Хелоо! Дојдов да видам да не имаме некоја нова мама мислев дека кај @flower30 има нешто ама таа абер нема. Ние по дома со бебуш си се топлиме си растиме со брзина на светлината од 2кг сега сме скоро 4кг за 2 недели правиме 2 месеца Во петокот беме на контрола за очињата па ми го изгребале под окце и му прснал капилар во окџето при отварање крваво му е цело душа ми се сокина минае идеше да одам и да ги задавам Се скина од плачење и цела вечер рипаше во сон. Ама се радувам фала му на бога ќе нема потреба пак да одиме на прегледи. Утре имам закажано прв преглед после пораѓај кај докторот што ме породи а денес ми дојде па немораше да се брза толку
Милаа глава горе и не се замарај. Прави како што сакаш. И не слушај никој. И мене ми зборуваат стално, многу алишта имаш купено, ништо нема да успееш да му облечеш, многу рано ова. Сега па почнаа да ми брчат за да фатам врски за пораѓај демек поарно за мене, сите се знаат само јас ништо не знам. Не им се замарај. Ти и бебуш сте најважни, грижи се за себе, да си ја истераш бременоста како што треба, бидејќи не чека тежок почеток на нешто многу убаво. И тогаш ќе ни треба трпение, сила, воља.. Затоа биди храбра и не се замарај на рекла-казала. Прави како што сакаш ти. Мене па маж ми почна да ме нервира сега, каде и да отидеме за да гледаме нешто детско, леле колку е скапо, а ова колку е скапо. Му викам а што сакаш некој без пари да ни го даде, и така нервозна и разочарана ќе си излезам. Ама го чекам моментот плата да земам и сама да излезам да купам. Баш ми е гајле тогаш што ќе рече.
Како ? Никако ! Нервози само..уште толку филмови во глава, што како да направам и само се силам , а кога ќе дојде таков момент ќутам само, и се погрешен пат избирам да отворам уста, а не треба така. Мажот од секогаш викал..ако некој се дрзне да биде некултурен , да ти се меша и да ти кажува што да правиш треба и ти таков да бидеш со него, за да се освести. И се трудам многу да го слушам неговиот пример ама тешко ми оди, се ставам при срце, а и си правам ситуации во глава што не се десиле, за името нема шо кој да ти кажува,ти со мажот ќе решиш и ќе го кажеш било сега било од кога ќе се породиш ,за чевли што ги интересира ? Има бебешки чевлички и ја облекував па што ! А за купување кој оога сака, кога може ќе си купи за малото. Некои луѓе не сакаат одма да купуваат, некои чекаат во последен момент, и сето тоа е нормално. Јас на пример сум таква личност, што некој ако ми каже негово мислење и прави како што смета дека прави му давам поддршка, не се мешам многу и не кажувам мое мислење се додека не ме прашаат. Еве некна имавме гости, жената сака да ја одбие малата оти ќе тргне на работа ,пробала со сите АД млека, малово нејкело и само кравјо прифатило..и колку и да сум против кравјо пред годината, сако реков што си сака детето тоа нека си пие..жално е што очекувам и ја таква поддршка од сите ,ама спрема мене не се така..ме научија дека сум овца за стрижење, дека давам поддршка на сите, и дека попуштам на секого, и дека секогаш правам ќеиф на тој другиот ,и кога ќе се изнервирам и дрзнам да кажам мое мислење чудно им е па се лутат..ете тоа е ..
Луѓе како луѓе, ќе коментираат. Колку повеќе им даваш материјал, толку повеќе ќе мудруваат. Држи си ги работите за себе и ќе имаш мир. Ние со маж ми многу работи си држиме само за себе, и некои раб. околу бременоста и околу бебето. Ете на пример имаме одлучено за името ама никој друг не знае. Еден роднина дури и отворено ме праша, и тоа блиски сме и мн се сакаме, ама му реков дека уште одлучуваме и нешто на зафрканција свртев.
Дали се осеќаат симтомите за скратен цервикс? До сега не ми мереле. 32+1 сум и деновиве ептен се чуствувам како истурена, само ми се оди по мала нужда, бебе активно па често како стврднат ми е стомакот. Воопшто не се осеќам способна да стојам на нозе. Како пајка се движам.
