А на пример општ лекар може ли да посетам, навистина не би сакала повторно кај матичната да одам, ќе ја менувам за една две недели, а сакам да се лечам на време...
@Miss.N 32 nedela sum 31+2 јас возам немам проблем, ама исто нонстоп мочам ми се случува да се иМочам и за 10 мин пак да ми се мочаа. И тоа не две три капки туку саалам мочање. Плус бебе кога удира кога прети исто морам пдма у вц. Према ударите сега шо ги осеќам сигурно е завртено, баш сега у четврток здравје ќе видиме на скринингот, едвај чекам.
Така и планирав да се јавам покасно. @mamaorhidea Јас како да наслушнав дека ќе се реновира нешто ординацијата ама од 22 нигде ги нема . Барем да објавеа нешто , ми требаа и некои резултати да прочитаат. Ќе пишам после кога ќе добијам некоја информација .
Е како 4д ве гледа? Јас кога ќе го прашам вика нема потреба да те зрачиме, се се гледа на обичното ехо, уствари така се земаат мерките. 4д било мода повеќе. Иначе и јас сум задоволна, темелен е човекот и се објаснува, трпелив е и најважно не те паничи за без потреба.
@VedaG10 јас последен пат бев на преглед на 26.11 работеа, ми закажаа да се јавам сега на 10.12 не ми спомнаа ништо, како и да е ако дознаеш пиши.
И јас да се надоврзам.. Он ме водеше и за првата бременост и сега.. а 4д првата бременост само еднаш ми пушти 1мин и толку.. ма да јас имам голема доверба во него и сум презадоволна пред се како човек а после како доктор. Не го мењавам за ништо
Здраво девојки,јас идам сега од преглед и сум исплашена многу.По ден на трансфер сум 32недела и 4 дена,а бебето е 32 недела,докторот рече дека мешето му е на граница,и дека тоа е зашто не се храни добро дали некоја имала вакво искуство,како се завршила накрај сета работа?
Имаш Gardnerella Vaginalis, a Chlamidia не Веројатно ке те покријат со антибиотик (Амоксиклав или сл )
Мила јас на твое место би си отишла и на второ мислење и би разговарала отворено со докторот што е најдобро за моето малечко.Ти посакувам успех до крај
ете ме исто јас две капки, по 5 мин пак трчам за во вц.. тука некаде сме и со неделите.. а препони не те болат?
@Kukle1 според тоа мене шо ми рекоа(не значи дека е исто и кај тебе) - сум имала калцификати на постелка, била презреана постелката и за тоа бебето не се хранело доволно. Мене ми рекоа ќе требало побрзо да биде пораѓајот (ова ми го открија некаде околу 35та недела). Јас, еве сум 38+4 и ми викаат рано е за пораѓај. Кога кажав за калцификатите, рекоа не е страшно(3ца доктори на ГАК) , имаш доволно плодова вода, бебе е добро. Е сега, не знам што ти кажале тебе, ама да, битно е како ќе кажат докторите. Или ако можеш иди на второ мислење или пак потпрашај го твојот доктор што значи сето тоа. Не значи дека ова што го пишав е исто со тебе, еве ако знае и некоја друга трудница ќе пише ако имала слично искуство. @lolipop2010 да, на ГАК, таму ќе се пораѓам
@Miss.N мене во средата ми рекоа кола возење никако а исто и патување со кола ептен ретко само неизбежните работи некој да ме однесе демек имало врска стегањето и работењето со нозете при возење со предвремено отварање а исто и клацкањето по дупките на патишта. Во врска со болки неможам да кажам точно кога што ме боли но има некој болки некогаш во препони некогаш како слаби болки во матката но секогаш за брзо време исчезнуваат со лежење на страна. Откако не одам на работа секој ден ми е година и само бројам денови да влезам во 9ти некако времето многу бавно минува
И јас уште возам во 37 недела. Ич не ми се вози, ама пешки не можам. Со бус не сакам, такси немам баш на лагер у населбава кај што живеам, а додека чекам некој да ме земе да ме однесе негде, отиде возот. Додуша само локално возам, во радиус од 2-3 км сега. За подалеку маж, татко нешто замарам
Дали се плаќа првиот скрининг кај матичната? Прочитав на еден портал дека скринингот не го покривал фондот...
Да јас првиот го правев кај матичната и платив. Со брисеви, крвна слика, урина, скрининг и приска околу 2000ден