Таква ти беше работата, стоечка па те оставија дома? Потребно е од доктор потврда така? Би сакала и јас да сум дома, да му се посветам на син ми додека дојде бебе уште сега ме фаќаат мисли како да се организирам тогаш, да не го запоставам
Avicena e каде каде поорганизирано и посредено. Зборувам споредба Тафталиџе со Синлаб К. Вода. Јас цела бременост одев во Авицена, само на крај почнав Синлаб зошто многу далеку ми беше Авицена. Мислам дека упатот од Синлаб важи за сите. И совет, носи си чашка за мокрача секогаш во Синлаб (освен ако не даваш примерок од дома) затоа што даваат пластични за пиење од оние таму да оставиш, не знам дали не се контаминира така примерокот.
Хахахахахаааа, ајде бе декември е убав месец шо Изгледа бело-жолт и треба да е густ или растеглив како белка од јајце, помеѓу два прста. Може да паѓа постепено, а може и наеднаш цел, може да е со сокрвица и без. Мене скоро недела дена ми испаѓаше чист. Како голема патка
Мрзам доктор да ме форсира и да ме тера да правам на приватно, а има опција и на државно. Негово е да ме информира каде се прави и што треба да се прави. А каде што сакам јас, таму ќе проверувам. И да ми се испонаша така како на @Fallen.Angel и да ми се дере, да коментира на други пациенти за мене, во истиот момент кај сестрата ќе застанам за да си го земам картонот.
Така изгледа чепот. Јас имав цела недела таков исцедок, па на крај еднаш жолто со розево/црвено Се гледа крајот
Ајде иде бебе еве недела е 1ви,ако чека за плата Ние добри,пробуваме да фатим некој ред за спиење,спанко е малиов спие дење,па ноќе до кај 1,2 не е цврсто заспан,дека наспан од дента па ајде во количка нишкање. Си цица,млекце има,сега ќе видиме на втор месец на контрола за 10тина дена што ќе кажат,колку сме пораснале Ве прочитале овде дека се жалите Кај мене неколку дена паѓаше,лигаво како белка од јајце а бојата одеше од жолто накај розевко,кафеаво
Сега и јас тоа се мислам... Ќе преминам кај друг доктор, ќе ми го дадат ли од таму картонот? Јас мислам дека не, затоа правев фотокопии од се..
Должни се да ти го дадат картонот, а тие копија да си направат од сè за да се покриени ако им дојде инспекција. Должни се, да знаеш. Јас кога менував матичен, ми се инатеше дека не го дава, па и мене ме фати инат дека имам право да ми го дадат. Па се јавуваа во фонд мислам и им кажаа дека мора да ми го дадат комплетно цел картон, а тие да си направат копија.
Немам којзнае што во картонот, и така не одев често кај нејзе, си плаќав на приватно, ако веќе имам право ќе си ги земам сите работи, картонот нека си го чуваат.. Туку кој ќе се расправа..
Здраво девојки, би сакала совет или бар да ме утешите со ваше слично искуство, да знам дека е нормално... 7ма недела сум, не повраќам, ама многу ме мачи желудникот, целата сум како успана, само ми се лежи, можеби притисокот ми е низок зашто не сум по кафето, на моменти и глава ме боли. Немам апетит, се' што јадам е на сила и по малку. Не знам како да си направам да ми е полесно, да се опуштам малку
@Sofi.ja нека чека барем до Понеделник А за ехото на ГАК ако прочитале од тука па го смениле, сега сите трудници што одат да ме честат чоколадо - јас највеќе се жалев Супер, ајде штом си спие и дење, си знае детето - ноќта е за журки правењеБитно дека си цица, сигурно ќе биде се добро @Fallen.Angel а штом е сипаници, нели треба и ти да провериш дали не дај боже си ги префатила?! Извини, не знам точно, така сум чула дека се прави преку крв испитување за проверка. И да ве прашам нешто. Јас пијам Премама Дуо и денес ги испив последните апчиња. А нели здравје за неколку дена ќе се породам, па може да терам без нив или да купувам цело пакетче?!
И јас немав гадења, нормално е и тоа со желудникот. Биди среќна ако немаш апетит. Јас имам многу зголемен апетит и телесната тежина ми е малку поголема..килограмите во бременоста можат да направат здравствени проблеми, а за изглед ќе се грижиме потоа. А за желудникот сеа ми текна, поизразено чувствував ако пиев витамини на гладно. Така да сигурно си почнала со некои витамини, прво јади нешто па потоа испиј ги и нема да ти биде така.