Паметно си размислувате за одредени коментари. И за такви напорни карактери, исфрустрирани луѓе на кои интензивно им ја осеќам енергијата негативна. Да ви кажам, ги избегнувам, немам потреба од често гледање, и подобро ми е. Не можам скроз да ги откачам, зашто такви се односите, морам да се гледам одвреме-навреме, ама ЕДВАЈ, без желба, е*ате дружењето такво сосила. Ама кога ќе размислам, мојата енергија и добробит ми се поважни од шо ќе речат другите, види ја, недружељубива, ИЧ не ми е гајле, устите секако им се отворени, за почит- Нула, и така од такви неинтелигентни, накострешени карактери не ми се гајле шо ќе излезе од устата нивна за мене. За бебето и јас истото, на кого сакам, тоа кажувам. Ги осетив сега некои луѓе колку се израдуваа, како душевност ги проценав, ама тоа е, денес ретко кој милост покажува. Или па јас ги немам вистинските луѓе, па затоа огрубев. Како шо кажа @Dikinzi , само си смислувам сценарија, муабети, вака ќе речам, така ќе речам, ама не сум таква душа, на нечија исфрустрираност да дофрлам оган. И на крај јас сум исфрустрираната хаах, затоа помалку гледање. И стварно не знам што туку коментираат нешто шо не нивна работа, кога ниту јас на никого не му се мешам, ниту сум давала памет. Ама вистина ова. Мој совет: ШТО САКАТЕ ПРАВЕТЕ, БЕЗ ЗАМАРАЊЕ. ВАШ ЖИВОТ- ВАШИ ОДЛУКИ. Народот ќе коментира. И на никој не можеш да му наметниш да е ваков или таков, секој со свој ум и околности.
Јас уште со првото си купив перница трудничка од Стружанка, навлаките исто и се ефтини и таа беше ефтина (цена ич не ми текнува оти пред 3 години беше) , ама сум презадоволна од неа. За муабети не се погодил некој да ми "соли" памет, знаат дека и онака сум нервозна. Оваа бременост и иако сум на почеток, мноооогу ми се спие, цело време гледам глава да потпрам и да спијам, ама малиот не дава баш и малце тешко ми е. У памет ми се врти само благо, немам уште мачнини, ама мислам рано е, и пак од страствен пушач замрзев цигари. Ни сакам да ги видам, ни можам да поднесам некој у близина да ми пуши. Ќе видиме како ќе е, едвај чекам да одам на прва контрола. Го прашувам малиот дали сака братче или сестриче - отсечно НЕ кажува!
Кај нас сите ги интересира име а нашиот одговор е обично Перса или Параскева па нека се чудат инаку сме до некаде одлучени ама па што другите мора се да знаат Што се тиче "Чекајте рано е уште" вчера на свекрвами и реков ако почекаме уште малце на крај ти ке треба да купуваш Кај мене има и "сега тоа што купи ке почекаме да дојде време и ке ми ги дадеш некој ден ко ке е сонце јас ке ги исперам и исушам" реков само "аха"..... А иначе во позадина на мм му објаснив дека дома машината совршено добро работи и немам намера да терам бабини деветини и перам на рака, башка машината има baby program мислам она поарно да не ке ги испере? Секој нешто сака да рече..... Не советуваа дека нема потреба да купуваме креветче бебе секако немало да спие таму да не трошиме за џабе исто и количка тек кога ке имало бебе 2 месеца ке ни требала...... Мислам лудило мозга ако немам креветче секако нема да научи да спие на него... А за количка ако не ке го макнеме бебе во раце чудо едно што нема да чуеш ама си викам ајде за добро сите ти зборат не им замерувај
Кај мене свекрва ми на јатрва ми доста и се мешаше, и се уште е така, они се прават родители за нивните деца. И преку муабети одоколу сака и мене нешто да ми наметне ама си ќутам и после коа ќе направам нешто што она поинаку го замислила, како на пример перење во машина, не вика ништо. Да не сум перела во машина, грчеви ќе имало бог да чува, одма на вриење се ставив, ја преку мажот ми ѓи решавам сите работи. Си ќутам си траам, и после него му кажувам па он си ѓи решава, не можам ја така да се карам. Само да го спомнам ова..кога се роди внукот пред 4 години, и детево кога ќе почнеше да плаче во стање беше да го земе од раце на мајката и таткото, за од кај мене да не правам муабет..она знаеше најдобро.. е сега пред 2 недели малата кај нив несакајќи падна и почна да плаче, и она ја зема у раце, и ја срипав од столот отидпв накај неа и и ја грабнав, после ми падна криво оти тоа го направив, ама па од друга страна чекај да види како е кога ќе му грабнеш на некој дете од рака. Ја сум мајка во случајот, ама штета што не знам да кажам, па преку поинакви дела покажувам.
