Фала ти Ама нешто ми кажува дека и денес ќе си одам дома Немам јас такви класични болки на интервали, контракции Вие како сте? Како е малото, колку направи?
Среди ја, ама полека, не се оптоварувај толку многу да не ти биде тешко. А зошто да те прави царски ? Имаш пишано за ова или ја имам заборавено ? И правилно размислуваш, ако веќе мора царски, речи му да помине уште некоја недела, така е поубаво, а за килажата не се секирај, таа одма ќе се надополни. Ти ги мислиш мали ситни, ама колку се јаки , издржливи и снаодливи за толку мали тоа е чудо Посебно килажата, таа одма ја качуваат
Леси се врача кучи Отворена 2,5 - 3 прста, ама грлото не било размекнато (така разбрав). Да си одам дома и во Понеделник да одам за прием (ако до тогаш не бидне) Реков ќе ве олабавам од пишување, ама не можам да не пишам. Ама барем се трудам да не пишувам панични постови. Дури и сабајле кога имав болки не паничев - замислете Имајте убав ден
Затоа пишав затишје пред бура Истите работи и болки како во првата бременост така и во оваа сеа за сеа. И затоа реков кој знае што ме чека, оти знам дека сега следи болка во срамна коска, грчеви болни во сон, и лажните контракции Иначе и јас ја немам сеа за сеа, со првата брем. повише ја имав, сега не. Ама кај и да е ќе се појави. Мене почна таа коска да ме боли пред 34 недела, иначе @ddevojce убаво покажала која Убав приказ Обавезно штом најдам ќе ставам Таква бев и пред бременост не па сеа Ја мислам испаднал чепот, ајде со лесно да ти биде се Шуќур
@Lorins не можам да не пишам @Dikinzi да чепот беше, и докторот ми потврди. Умно е моево бебе, чека 1ви да земеме плата па да искачаМм ме зафркава, денес било ден на Сфрј и вика ај нека чека, инаку ќе треба Тито да го крстиме
Мами како изгледа кога чепот паѓа постепено? Еве денес и пред неколку дена на бришење приметувам чуден исцедок што до сега не сум го имала, како парчиња жолти изронети, може не е тоа тоа, ама ваков исцедок никогаш не сум имала. Инаку бебе мое 2600, не ми правеа цтг рано било, следна недела ќе ми прават. Мислам дека ќе се заборави до кај 40 недела
Мене чепот ми падна пред самиот пораѓај, и тоа веќе бев со болки и отворена околу 5-6 см и со бабица отидов у вц дека многу ми се мочаше и таму падна и тоа крвиште стана грутки крв не знаев што е тоа и замислете се наведнав со болки да чистам коа бабица иде и ми вели оди да раѓаш, ајде тоа е моја работа јас ќе исчистам. Јас се збркав од љубезноста. @Dikinzi оваа на сликата не е мојата срамна коска хахаха таа ептен е совршена А за грчеви у нога да не зборам, истовремено на двете нози ме фајќат и не пијам повеќе магнезиум, само тие витаминските шо си ги пијам по едно на ден. @flower30 ајде уште малку нема време за паники и стравови. Притисокот како ти е?? Торбата спремна ли ти е?
@ddevojce торбата спремна ми е веќе 3-4 недели Кога ми рекоа дека може порано треба да се породам, јас тоа одма средивПритисокот сега е добар(фала Богу), се надевам ќе остане така. За чепот мене ми падна малку пред 1 недела, а вчера повеќе. И е лигав исцедок со светло кафеаво/розеникав (извинете за објаснување, ама да доловам на тие што не знаат)
Позитивна си ми денес, пу пу да не орочам, така да си истераш до крај и потоа уште поубаво. Отворив само ради тебе да видам дали ти е спремна торбата гушки
Пробувам да не се плашам. И веќе срам ми е да кревам паники, па ќе видиме до кога. Фала тиДај боже сите да поминеме лесно и брзо
Сестра ми имала варичела, ми олесни, безбедна сум. Бев кај матичната сабајле за брисеви бидејќи нема кој друг ден, задутре се враќам за Штип... Се испокарав со неа пак. Зошто да сум ги носела во друга лабораторија, ако веќе сум сакала приватно и таа можела да ги испрати некаде.. Зошто Приска не сум правела, се расправав и на крај и кажав дека до сега 7 пати ќе ми земеше брис и јас ќе го имав однесено кај што сум решила. жената се налути почна да ми се дере дека имала 30 години искуство и дека јас не требало да се правам доктор и да не мислам дека знам повеќе од неа. На тоа и премолчев. На излегување ми вели прашај некого на интернет дали и друго треба да испиташ, таму повеќе знаат. И додека чекав сестрата да ми ги даде епруветите, докторкава во ходник со следнава пациентка зборува како ние младите не сме биле едуцирани а сме глумеле многу паметни. И кога си заминував ми рече дека такви пациенти како мене не и требале непослушни... после ова денес, со сигурност ќе ја сменам, си имам фотокопии од сите досегашни резултати и испитувања.. Нервозна сум уште, само бизнис да се правело, јас секако на приватно си плаќам, но таа упорна за приска ми бара 4200 и за брисеви 1500 на приватно.
Мене коа доктор ми форсира некоја лабораторија или аптека, а јас сакам на друго место кажувам дека имам човек таму кај што сакам и дека затоа таму одам, не дека секогаш имам мој човек некаде ама да се поштедам од објаснување.
Здраво! Темава е најактивна, па затоа тука се уфрлувам со прашање. ТОРЧ тест сте правеле на микробиологија или на ГАК? И дали знаете лабораторијата на микробиологија дали работи и во сабота?
Па имам, куќни пријатели ми се тие од лабораторијата кај што носам. Но таа инсистира , сака да профитира. Порано кога си ги плаќав прегледите од неа беа и епруветите и се, сега ме тера да купувам. На бремени жени не смее матичен да им наплати, исто и се останато што е на државно, па си бара таа начин пак да профитира од нас.. Ми вели ти си 4-та или 5-та во оваа општина што не правела приска.. А знаеме дека не е задолжително и бесплатно е на државно, но сепак таа форсира кај неа крв да ми земат и да пратат... Збеснав денеска.. тотално.
synlab или avicena ? во avicena одев минатат бременост во карпош, сега ми рекоа можам и во synlab дали некоја одела таму и како сте задоволни (и дали знаете во аеродром во тој synlab дали може со упати?,бидејки во avicena во аеродром неможело со упат мора само приватно) сакам таму да одам овој пат бидејки ми е поблиску
Да ви се убацам за срамнава и мене ме искина.... Дури ако поодам малце како и да ми трне месото над неа (тежи бебка се шири карлица) и отварам сезона на одење како патка тек сум 32ра кога ке сум здравје 36 37ма како ли ке одам незнам