Кога ќе се здрви стомакот а бебето ќе можеш да го осетиш каде е, некогаш испапчено како топче некогаш цело грбче се познава (ова кај мене). Сигурно ги имаш веќе во 31 недела, јас овој пат многууу рано почнав да ги осеќам некаде 5ти месец. Сега сум 35та и снемувам здив кога имам лажна контракција а осеќам и притисок на цервиксот, бебето си е нормално наместено за неделата, не е спуштено или слично, така не се паничам. Кога се движам повеќе постојано ми е згрчен стомакот и непријатно е ама не боли.
Дали може да јадам ананас во прво тромесечие сум? Знам дека не се препорачуваше на крај,а сега ? Мм купил ми течат лиги
Ако нешто ти се јаде, а не е убаво да се јаде во бременост, тогаш само лижни да не ти биде мисла. Ја така правам, ке си каснам еднаш од иштав, и готово
Кај ти отишол умот на војничка храна Мислам смееш,само не е препорачливо.Пропржи го на тава од двете страни по некоја минута,да е обработен термички.
Го испржив и тоа убаво и јадев. е ај од кај ми текна незнам и пред да останам бремена скоро никогаш не сум јадела нарезак многу ретко. сега ми се пријаде
како сме девојки? Веќе неколку вечери спијам на трудничката перница од Сомниа шоп. Се спие некако но сепак не е како што замислував, јас мислев кога ќе и се фрлам на меко ќе спијам, а јас уствари спијам во дупката и како да не спијам на неа, само ногата има кај да си ја потпрам. Може до мене е, може сум глупа не знам како да легнам
Имаш што да гушнеш додека спиеш. Еве јас во 37 недела си викам што не купив перница. Немам проблем со спиењето, само се сецкам кога ќе се разбудам на грб, сега апла не е убаво. А на страна без перница меѓу нозе можеш да си го потиснеш стомакот, па една ставам таму и една гушкам. А за спиење, спијам ко топ цела бременост
Мене ептен корисна ми е перницата, ја имам од Лала. Да не е таа, на грб ќе се вртам, а вака како потпора ми е и удобно ми е. Иако болат колковиве од спиење на страна, сепак и нога ќе кренам, меѓу нозе ќе ставам и ќе ја гушнам.
Јас ја имам на лала и презадоволна сум , ми се дешава да спијам на грб но сношти како да ми снема воздух хахаха , и се свртев одма на страна , иначе откако ја земав немам мака со грбот а претходно умирав од болка мо идеше да плачам , ке се навикнеш сигурно првата ноќ и мене ми беше чудно а сега не знам што би правела без неа
@Milicka* и @0ли ќе сакате ли да испратите слика од вашата да видам колкава е, ми се чини дека мојава е помала перница со премногу простор измеѓу, баш да видам за споредба... оти мојата не е од Лала...
На инстаграм на срч напиши pillows_lala Ќе ти излезат слики, има доста, ќе добиеш претстава. Јас ја немам сликано мојата. Едит. Кога им пишав на Инстаграм, димензии ми кажаа, 140×80.
Јас ја порачав перницата (си оди со една навлака) и навлака резерва. Перницата е 1600 со навлака по избор, а една навлака е 500 ако сакаш резерва за перење и плус достава. Вкупно платив околу 2280.
Хормоните ме дрмаат на највисоко ниво овие денови . Се обидувам да останам смирена во многу ситуации ама никако неможам да се контролирам. Пробувам да ограничам одредени контакти кои ме прават напнати но пораките ми стигнуваат и преку други луѓе. Во други услови мислам дека многу муабети не би допреле до мене, но сега поради бременоста сум пречуствителна. Како се справувате кога ви префрлуваат се и сешто околу бебето што допрва треба да се роди како на пример што купувате уште е рано, зошто кондури зар мислите дека треба да прооди, па разни сугестии околу името како да се вика што како и уште милион вакви мали ситници. Се е ова безначајно , ама понекогаш толку многу ме вознемируваат работиве.
Јас не нарачав перница за трудници, а на почетокот се мислев од каде и каква да нарачам. Веќе сум 37 недела и немав потреба од неа воопшто. Немам никаков проблем со грбот, барем не сега за сега