И јас го прашав мојот доктор дали треба да испитам Димери ми рече нема потреба, се е во ред собременоста. И јас засега нема да испитувам
Д-димери, АФА, хемостаза не испитуваат сите трудници. Состојбата на бремената жена се менува од месец во месец. Мене ми рекоа дека постелката ми е сон, ми ја испофали докторката, за веќе наредниот месец да ми каже дека имам 2 лакуни (згрутчувања на крв) Бев на трансфузиологија да проверам Д-димери (кои ми беа супер) но сепак излезе дека почнало згрутчување на крвта, па како превенција од тромбоза и предвремено породување трансфузиологот ми препиша терапија. Овие проблеми обично почнуваат на крајот на бременоста со самото зреење на постелката, но не се исклучок и жените со слични проблеми уште во раната бременост. Само редовни контроли на гинеколог, на ехо ќе се види проблемот па по препорака на гинекологот си ги правите испитувањата на трансфузиологија.
Ве читам за испитувањето на Д-димери. Јас кога бев последно на преглед мене докторката ми рече дека се е во ред, но дека треба да испитам Д-димери. И баш ми беше мисла реков зошто ми вика да испитам кога се е во ред, и пак си ја препрашав ми рече немој да се плашиш се е во ред, но чисто онака да си испиташ не е на одмет, а потоа и за скриен шеќер ќе се испиташ. Мислам дека секој гинеколог различно кажува и прави. Како и да е, сега за сега ние сме супер растеме фала му на Бога. Ако нешто не е во ред НЕ ДАЈ БОЖЕ, јас мислам дека мајката ќе осети. Имајте убав ден мешиња. Поздрав !
здраво месиња, сакам да прасам дали на некоја од вас му се слуци оваа јас до 16 недела многу повракјав и имав муцнина потоа престана малку поцнав нормално да јадам и сега пред три дена пак поцнав да повракјам и не мозам да јадам пак имам муцнина дали е нормално ова или треба да се гризам ? бас сега треба да имам повекје апетит јас сега пак сум како на поцетокот? поздрав
slimy нормално е! Јас првите 3-4 месеци повраќав секој ден, ама буквално секој. Потоа ми се случи неколку пати во шести, па сега пред неколку дена пак. Некои жени немаат никакви мачнини во текот на целата бременост, други пак од почеток до крај. Некои имаат повремено, а други само првите 3-4 месеци. Се е индивидуално, кај една мајка две различни бремености, различно се одвиваат. Се е тоа нормално, понатаму како мешето ќе расте така за желудникот ќе има се помалку простор, па доволно е еднаш да се прејадеш и да ти падне тешко. Ќе помине, во таквите денови јади почесто, но во помали колични. Гледај само да не го оставиш желудникот празен, зошто кога е празен е уште полошо. (Барем мене така ми е)
slimy пробај да пиеш чај од ginger, тоа е вид на корен а исто се користи и како зачин за готвене.Можеш да најдеш чај од џинџер,а најубаво е свеж.Вариш 2-3 тенки парчиња џинџер и со мед и лимон супер е.Многу помага за дигестивен систем,специјално се порачува во текот на бремениста,против повраќање,гадене,мигрени...ствадно е супер.Еве и јас сум во рана бременост и се сум со чајчево,стварно е супер мене многу ми годи,пробај и ке видиш,а и многу ме освежува има вкус на лимон...поздрав
И кај мене се е во ред буквално се па одам пак на сите прегледи и секој месец си правам крвна слика и урина си промерувам. Тоа е нормално да се проверува се за да се регулира навреме.
не сум по фалејнето ама ајде .. конечно ми стигнаа сликичките од черками па целата сум (((( иначе темава многу ми фали и полека си се одкажувам од фемина ))))
Многу ви благодарам девојки за советитие, ама јас тој чај од ѓумбир не можам никако да го пијам од него одма повраќам, мирисот не го поднесувам. Јас на почетокот повраќав по 4 пати на ден секој ден па сега има некои 5 недели малку престана ама сега пак почнува, особено кога јадам после веднаш ми се повраќа. Немам и апетит ништо не ми се јаде, јас мислев дека тој период остана зад мене ама изгледа пак се враќам на почеток. Поздрав и имајте убав ден
Здраво,мешиња,како сте?Јас последнава недела имам многу мачнини,а и немам апетит.Како да ги спречам мачнините,знаете ли,многу ми се гади,што и да пробам.
Овој период е најтежок за тебе се до 16 недела тогаш ќе се намалат ама којзнае кај мене тогаш престана еве сега пак имам мучнини и повраќам понекогаш. Ништо не помага, јас пиев бедоксин 3 пати на ден така ми рече гинекологот минерална вода и само бадеми и дуњи јадев.После ќе помине можеби или има некои трудници кои се до крај повраќат така ми рече мене тогаш докторот.Гледај да пиеш повеќе вода да не дехидрираш. Поздрав
Аилелеееее лепотица. Машала, машала да ви е здрава и жива. Прекрасна е. Ќе ни недостигаш тука на Фемина да знаеш. Но, имаш најубава причина поради која нема да бидеш често тука, а тоа е малата принцеза Анастасиа. Поздрав !
Од чајот од ѓумбир и јас имав само спротивен ефект, уште повеќе ми се гадеше. Пробајте со обични крекери штом ќе осетите дека почнува да ви се гади. Исто така и чаша ладно млеко ми помагаше, посебно зашто имав и многу киселини. Само млеко ме спасуваше.
Здраво 5та недела сум бремена. Имам болка во пределот на јајниците, не е константно. Како боцкање е. И кажав на докторката, ми даде Утрогестан 200 за поддршка на бременоста. Се надевам дека не е нешто страшно. Дали и некоја од вас имала ваква болка?
мешиња да ве прашам сабајле на гаките имав мала капка крв и само толку болки немам ништо проблеми се нормално ми тече бременоста, минатата недела бев на 4д се е во ред. утре како и да е ќе одам на преглед ама пишете мислење
wtff Не е ништо страшно и јас имав болки и мене ми даде др утрогестан и уште ги пијам Исто ми рече што можам повеќе да одморам, да не стојам на нозе
Душо ич не му ја мисли јас еве 12 та недела влегувам уште имам такво боцкање на моменти,нормално е тоа се шири матката и јас таква бев преплашена,ама искусни мајки ми кажаа дека се е тоа нормално додека не се претвори не дај боже во јака неиздржлива болка уживај си во бременоста многу брзо поминуваат неделите
Јас сум 6недела и 6 дена.Вчера сабајле ми се појави кафен исцедок, а немам никакви болки се чувствувам ок.Се мрднав од грижи.Се јавив кај матичниот гинеколог ми рече дека веројатно сум се преморила и дека сум претерала со нешто ми даде Утрогестан 2 пати по 200мг на ден и 2 пати магнезиум да пијам.Наредна недела сум на контрола па ми рече ако се влоши не дај боже да одам порано ако не да си терам со терапија. Има некој искуство со кафен исцедок?