Иста бев и јас, работа-дома, јадев и во 19ч си легнував и пак станував следното сабајле за работа Мислам дека 7,8 и 9 та недела ги преспав и немав воља за апсолутно ништо. За мачинините ми помогна едно апче Б6 на ден.
Е добро, не знаев. Сега уживај. А за докторката, ако можеш да ја смениш - мењај одма. И јас цела бременост се нетвирав со докторката. Најубавиот период го расипуваат или со грешни дијагнози или ко твојата вака, дрска. Јас па и цела бременост плаќав кога одев на прегледи. @Keri така се осеќаш од бременоста, а искрено и времево допринесува за тоа. Колку можеш одмарај. Јас во првата бременост, до 4ти некаде да можев и стоејќи ќе спиев. А за храна, јас немав таков проблем, јадев/јадам повеќе. Ама можеш сега да пробуваш повеќе барем овошје/зеленчук, супи, двопек, бисквити, млеко, јогурт. Полесна храна додека помине овој период. @kockichka како си ти?
Здраво мешиња. Веке 2 ден сум со болки во јајниците, како настинати јајници осеќам остра болка во долниот дел на стомакот, незнам дали е нормално или имам некоја инфекција закачено 22+5 сум сега... Сакав да одам до кај матичната денес ама попладне не работи денес во петок...Ке ве замолам за совет ако сте имале вакво искуство во второ тромесечие.
И јас сум со болки, но сфатив дека е дигестивен проблем и ме боли на исто место кај јајниците. Имам тврда столица и многу гасови.
Јас кога ја почнав 36та баталив и утрогестан и магнезиум и фемибион, готово ќе се пораѓам Ми остана по една табличка. Многу од мајките продолжуваат да ги пијат истите витамини од бременост и при доење, ама не знам кој им препорачува. Јас педијатарот ја прашав дали треба да пијам нешто,рече не,можеш за лактација Лактил само да земеш. А сакам да земам нешто за имунитет,уште болест ми фали сега
@Dikinzi @Sofi.ja фала ви. Па и јас сега викам, за 2-3 дена треба да купувам нова кутија, скоро 900 ден, а за тие пари ќе му купам на бебе што треба А заборавив да го прашам докторот.
Мила мојот матичен секој преглед го наплаќа иако сум трудна а и сите гинеколози во мојот град , цената на преглед се движи пд 400 до 800 денари од преглед .
Ќе ти даде. Јас настинав и имав температура, на тој основ ми даде. Ако мислиш дека нема да ти даде, кажи дека не ти е добро, дека те боли половината, или дека имаш некои симптони на настинка.
@flower30 физички сум добра, фала на грижа, ама психички малку паднав кога ми кажаа дека треба да останам минимум до понеделник, зошто бебка има инфекција. Не дека не очекував, на ГАК тоа е многу чест случај, ама се понадевав дека ќе не одбегне. Инаку бебуш цица, ама заменети и' се ден со ноќ и еве ја сега спие, одвај ја будам за цицање, а цела вечер се будеше ако и ја тргнам градата од уста. Не сум спиена откако ме примија на клиника. Ми фали големата ќерка. Лута ми е. Дојдоа пред врата со татко и', излегов да ја видам и се расплакав. Ми ги бришеше солзите со рачињата и ме баци, ама не сакаше да ме гушне и ме гледаше чудно. Еееее фластерчето мое не сакаше да дојде кај мене. Не е лесно да си родител. Стално мислиш да не им згрешиш, да постапиш правилно, да ги сакаш, а да не ги размазиш, ставајќи ја својата емотивност на страна. Ах, а ја чу умрети од љубави... Толку од преносот во живо од ГАК. Студио?
