, може водењак ќе пукне и сам ќе сака да излезе, има милион причини зошто би можела да се породам пред 40+ недела. Ама ајде де, мажи повеќе паничари од нас се.
Здраво мешиња, како сте Од денеска сме 33 недела откако ги примив флорестонот бебче помалку го чуствувам, а еве има поминаѕо неколки денови.. мислев ќе си биде пак исѕо активно, но не баш.. ме загрижува зошто е така.. некаде читав дека и просторот им се намалува во мешето, но шознам.. има ли место за паника? Понеделник сум на преглед..
Стално ве читам за болки во срамна коска, јас навистина нешто пропуштам , иако мислев дека добро стојам со анатомија на човечко тело не знам која е таа коска. Јас осеќам боцкање или штрекање во цервикс и толку, ако одам или работам подолго ми се стврднува стомакот и нелагодно ми е, ама ми поминува откако ќе одморам, ноќе ме болат колкови ама не е страшно. Се на се можеби не треба да се жалам колку што се жалам по дома дека ми е тешко . 34та сум, може и рано е, можеби тек ме чекаат болките
Кај мене беше помалку активно два три дена, мрдаше ама помрзливо и немаше периоди кога баш мрда со се, ама си се врати во нормала. Не примав флостерон ама баш 33та недела ми се случи. Сега е активно како претходно, ако не се ептен намалени движењата би ти рекла да не паничиш ама поткаснувај нешто на што се активира, моите и двете на сирење и кока кола на пример
Пробај со кока кола и благо да го активираш малку , кај мене особено навечер е премногу активно дури ми предизвикува болка. А па кога ќе се напијам кока кола тогаш нема шанси да седам се превртува низ целиот стомак.
Мајка немој да се грижиш, инекциите ги примив и јас, мислам дека едно 5-6 дена не ги чувствував како претходно бебите, немаше удари, многу малку ги осеќав, но фала му на Господ еве сега лудуваат, мислам од место дека ќе ме поместат, една во едно ребро удира, друга во друго, цел стомак се ниша уживај не се секирај за некој ден ќе си се вратат во нормала
Кај срамните усни таа коска. Абе неможам ни јас да се пожалам фала богу, нека биде се во ред до крај и кај мене и кај сите, но сепак си има некој тегоби и послаби тешкотии од самата бременост. Секој месец нешто ново. Само со лесно да е кај сите.
Убаво би било тие што веќе сте поминале низ пораѓај, доење и сл. да ни ставате линкови до вакви видеа. Да, има многу на интернет сум гледала ама ако наидете на нешто што било корисно за вас споделете Обично гледам амерички ама малку се претерува кај нив.
Здраво Мене никако сон да ме фати Денес гледав на Енци менци колички и ми падна една в очи.Намалена беше на 8500 со транспортер.Сега попусти има и плус ваучер даваат 2000 денари за купена количка над 6000. Го фатив мм за рака и отидовме да разгледаме.Тоj се противеше рано било ама ajде ме послуша. Прво се двоумев дали е добра ама гледам сите низ град слични возат и ja зедовме. Беба моjа си претка.Одваj чекам следен преглед да си ja видам. Туку да ве прашам дали сте премногу емотивни во бременоста или само jас претерувам со некои работи.Гледам филм со тажна сцена и одма солзи ми идат.Мм сабаjлето ми пререче нешто за ситница и одма на срце си ставив,ама гледам да не искажувам многу пред него.Аjде си велам привремено е,не бев воопшто таква. Не спиjам што не спиjам барем да каснам нешто. Имаjте лесна вечер.
@ddevojce дома сум уште. Вчера бев на преглед, ми кажа докторот дека сум била 1,5 - 2 прсти отворена, бебе било добро, со доволно плодова вода. Ми кажа денес сабајле пак да идам. Ми рече може да има сукрвица од прегледот, ама синоќа имав на влошка сукрвица со лигав исцедок(доста) и мислам дека и чепот падна. Сега си лежам дома од пред 4 саат, имам болки ама само како сечење во стомак цело време, не престануваат на интервали. Сега ќе станувам и ќе се спремам, ќе одам на цтг оти боли доста. Па ќе видам што ќе кажат и на цтг и докторот.