А зошто за ваше дете се објаснувате со сите? Нека си збори кој шо сака. Мое дете - мои правила. И мене ме напнаа домашните за шпикозните шо ги купив за од болница. Комплетче требало. Ко фраерче да било. Многу бебешки изгледало во шпикозни. Па мислам бебе ќе носеме дома не тинејџер па во кошулка и панталони да го пикам. Повишете глас некој пат погледнете на криво и нема веќе никој да ве закачи.
Здраво мешиња, како сте? Од вчера имам болка во лева ципа, како да ме влече дури она кога ке ви се потфати влакно, месо па боли знаете? Исто и во долниот дел на мешето ако подвижам малку повеке и толку, едвај стојам после.. Дали има улога возењето на кола, дали и од тоа може да ме боли.. до кога возевте вие? Утре сме на преглед па се надевам се ке биде во ред.. А и откако влеговме во 8ми месец многу тешко се нешто боли стега.. многу потешко навистина.. денеска цел ден одмарам и еве вечерва повторно некои такви болки во ципа.. Ве читам и останатите некои шо сте во 8ми имате некои сл. проблеми.. исто ме притиска бебуш за во вц мислам буквално на 5 мин..
Јас не прекинав да возам ама приметив дека се стегам и кога ќе се симнам од кола осеќам напнатост некоја во стомак. Така да, гледам некоја друга опција секогаш друг ме вози или такси.
Јас еве 30та недела ја терам ама бебе е за две недели понапредно и според него веќе сум во 8ми и мене овие неколку дена ми е се потешко, се нешто ме боли, снагата ми тежи, како патка се осеќам, едвај мислам се движам а кај ми е крајот.. Мислам дека возењето не пречи барем мене не ми пречи, мене повеќе лежењето ми смета после тоа тешко се раздвижувам се ме боли..
Ах мајкиии.... не е ова лесно, замислете како ми е мене со две толкави бебиња, секој ден нешто ме боли, ама нека боли, се ќе издржам за нив, само да се здрави и живи
И ние исто две недели сме понапред, а по пмс сме 33+3 .. секој ден ми е се потешко ниту да се лежи ниту да се шета.. а сакам да докупам за бебушот, од друга страна тешко ми е неможам да движам многу, постојано сум во тоалет.. немам галје со возењето, но од вчера дека со ципава си помислив да не е од тоа па нешо..
Zdravo ,dali znaete nekoja ginekoloska ord. Sto ima 4d exo no sto ne e privatna i ne naplakaat po 3 4 ilj i sto nemora da ti bide maticen za da te vidi na exo?
Мојот гиниколог има 4д. Жаклина Чочоровска спроти Мвр. Може да си закажеш преку телефон термин за преглед и цена.
Апни си, јас понекогаш паштета ќе ближнам така со два теи залака или една филија лепче намачкана. Ретко купувам паштети оти нејќм и ќерка ми да јаде, па само малку или ќе ја поделиме. После имам киселини. Јади си шо ти душа сака, јас јадам преку цела бременост. Не е страшно нема да изедеш 10 кг. Јас покажувам и кажувам на тие шо ми се ептен блиски и знам дека се радуваат. За другите не знам уште, ќе видиме, здравје има време или за терминот кога ќе мњ прашат велам кога ќе се роди ќе се научите не се секирајте. Што е тоа ципа?? Јас возам и на долги релации, немам мака, ама тешко ми е седнуванје и излегување од кола. Поготово кога има друга кола паркирано до мојра и е тесно.
препони и јас возам на долги релации, но сега се двоумам со препониве.. ме фака страв која недрла си ти?