Поздрав назад од студиото Ах бе душа, ме разнежни, расплака и насмеа Не е лесно, сигурна сум, и мене ме чека потполно истото за три месеци. Полна сум стравови како ќе биде со малава, како ќе го прифати бебето, се секирам и јас да не ми е лута... Од друга страна, сакам и бебка да ми се роди жива и здрава и да биде се’ во ред. Не за џабе рекле, да бидеш родител е најтешкото, а воедно и најубавото нешто на светот Држи се, ќе биде бебка супер, а големата дада кога ќе си дојдете дома ќе се врати на старо. Сега и исплашена е сигурно, те видела во болница, башка ранлива си, хормони, емоции тон... Ќе биде подобро
"Проблемот" со чување мачка дома во бременост е токсоплазмоза. Мачките се преносители на токсоплазмоза преку нивната урина и гомца Токсоплазмозата како за човекот така и за мачката претставува болест. Така да ако твојата мачка ја има ќе биде болна. Тоа што се препорачува е бремените жени да не го чистат песокот од мачката за време на бременоста. Предај ја таа одговорност на некој друг. За друго не би требала да имаш проблем. едит Јас имав токсоплазмоза а сум немала контакт со мачки. Според кажувањата на докторите од токсоплазмоза ретко има заболени директно од домашни мачки. Најчесто се од јагоди и марула и други плодови кои растат на земја а не ги третираме доволно за да се уништи паразитот.
Здраво девојчиња , ве читам и се разнежнувам. Многу ме тера на благо, само таму ми е паметот а не смеам да помислам оти до пред да видам две црти примав Панцеф, имав ешерихија и сеуште сум на мнооогу чаеви ( ама најмн ми помогна од коса од пченка) и не смеам да помислам на благо. Ја исчистив мислам дека мада уринокултура ќе мора да правам пак, да видам кај е и што е таа досадната и дали се изгубила. Инаку се утепав од јадење цвекло , за неполни 24 саати стопив цела тегла. Ми се мокри на 5 минути , ова со првата бременост не ми се случуваше, а сум исто така претерано поспана, цело време само дремам чим имам шанса. Тоа ми е једин ист симптом. Едвај чекам да одам на контрола на 12ти да чуеме срценце и се надевам дека нема таму 7/8 ма недела да почне да ми се повраќа. Кога читам вака како дечињата се лутат мама што ја нема со нив ме фаќа уште од сега паника како ќе ми прифати второ дете малиот. Тоа најмногу ме стресува.
Оф бе, души мили се. Колку се мали, а колку многу разбираат. Си ја претставив сликата како ти ги брише солзите, се натажив. Ајде, ќе поминат и овие 2 дена, битно бебка да е добра. Гледајте се на вибер/скајп, слушајте се. Викендов ако може пак нека дојдат, тогаш ти нема да плачеш, ќе ја гушнеш најсилно и ќе и кажеш дека за многу брзо ќе бидеш дома. Јас на ќерка ми и кажувам дека треба да одам да го вадат бебето и одма го менува ликот и менува тема. Ама 3, 5 години е и мислам дека е подобро да и објаснам, отколку така. И и кажав дрка бебето ќе и донесе играчка когa ќе се вратиме. И мене ми е тешко што ќе мора да сме одделени неколку дена. Ајде држ' се, ќе биде се добро. Ти ме тешиш мене, немој сега да потпаѓаш, што ќе правам јас
Фала на поддршка. Да, ти си во ептен слична ситуација, па ќе ти пренесувам искуство. Демек ќе правев група за мала разлика меѓу децата, ама не стигнав. Ај да пробам да поспијам, па ќе направам (ако не заборавам). А ти Сехи бејби изгушкај ја ќеркичката мнооогу од тетка Коцкичка.
Уф, кога ќе се сетам на моментот со солзите, инстат навираат нови. Со брзина на светлината, зошто она е сонце мое... Уф... Ајде прекинувам. Се враќам во стронг мам моуд. И јас и купив играчка - огромно бебе. Ќе и' кажам дека е од мама и дада, на излегување од болница.
Гледам некои од вас се жалат дека ги боли срамната коска, и ако една од вас не ставеше слика каде всушност се наоѓа, јас сеуште ќе мислев дека тоа е коската на средината на га*от (опашката) Абе просто дете си е просто. Инаку прееска додека правев ручек, бебуш беше доста немирно и додека мрдаше некако како да ме тераше да напнам на неколку пати, ви се случило ли на вас така?